КАФЕ ПАУЗА

Кој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин?

Кој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин?

Тоа што секоја земја има свои сликари кои се познати ширум светот не е ништо ново, но не секоја станала светски позната благодарение на стриповите. Дали некогаш сте летале во авион насликан со стрипови или уметнички дела од познати сликари? Ако одговорот е „да“, голема е веројатноста дека сте патувале со Brussel Airlines.rnrnКој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин? rnrnСекоја година дел од нивните авиони добива посебно „руво“. Досега патниците имаа можност да патуваат со авион насликан со Тинтин, авион со надреалистички мотиви на познатиот сликар Рене Магрит, авион со Штрумфови, како и авион со прикази од ренесансните слики на Брејгел.rnrnКој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин? rnrnСите тие се дел од серијалот „Икони на Белгија“ и морате да признаете дека ова е генијална идеја за туристичка промоција на земјата. Општопознато е дека Белгија го носи епитетот на „земјата на стрипот“: за време на Втората светска војна во Белгија се случила вистинска мала ренесанса на домашната стрип сцена.rnrnКој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин? rnrnДенес, меѓу најпознатите белгиски стрипови се вбројуваат Авантурите на Тинтин, Таличниот Том, Штрумфови и Астерикс, а нивните ликови можете да ги сретнете и по зградите и улиците на белгиските градови.rnrnОткако прочитавте за белгиските авиони, можеби ќе сакате да направите и една виртуелна прошетка низ најпознатите белгиски градови Брисел, Бриж и Гент.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr