КАФЕ ПАУЗА

Кинеските научници најдоа начин да го трансформираат бакарот во „злато“

Кинеските научници најдоа начин да го трансформираат бакарот во „злато“

Според легендите, алхемистите поминале многу време обидувајќи се да го претворат оловото во злато и да направат еликсир што ќе им даде вечен живот. Некои сметаат дека ова е само легенда, додека други веруваат дека методите се заштитени и сокриени од јавноста. Како и да е, изгледа дека оваа идеја конечно вродила со плод, само што наместо олово, како основен материјал се користел бакарот.rnrnКинеските научници најдоа начин да го трансформираат бакарот во „злато“rnrnГрупа научници од Кина од Институтот за хемиска физика Далиан објавиле истражување кое опишува како успеале да го претворат обичниот бакар во материјал „речиси идентичен“ со златото и среброто. Металот што научниците го добиле како резултат на нивните експерименти, можел да служи како катализатор на реакција произведувајќи алкохол од јаглен – нешто што го можат само благородните метали, како на пример златото.rnrnИстражувачите бомбардирале парче бакар со жежок и наелектрилизира гас од аргон. Поради процедурата, атомите се наелектризирале и нивните електрони станале погусти и постабилни, правејќи го материјалот поблизок до златото во смисла на отпорност на ерозија, оксидација и високи температури. Истражувачите истакнале дека новиот материјал направен од евтин бакар може да ги замени скапите злато и сребро во производството на електронски направи, кои пак бараат значително количество во овие супстанци.rnrnОвој материјал ќе биде многу полесен од обичното злато и нема да може да се користи за лажни парички и лажни златни плочки.rnrnДознајте нешто повеќе за „лудите“ научници кои станале дел од историјата, но не на начинот на кој би сакале.