Не сакате кога сладоледот ви се топи и слева низ рацете, па заради тоа избегнувате корнети, а можеби пак мислите дека тоа е единствениот начин на кој треба да се јаде овој десерт? Секој од нас има свој омилен начин на кој го јаде сладоледот, па така некои не можат да замислат ништо друго освен корнет, додека на други чашата и лажичката им се вистинскиот избор.rnrn
rnrnТокму начинот на кој уживате во омилениот летен десерт открива многу за вас, но и за вашите пријатели. Па, кој е вашиот омилен начин за уживање во сладоледот?rn
1. Во корнет
rn
rnrnВие сте личност која ги сака правилата и тешко ви е да живеете поразлично. Според вашето мислење сладоледот не би требало да се јаде поинаку и знаете да им се чудите на другите кога не го јадат на тој начин.rn
2. Во чаша
rn
rnrnЗа вас може да се каже дека сте внимателни во животот, но и многу практични. Луѓето со задоволство ве прашуваат за совет, бидејќи знаат дека не сте слаткоречиви и дека ќе им ја кажете вистината без разлика колку е таа болна. Вам ве нервира сладоледот во корнет бидејќи тече насекаде, капе по облеката…rn
3. Во сад од вафла
rn
rnrnНе ви е грижа што мислат другите и постојано сте во центарот на вниманието, малку сте поразлични од останатите и имате држење како филмска ѕвезда. Знаете дека садот направен од вафла не ви е потребен за да го изедете сладоледот, но вие го сакате токму таков.rn
4. Помеѓу бисквити, како сендвич
rn
rnrnВие сакате да уживате и да се надградувате себеси. Кога ќе се почестите со сладолед, не сакате тоа да биде нешто обично, туку нешто величествено за вашето непце. Може да се каже дека многу ги сакате колачите, но и сладоледот, а во ваквата варијанта одеднаш го добивате и едното и другото.rn
5. Во корнет, но со лажичка
rn
rnrnЗа вас може да се каже дека сакате да им угодувате на другите. Некако сакате со корнетот да се вклопите во масата, но длабоко во себе копнеете за практичност. Да го изедете сладоледот на вака за вас е најлесниот начин.rn
6. Скоро растопен
rn
rnrnСакате предизвици и уживање, а за вас предизвик претставува и тоа како да го изедете сладоледот доволно брзо додека целиот не се растопи, а повторно да не брзате. Освен тоа, омекнатиот сладолед е навистина вкусен.rnrnТврдите дека сте вистински љубители на ова летно освежување? Тогаш дознајте нешто повеќе за него и погледнете неколку интересни факти за сладоледот коишто можеби не сте ги знаеле.