КАФЕ ПАУЗА

Како изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади!

Како изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади!

Не е тајна дека денешните овошја и зеленчуци изгледаат многу различно од нивните предци. Низ годините направени се многу напори за да се подобри нивниот изглед и вкус. Па така, денес можеме да уживаме во плодовите многу повеќе одошто можеме да замислиме дека уживале луѓето години, години пред нас. Погледнете ја оваа листа на овошја и зеленчуци кои драстично се промениле до денес.rn

Лубеница

rnКако изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади! (лубеница некогаш и денес)rnrnСликата на Џовани Станчи од 17-иот век покажува вид лубеница каква што не може да се види во денешно време. Со расплодување, научниците успеале да ги модифицираат малите лубеници со многу бела внатрешност во големи полни црвени верзии какви што имаме денес.rn

Банана

rnКако изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади! (банана некогаш и денес)rnrnЛуѓето во Папуа Нова Гвинеја и Југоисточна Азија уживале во вкусот на бананите уште пред 10.000 години. Како и да е, бананите се култивирани пред само 7.000 години, а нивните изглед и вкус многу се разликуваат од модерните верзии. Денешните банани се хибрид од два вида со кои изгледот и вкусот на бананата значително се подобриле.rn

Модар патлиџан

rnКако изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади! (модар патлиџан некогаш и денес)rnrnПрвите модри патлиџани биле одгледувани во Кина и многу се разликувале од денешните. Всушност, тие воопшто не биле модри. Нивната боја варирала од жолта до светлосина, биле многу помали и боцкави. Потребно било многу време за да станат долгнавести и вкусни.rn

Праска

rnКако изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади! (праска некогаш и денес)rnrnИ праските изгледале сосема различно порано. Повеќе наликувале на цреши отколку на големи сочни овошја на какви што сме навикнати денес. Првпат се спомнуваат во Кина во 4.000 год. пред н.е. и оттогаш очигледно се многу променети.rn

Краставица

rnКако изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади! (краставица некогаш и денес)rnrnПоранешните краставици биле боцкави и со многу семки. Но, она што е многу важно за нив е дека биле отровни. Биле култивирани за да се користат за терапевтски цели, а како храна првпат се употребени во Индија пред повеќе од 6.000 години.rn

Авокадо

rnКако изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади! (авокадо некогаш и денес)rnrnОва овошје почнало да се одгледува во третиот милениум пред нашата ера. Ацтеките го нарекувале шумско масло и првично ги користеле само семките кои ги толчеле, мешале со пепелница и ги употребувале за медицински цели. Тогашното авокадо имало семка која зафаќала 80% од неговиот плод.rn

Домат

rnКако изгледале овошјето и зеленчукот во минатото? Бананата сосема ќе ве изненади! (домат некогаш и денес)rnrnПрвите домати изгледале како мали и темни бобинки. Потекнувале од Јужна Америка, додека во Европа се верувало дека биле отровни и многу долго време се одгледувале само како украсни растенија.rnrnПогледнете ги и овие 20 ретки егзотични овошја за кои сигурно немате слушнато.