Фотографот Паскал Манаертс во ноември 2014 година патувал во Дака за да го истражува местото Хазарибаг каде што се сместени многу фабрики за кожа. Покрај тоа, тоа се смета и за еден од најзагадените региони во Дака, па воопшто и во светот. По трагичниот пад на зградата Рана Плаза (каде што се шиела евтина облека за западни брендови), во 2013 година кога настрадале 1.129 луѓе, Паскал одлучил и самиот да се увери со што секојдневно се среќаваат работниците во фабриките и колкава е нивната изложеност на опасност.rnrn
rnrnИмено, Хазарибаг има повеќе од 185.000 жители и претставува регион во Дака, главниот град на Бангладеш, кој истовремено е и една од најсиромашните земји во светот.rnrn
rnrnФабриките за кожа се главниот извор за работа на населението, а овде вработените често се платени и помалку од два долари на ден.rnrn
rnrnОвде не работат само возрасните, туку и децата поминуваат неколку часа на ден.rnrn
rnrnОва е против Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето, каде што се наведува дека Владата мора да ги заштитува децата под 18 години од економска експлоатација и работа која е опасна или може да им наштети на нивното здравје и развој.rnrn
rnrnФотографот Манаерт истакнува дека речиси сите работници работат без никаква заштита на рацете, дури и кога ракуваат со опасни хемикалии. Тука работодавачите не нудат ракавици или каква било заштитна опрема.rnrn
rnrnСекојдневно се фрла многу отпад од страна на фабриките затоа што користат застарени методи на производство.rnrn
rnrnМногу болести не се третираат поради трошоците кои се потребни за лекување, а платите се многу ниски.rnrn
rnrnРаботниците и нивните семејства често живеат во мали соби кои се наоѓаат крај фабриките. Покрај сѐ, тие се обидуваат да останат насмеани.rnrn
rnrnЖените овде имаат работа да го чистат и класифицираат пластичниот отпад од реката во замена за многу малку пари.rnrn
rnrnЛетните температури во Бангладеш се движат од 30 до 40 степени Целзиусови, па можете да замислите какви услови за работа имаат овие жители.rnrn
rnrnВладата во Бангладеш сѐ уште не го признава правото на здравство на работниците и покрај меѓународниот закон кој бара од нив да преземат разумни чекори за здравјето на граѓаните кои се наоѓаат на нејзината територија.rnrn
Како изгледа животот во еден од најзагадените градови во светот?
