Причината за над 50% од повторливите спонтани абортуси останува неодредена, па паровите често остануваат само со прашања. Но едно ново истражување од Кралскиот Колеџ во Лондон тврди дека постои сокриен фактор кој со децении бил занемаруван.rnrn
rnrnСпоред истражувањето, квалитетот на спермата можеби има улога во повторливите спонтани абортуси, со тоа спротивставувајќи му се на тврдењето дека проблемот е воглавно кај жените.rnrnПовторливите спонтани абортуси се случуваат кај 1 во 50 парови во Велика Британија и се дефинирани како 3 спонтани абортуси пред 20-та гестациска недела. Обично не се прегледуваат машките партнери бидејќи воглавно се мисли дека проблемот е со здравјето на жената.rnrnОва истражување дало многу докази кои укажуваат дека здравјето на спермата го одредува здравјето на бременоста. Некои претходни истражувања покажале дека спермата има важна улога во формирањето на плацентата.rnrnАнализирајќи примероци од 50 мажи чии партнерки страдале од повторливи спонтани абортуси и 60 мажи чии партнерки го немале овој проблем, истражувачите нашле врска помеѓу абортусите и здравјето на спермата. Сè уште не е јасен механизмот зад ова, но се покажало дека спермата на оние мажи чии партнерки имале спонтани абортуси имала 2 пати повеќе оштетување на нејзината ДНК.rnrnКако и обично, потребно е дополнително истражување за овие откритија, но благодарение на овие резултати научниците се надеваат дека ќе им помогнат на паровите кои не можат да имаат деца.rnrnНа медицината ѝ било потребно долго време да сфати дека здравјето на спермата има улога во спонтаните абортуси и дека проблемот не е само кај жената. Сега се знае дека и двајцата партнери придонесуваат за повторливите спонтани абортуси, па најверојатно ќе се најде и решение за овој проблем.rnrnПогледнете и кои се митовите за спонтаните абортуси во кои треба да престанете да верувате.
Истражување: Повторливите спонтани абортуси се можеби предизвикани од целосно занемарен фактор
