Иако сигурно отсекогаш сте претпоставувале дека најмалото дете во семејството е и најомиленото, сега има научна потврда за ова мислење. Според најновите истражувања, најмалото дете најчесто им е омилено на родителите. Од некои непознати причини, врската помеѓу родителите и најмалото дете е посилна. За да го докажат ова тврдење, истражувачите испитувале 300 семејства и им поставувале различни прашања на децата, но и на родителите.rnrn
rnrnПрашањата се однесувале на нивото на фаворизирање. Родителите требале да откријат колку конфликти и колку пријатни моменти доживеале со нивните деца, а најстарите деца од секое семејство требале да го опишат нивниот однос со родителите.rnrnИстражувачите откриле дека на родителите им било тешко да им кажат „Не“ на најмалите деца. Тоа значи дека најмалото дете секогаш добивало посебен третман, што сигурно сте го забележале доколку сте средно или најстаро дете.rnrnПомалите деца секогаш се огледуваат на сите што се постари од нив, додека, пак, средните деца се огледуваат само на најстарите. Тоа објаснува зошто сите ги чуваат и заштитуваат најмалите членови во семејството.rnrnДали сте пораснале во семејство со многу браќа и сестри? Кое дете било миленикот на вашите родители?rnrnДали сте знаеле дека може да откриете каков ви е карактерот според тоа кое дете сте по ред во семејството?
Истражувањата откриваат: Најмалото дете во семејството им е омилено на родителите
