КАФЕ ПАУЗА

Говорот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден збор

Постојат неколку начини на кои можете да го привлечете и задржите вниманието на соговорникот, а притоа да не изговорите ниту еден збор. Говорот на телото е клучен во овие моменти доколку сакате да ја постигнете вашата цел. Погледнете ги следниве 7 начини на кои можете да го сторите тоа.rnrnГоворот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден зборrn

1. Насмевка која разоружува

rnНемојте вештачки да се смеете кога ќе се сретнете со некого, а потоа да направите таа насмевка да исчезне со брзината на светлината. Наместо тоа, застанете на момент, погледнете го соговорникот во очи и дозволете ѝ на големата и топла насмевка да ги преплави вашите усни, а потоа и очите бидејќи тие најискрено се смеат. Иако оваа насмевка нема да се појави во истата секунда кога ќе погледнете некој, сепак обидувајте се да бидете што поискрени со цел да го збогатите односот со оваа личност, како и да го смените начинот на кој другите ве доживуваат.rn

2. Долг поглед

rnЗамислете дека вашите очи се залепени за оние на соговорникот со некое невидливо лепило. Дури и да сте завршиле со разговорот, не го тргајте одма вашиот поглед. Добра техника е да го задржите погледот доволно долго за да можете да ја видите бојата на очите на вашиот соговорник. Овој податок сигурно нема да го запомните, но сепак може да ви биде добра формула за времето кое е потребно да го задржите вашиот поглед.rn

3. Поглед кој поврзува

rnКога сте во поголема група луѓе, вие треба да гледате во онаа личност за која сте заинтересирани, без разлика кој говори. На тој начин му/ѝ покажувате дека сте навистина заинтересирани за неговата/нејзината реакција. Но, сепак внимавајте да не претерате за да не направите на оваа личност да ѝ биде непријатно. Најпрво гледајте во оној кој говори, а потоа насочете го вашиот поглед кон „метата“ со цел да ги забележите неговите или нејзините реакции.rn

4. Бебешко внимание

rnЛуѓето се многу свесни за вашите реакции на нив. Кога ќе запознаете нова личност, ако сакате да ѝ се допаднете, свртете го телото целосно кон неа и дајте ѝ го вашето неподелено внимание, исто како што би постапиле со мало бебе. Можеби ќе ви делува чудно, но обидете се. Не постои човек кој не обожава внимание.rn

5. Смиреност

rnАко сакате да покажете кредибилитет, обидете се да не покажувате нервоза во движењата, дури и ако станува збор за разговор кој ви е многу важен. Не ги движете премногу прстите и не си играјте со вашата коса, бидејќи на тој начин вашиот соговорник може да помисли дека лажете, дека сте премногу нервозни или пак, дека нешто криете.rn

6. Смејте се со целото срце

rnКога се смеете покажувајќи ги своите заби, тогаш вие се смеете од срце. Секој мускул, како на лицето, така и на телото, покрај оваа насмевка се истегнува во совршената позиција – главата ја држите високо, рамената повлечени наназад, стоите исправено и зрачите со самодоверба. Во суштина, не постои ништо поубаво од насмеано лице.rn

7. Со секоја нова личност поздравувајте се како да ви е стар пријател

rnКога за прв пат ќе се сретнете со нова личност, вие замислете дека се сретнувате со пријател кој одамна не сте го виделе. Размислувањето на овој начин ќе направи вашето тело несвесно да покажува наклонетост кон оваа личност. Исто така имајте на ум дека секогаш се враќа она кое го давате – почитта бара почит, а допаѓањето скоро и да нема смисла ако не е обострано.