Живееме во свет полн со чуда, но понекогаш забораваме на ова. Сите сме премногу зафатени и воопшто не обрнуваме внимание на нештата околу нас. Изгледа дека секое нешто што секојдневно го гледаме крие по некоја тајна, а фотографиите во продолжение го докажуваат токму тоа.rn
1. Срце исчистено од крв
rn
rnrnВака изгледа човечкото срце исчистено од сите клетки на донаторот. По чистењето, срцето е подготвено да се инјектира со матични клетки од новиот сопственик.rn
2. Големите глави од Велигденските Острови имаат и тело
rn
rnrnДревните и мистериозни глави од Велигденските Острови се изрезбани од камен помеѓу 1100-та и 1500-та година. Нивното традиционално име е „моаи“, но на повеќето луѓе им се познати како големи глави. Поради ова, многумина се изненадени кога ќе дознаат дека скулптурите имаат и тело. Има околу 150 статуи закопани до рамената.rn
3. Како изгледа бебе фламинго
rn
rnrnОвие бушави нешта се бебиња фламинго. Малечките на овој вид птици се хранат со светло црвено млеко направено од нивните родители. Како што растат, почнуваат да се развиваат нивните карактеристични розови пердуви. Возрасните фламинга се храната со црвени и сино-зелени алги кои се полни со каротен – органска хемикалија со црвенкасто-портокалов пигмент. Дигестивниот систем на фламингата го одделува пигментот и го претвора во масти. Овие масти завршуваат во пердувите и се причина за розовата трансформација.rn
4. Зрна сол под електронски микроскоп
rn
rnrnКристалите на солта имаат форма на коцка, а некои од нив изгледаат како повеќе споени коцки. Ова јонско соединение е составено од атоми на натриум и хлорид, а кога овие молекули ќе се соединат за да формираат кристал, најчесто се подредуваат во форма на коцка.rn
5. Огромни кристали од мраз во Швајцарија
rn
rnrnКристалите од мраз можат да имаат разна форма и големина и се наоѓаат на студените места на планетата. Во отсуство на супер изладена течна вода, растењето на кристалите мраз најверојатно е предизвикано од таложењето на помали кристали.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
