Дознајте кои се 10-те најопасни води во светот

Сподели

Повеќето луѓе не можат да си го замислат одморот без водна површина во близина, без разлика дали станува збор за езеро или море. Но, постојат некои води на нашата планета што можат да бидат смртоносни за луѓето кои ќе решат да се бањаат во нив. Треба да знаете кои се тие места на Земјата чија убавина е само за гледање од далечно растојание. Погледнете кои се 10-те најопасни води во светот…rn

Реклама

1. Големата сина дупка, Белизе

rnПлимите ја претвораат Големата сина дупка во огромен вртлог кој вовлекува сѐ што има на површината, додека осеките предизвикуваат да прска огромни количини на вода. И покрај ова, сѐ уште има луѓе кои сакаат да ја видат дупката бидејќи важи за едно од најдобрите места за нуркање на Земјата.rn

2. Бунарот на Јаков, Тексас, САД

rnОвој природен бунар, длабок 9 метри со кристално чисти води е едно од најопасните места за нуркање во светот. На дното од бунарот има неколку влезови до широка мрежа на пештери од кои многумина не можат да излезат.rn

3. Езерото Мичиген, САД

rnЕзерото Мичиген е речиси исто толку озлогласено како Бермудскиот триаголник, бидејќи токму над ова езеро се случила една од најужасните авионски несреќи во Северна Америка без никаква логична причина. Ако ги тргнеме мистериите настрана, езерото е навистина опасно поради неговите ненадејни струи кои според некои извори одземаат по 30-тина животи годишно.rn

4. Езерото Натрон, Танзанија

rn Кора од сол на површината на Натрон

Сателитски поглед на Натрон

Езерото Натрон е едно од најсолените и најалкалните езера на Земјата покриено со солена кора која понекогаш е црвена. Температурата на водата достигнува 50 степени Целзиусови на одредени места, што го прави речиси непогодно за живот. Само три вида риби живеат тука и тие успеваат да се прилагодат на екстремните услови.rn

5. Сина дупка, Дахаб

rn Меморијален ѕид на Сината дупка

Сината дупка се смета за најопасното место за нуркање во светот, бидејќи многу нуркачи умреле во нејзината пештера на 120 метри длабочина. Искусните нуркачи велат дека луѓето кои поминале соодветен тренинг и имаат искуство можат да нуркаат без страв. Причината за смрт обично е труење со азот или недостаток на воздух при испливувањето.

Продолжете на следната страница за останатите опасни водни површини…

Популарно

Може ќе ве интересира