Сировото месо и останатите сирови намирници може да бидат извор на опасни бактерии како салмонела и ешерихија коли. Ако тоа остане заробено во даската за сечење можете да имате потенцијални зарази, па затоа е многу важно да ја миете како што е потребно.rnrn
rnrnАко ја миете само со вода и детергент за садови после нејзиното користење, немојте да го правите тоа повеќе. Остатоците од сировото месо може да останат заробени во површината на даската за сечење, па во тој случај е потребно да направите нешто повеќе. Сировото месо може да задржува бројни бактерии.rnrnСе препорачува најпрво да ја измиете даската со топла вода и детергент, па потоа да ја потопите во избелувач. Тој ќе ја стерилизира даската и ќе ги уништи бактериите. За да ги заштитите рацете, секако ставете гумени ракавици. Другата опција е после миењето со детергент за садови да ја ставите даската во машина за перење садови и да ја измиете на највисоката температура.rnrn
rnrnСе препорачува месото да го сечете на пластични даски, никако на дрвени, бидејќи тие се одлепуваат на високи температури и така пропаѓаат. Освен тоа, сировото месо многу полесно може да се заглави во пукнатините на дрвото, заради кои потешко се вади и мие, па ризикот од инфекции е секогаш присутен.rnrnИдеално е да имате пластични даски за месо, а дрвени за зеленчук. Ќе си го олесните животот и доколку имате голема дрвена даска само за послужување. На неа немојте да сечкате ништо, туку само послужувајте храна. Ќе изгледа доста ефективно, а вие ќе го имате и едното и другото.rnrn
rnrnДодека сме во кујната, погледнете ги овие креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да се најдат во вашата кујна.
Даската за сечење никогаш, ама баш никогаш, не треба да ја миете само со вода!
