Сигурни сме дека вашата листа со работи од соништата изгледа отприлика вака: тестер на вкусови за сладолед, сирена, гушкач на кутриња… Во право сме? Имајќи го тоа на ум, што ако ви кажеме дека еден бар и ресторан од Тексас, наречен „MUTTS Canine Cantina“, во моментов бара луѓе што за 100 долари на час ќе си играат со кутриња? Сигурни сме дека веднаш ќе аплицирате…rnrn
rnrnАпликациите се отворени и иако станува збор за практикантска позиција, сепак и платата и работните обврски се едноставно неверојатни. Па, што ќе се очекува од вас како практикант во текот на денот? Вие треба да шетате низ парковите за мали и големи кучиња во ресторанот, да си играте со нив, и да разговарате со нивните сопственици. Вие исто така би добиле и бесплатен оброк, како и бесплатни пијалаци во текот на вашата смена.rnrnНа кратко, за 100 долари на час, вие ќе одите во ресторан, ќе си играте со кучиња и ќе јадете добра храна. Звучи неверојатно, се согласувате?rnrnАко сте заинтересирани, заследете го официјалниот Инстаграм профил на ресторанот, а потоа објавете забавна фотографија или интересно видео на вашиот профил, каде што ќе објасните зошто токму вие би биле најдобриот избор за оваа позиција. Погрижете се профилот да ви биде јавен, бидејќи во спротивно тие нема да можат да ја видат вашата објава. Исто така треба да ги тагнете @muttscantina и да го искористите хаштагот #MUTTSpuptern во самата објава.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnИако ресторанот се наоѓа во Тексас, којзнае, можеби токму вие ќе ги освоите и ќе ја добиете оваа работа од соништата. Со среќа!rnrnА ако ви се оди на океан, погледнете ја и оваа работна понуда: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книги.