Петунијата позната како „ноќно небо“ е виолетов цвет кој изгледа како прозорец кон универзумот. Овие цветови имаат бели точки што наликуваат на ѕвездите од ведрото ноќно небо.rnrn
rnrnБелите точки се појавуваат како резултат на големата разлика помеѓу дневната и ноќната температура. За цветовите постојано да ги имаат овие светкави точки, потребно е во текот на денот да бидат на топло место, а во текот на ноќта на навистина студено место. Белите точки ќе стануваат сè поизразени, и цветовите со текот на времето ќе станат целосно бели.rnrn
rnrnОвој вид петунија најчесто цвета во пролет и во лето. Нивната уникатност ги прави навистина популарни, и покрај упорноста која е потребна за да се создадат точките.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rn
Цветови кои имаат цел универзум на нивните листови
