КАФЕ ПАУЗА

Човекот кој живее без пари

Човекот кој живее без пари

Даниел Суело уште во 2000-та година се откажал од парите и заминал да живее во хармонија со природата. Времето го поминува во својот дом во една пештера во пустината Моаб во Јута, но само додека не патува по целата земја. Тој смета дека парите се илузија која што никому не му е потребна, а животот е најубав кога се користи само она што природата бесплатно ни го дава.rnrnЧовекот кој живее без париrnrnВаквиот поглед на светот го стекнал додека волонтирал како лекар во Еквадор, каде што гледал како селаните постепено се богатат од земјоделството за потоа да купуваат работи кои не им се потребни, што според Даниел го влошило нивното здравје.rn
rn

„Кога живеев со пари, постојано ми фалеше нешто. Парите претставуваат некаков недостиг. Или претставуваат нешто од минатото (долг) или од иднината (кредит), но никогаш не претставуваат нешто од сегашноста“, објаснува Даниел.

rnrnЧовекот кој живее без париЧовекот кој живее без париrnrnСуело се храни само со она што може да го добие бесплатно: собира шумски плодови кои растат во пустината и ги собира прегазените животни по патиштата. И покрај тоа што живее во пештера, тој сепак не е целосно изолиран од цивилизацијата. Често ја посетува библиотеката во гратчето Моаб од каде што редовно го ажурира својот блог.rnrn


rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.