КАФЕ ПАУЗА

Часот на раѓање влијае на вашиот карактер

Часот на раѓање влијае на вашиот карактер

Секој час во денот има своја астролошка фреквенција која ја диктира енергијата на луѓето. Па токму затоа, часот во кој сте родени може да каже многу за вашиот карактер.rnrnЧасот на раѓање влијае на вашиот карактер rn

Денот е поделен во шест главни периоди

rnДенот е поделен во шест временски единици, периоди кои ја диктираат биоенергијата на луѓето како и нивните карактеристики. Секој од овие периоди го диктира човечкиот карактер со влијание од движењето на планетите.rnrnПрвиот период е од полноќ до 4 часот наутро, вториот е од 4 до 8 часот, третиот е од 8 до 12 часот на пладне, четвртиот од пладне до 16 часот, петтиот 16 до 20 часот и шестиот од 20 часот до полноќ.rn

Доцна навечер се раѓаат сонувачи

rnЛуѓето родени во првиот период, од полноќ до 4 часот наутро, се сонувачи и ги краси голема фантазија и чувствителност. Понекогаш имаат проблем да се соочат со стварноста и се многу верни на своите идеали кои од раното детство не ги менуваат. Често се двоумат за своите цели, поради што стануваат немирни. Сакаат да го пренесуваат своето знаење и своите искуствата на другите околу себе.rn

Ранобудниците се најупорни

rnЛуѓето родени помеѓу 4 и 8 часот наутро се упорни во сѐ што прават. Тие се вистински животни практичари и тешко е да ги изненадите, бидејќи делуваат како да се однапред спремни за сите тешкотии во животот. Голема желба им е да го направат она за што другите сонуваат и во тоа вложуваат голем труд. Најчесто се многу интелигентни, но тоа не им носи некоја голема материјална корист.rn

Претпладне се раѓаат оптимисти и филозофи

rnЛуѓето родени помеѓу 8 часот наутро и пладне со своето присуство ги развеселуваат сите околу себе. Тие се амбициозни и големи им се шансите за успех во полето на работата, а во приватниот живот се оптимисти и спиритуални. Сакаат да филозофираат за смислата на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти.rn

Попладне се раѓаат енергични и креативни луѓе

rnПосле пладне се раѓаат луѓе со жив дух, љубопитни по природа и со многу енергија. Создадени се за да бидат учители, математичари и големи говорници. Во односите со другите се склони кон создавање конфликти, а животот без повремени драми би им бил досаден.rn

Приквечер се раѓаат трагачи

rnЛуѓето родени помеѓу 16 и 20 часот ги краси немирен дух, кој стално ги води во непредвидливи ситуации и кон нови предизвици. Тие се социјални бунтовници, а нивната енергија е вистински дар. Сепак, последицата од ова може да биде и склоност кон непријатности и нервози. Иако сè прават набрзина, тие секогаш имаат план, па не треба да се грижите за нивната иднина.rn

Луѓето родени навечер се полни со самодоверба

rnЛуѓето родени помеѓу 20 часот и полноќ по природа се лидери, а нивниот доминантен дух брзо ги освојува сите. Полни се со самодоверба и тешко е некој да ги поколеба. Најмногу патат кога некој ќе им го повреди егото. Специфични се по тоа што им е потребно одредено време во денот да поминат сами, за да си ги избистрат мислите и да соберат енергија за дружење со останатите околу нив.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.