КАФЕ ПАУЗА

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

rn

Амстердам, Холандија

rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnМногумина се одлучуваат да го посетат Амстердам за да го искусат начинот на живот кој овде не е дозволен, но треба да се спомне дека, иако понекогаш поради големиот број на посетители може да биде малку нечист, сепак станува збор за еден од еколошки најсвесните градови чие население насекаде се движи со велосипеди, наместо со автомобили.rn

Венеција, Италија

rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnПознато е дека Италија вреди да се прошета цела, бидејќи покрај Венеција, тука се и Рим, Верона, Милано, Фиренца и уште многу други места кои воодушевуваат со својата мистичност. Венеција е град кој е скоро целосно ослободен од моторниот сообраќај, а возењето со гондола долж познатите тесни канали е нешто што треба да се доживее за да се опише.rn

Барселона, Шпанија

rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnБарселона се вбројува во првите 5 најдобри дестинации на листите за љубителите на трансконтиненталните и светските патувања. Градот изобилува со одлична архитектура, посебно градбите кои ги дизајнирал Антонио Гауди, но и прекрасни песочни плажи на кои можете да шетате или да се излежувате цел ден и да уживате во освежувачкиот мирис на морето.rn

Прага, Чешка

rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnГлавниот и најголем град на Чешка ќе ве воодушеви со својот „старски“ и старомоден дух. Ова е еден од најпосетените градови во Европа и се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Прага е позната и како „златниот град“ поради бројните мостови, катедрали и златни кули.rn

Будимпешта, Унгарија

rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnБудимпешта се смета за кралицата на Дунав. Најпозната е по своите прекрасни мостови и специфичната градска архитектура која датира од периодот на античкиот Рим. Покрај тоа, современите градби воодушевуваат и меѓу нив се издвојува Палатата на уметноста.rnrnСе разбира, тука не е крајот. Постојат уште толку неверојатни дестинации низ светот кои само чекаат да бидат откриени и истражени, па спакувајте ги куферите, обезбедете ги сите потребни средства и доколку сте во можност тргнете на една незаборавна патувачка авантура бидејќи вие тоа и го заслужувате.