Вашиот прв дневник сигурно бил преполн со тајни и мисли што сте сакале да си ги чувате за себе (сите знаеме дека читањето туѓ дневник е најстрого забрането). Вие сте имале и пенкала во различни бои што го претставуваа вашето моментално расположение, или пак со кои сте ги декорирале сите страници, правејќи го целиот дневник колоритен и забавен. Не постоеле правила за него, бидејќи тој бил вашиот безбеден простор. И најверојатно сè уште е… Па, ако сакате да се потсетите на оваа далечна ера од вашиот живот, погледнете ги следниве точки за кои сите девојки од 90-тите (вклучувајќи ве и вас) пишуваа во своите дневници.rnrn
rn
1. Желби за патување
rnСигурно сте имале цела листа од туристички дестинации што сте сакале да ги посетите, бидејќи планот ви бил едно по едно да ги прецртувате. Можеби тогаш немало Инстаграм за да ве инспирира, но вие многу добро знаевте каде сакате да патувате.rnrn
rn
2. Детали за симпатијата
rnТолку детално сте го опишувале дури и најобичното „Здраво“, што сега имате доволно материјал и цел филм да снимите само од таа една 2-секундна средба. Да не заборавиме и на срцата околу името на симпатијата или на вашето име „извезено“ во комбинација со неговото презиме.rnrn
rn
3. Аспирации и надежи за иднината
rnВашите соништа не треба да постојат само меѓу вас и вашата перница. Затоа и сте ги запишувале, носејќи се себеси еден чекор понапред до нивното остварување. Се сеќавате на вашите планови за иднината? Дали успеавте досега да ги остварите?rnrn
rn
4. Листа од нешта за коишто сте благодарни
rnБлагодарноста ви помага да останете скромни. Кога сте биле млади, вие лесно сте можеле да ги пропуштите нештата за коишто треба да бидете благодарни и среќни што ги имате, па оваа листа редовно ви помагала да се потсетите.rnrn
rn
5. Жалби за лошиот ден
rnЛошите денови им се случуваат на сите, па наместо да се затворите во соба и да не излезете цел ден, вие сте се „истурале“ на дневникот и потоа сте се чувствувале како сосема нова личност. Нема подобар начин за ослободување од фрустрациите од нивното запишување.rnrn
rn
6. Сон што еден ден треба да стане реалност
rnСите сме се нашле во оваа ситуација – толку живописно сме си го замислиле остварувањето на нашиот најголем сон, што сигурни сме биле дека кога-тогаш ќе успееме. За некои овој сон бил да порасне, за друг да отиде на месечината, за трет – да најде љубов… Кој беше вашиот сон?rnrn
rn
7. Дневен хороскоп
rnИако популарноста на астрологијата не се намалува (можеби дури и постојано се зголемува), сепак девојките од 90-тите беа познати по нивните желби да ја откријат иднината преку хороскопот, гледањето на кафе, таротот… И сите овие искуства се запишани во нивните дневници.rnrn
rn
8. Моќни цитати што треба да се запомнат
rnБез Интернет, каде што се наоѓаат сите инспиративни цитати некогаш смислени, многу било потешко да ги пронајдете оние што резонираат со вас и што дури би можеле да ви служат и како совети. Затоа во вашиот дневник имало посебен дел само за моќните цитати!rnrn
rn
9. Рецепти од мајка ви
rnТајните рецепти што вашата мајка ги споделила со вас се уредно запишани во вашиот дневник и чекаат момент за и вие самите да ги споделите со вашата ќерка. Делот со рецепти ви е можеби и еден од омилените, затоа што никој не готви толку добро како вашата мајка!rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 25 нешта од 90-тите години за кои секоја девојка сонуваше!