КАФЕ ПАУЗА

9 фрази кои паметните луѓе НИКОГАШ не ги користат во конверзација!

Сите ние понекогаш кажуваме работи кои луѓето ги сфаќаат на погрешен начин. Токму тие, наизглед безначајни коментари, подоцна водат до ужасно чувство на вина и товар кој го носиме со денови. Затоа е многу важно да го прилагодите вашиот речник и погрешните фрази да ги замените со нови – а тоа сигурно ќе го подобри вашиот однос со другите. Ви предлагаме неколку фрази кои паметните луѓе секогаш се обидуваат да ги избегнат.rnrn1-9-frazi-koi-pametnite-lue-nikoga-ne-gi-koristat-vo-konverzacija-www.kafepauza. mk_rn

1. „Изгледаш уморно.“

rnУморните луѓе се ужасно непривлечни – тие имаат подочници и неуредна коса, проблем со концентрацијата и делуваат намќоресто. Да му кажете на некого дека изгледа уморно, ги подразбира сите горенаведени карактеристики.rn

2. „Неверојатно е колку си ослабел/а.“

rnОвој коментар честопати луѓето не го доживуваат како комплимент – туку како критика. Да му кажете на некого колку многу килограми изгубил, сугерира на тоа дека тој некогаш изгледал дебело и непривлечно.rn

3. „Секако беше предобар/ра за нејзе/него.“

rnКога некој ја раскинува врската со некоја личност, без разлика дали е љубовна или професионална, овој коментар имплицира дека тој има лош вкус или дека прави погрешни избори.rn

4. „Ти сè уште…“ или „Ти некогаш…“

rnНикој никогаш не прави иста работа (или грешки) одново и одново. Па, кога вие го изговарате ова, на некој начин ја осудувате другата личност. Овие фрази ги прават луѓето дефанзивни и влијаат лошо на комуникацијата и одржувањето на хармонични односи.rn

5. „Изгледаш добро за своите години.“

rnОвој коментар е навредлив и пред сè непристоен. Никој не сака да биде совршен и сите се свесни за своите маани – особено кога се во прашање годините и стареењето, но овој коментар (иако понекогаш не е злонамерен) е голема навреда за поголемиот дел од луѓето.rnrn2-9-frazi-koi-pametnite-lue-nikoga-ne-gi-koristat-vo-konverzacija-www.kafepauza. mk_rn

6. „Како што кажав претходно…“

rnСите ние забораваме работи одвреме-навреме. Оваа фраза звучи како некој да е принуден да го памти сето она што вие си го повторувате на себе. Честопати луѓето кои ја користат оваа фраза се несигурни или мислат дека се подобри од останатите.rn

7. „Ќе ти треба многу среќа.“

rnСекако дека е убаво да му посакате на некого среќа, но можете малку повеќе да се потрудите и да кажете нешто поубаво, бидејќи оваа фраза сугерира дека им е неопходна среќа за да успеат во својата цел.rn

8. „Оставам на тебе.“ или „Како сакаш.“

rnОвие одговори значат дека сте потполно рамнодушни во врска со прашањето кое ви го поставил соговорникот. Вашето мислење е очигледно важно и ценето, инаку таа личност не би ве прашала вас за совет.rn

9. „Па, јас барем никогаш не сум…“

rnОваа фраза е агресивен начин да се префрли вниманието од својата грешка на туѓата, истакнувајќи некоја стара, најверојатно небитна случка при која погрешила другата личност.rnrn3-9-frazi-koi-pametnite-lue-nikoga-ne-gi-koristat-vo-konverzacijata-www.kafepauza. mk_