Ако професорите кажуваа за сите овие животни и нивните чудни навики, биологија би им бил омилен предмет на повеќето ученици. Погледнете ги овие неверојатни факти за животинскиот свет кои ги изненадуваат дури и научниците.rn
1. Јастребот врапчар ја пали тревата за да ги натера глодачите да излезат од дупките
rn
rnrnВерувале или не, некои птици може да бидат одговорни за шумските пожари. Во Австралија зоолозите забележале дека птицата јастреб врапчар фрлала запалени стапчиња на тревата. На овој начин го тера пленот да излезе од дупките.rn
2. Жаба што целосно замрзнува
rn
rnrnЕден вид жаба буквално замрзнува, и тоа во период од 6 до 7 месеци. Кога мразот ѝ го покрива телото, нејзините бели дробови и срце престануваат да ѝ работат, а крвта престанува да ѝ циркулира. Овие жаби имаат механизам кој ја намалуваат точката на замрзнување на крвта и другите течности и им помагаат да го преживеат замрзнувањето. Штом ќе дојде пролет, жабата одмрзнува и продолжува да живее.rn
3. Риба што создава совршено геометриско гнездо
rn
rnrnОвие мистериозни геометриски шеми се дело на еден вид риба. Овој дезен им помага на рибите да преживеат со тоа што собира фини честички песок од океанот.rn
4. Линиите на зебрите не се за камуфлажа
rn
rnrnНаучниците откриле дека линиите на зебрите не се за камуфлажа туку за справување со це-це и коњските муви. Овие линии им се непривлечни на инсектите поради светлинските бранови кои се рефлектираат од кожата на животните.rn
5. Алкохолот им помага на рибите да преживеат студени зими
rn
rnrnКога златните рипки чувствуваат дека доаѓа студ, нивното тело произведува етанол. Посебни протеини кај рибата ја претвораат лактичната киселина во алкохол. Високата концентрација на етанол го спречува пукањето на тенките клеточни мембрани дури и во многу студена вода.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
