Повеќето луѓе ја сфаќаат долната облека здраво за готово. Таа е под облеката, не се гледа и токму поради тоа многумина мислат дека не треба да обрнуваат внимание на тоа што го купуваат и го носат директно на кожата и на најинтимните делови од телото. Постојат грешки кои најчесто ги правиме без воопшто да размислиме на можните последици. Дизајнерката и основач на линијата за долна облека White Rabbit, Мариана Хернандез, посочува на 8-те најчести грешки што луѓето ги прават при изборот и начинот на кој тоа влијае врз самата личност.rnrn
rn
1. Помали бројчиња
rnПовеќето жени имаат обичај да купуваат едно до две помали бројчиња од големината која реално им е потребна. Со тоа, тие мислат дека ќе го стегнат телото, но напротив, потесната долна облека создава нерамнини по нашето тело, кои се многу видливи кога ќе облечеме алишта врз нив.rn
2. Погрешна долна облека за одредена модна комбинација
rnСакате да облечете тесен фустан и под него танга гаќички? Тоа не е секогаш најдоброто решение. Треба да внимавате на текстурата, ткаенината и бојата на фустанот што ќе го облечете.rn
3. Долна облека со нитни и тантели
rnКога купувате долна облека внимавајте таа да биде мазна и рамна. Моделите кои имаат додатоци, како нитни, шевови и тантели, не изгледаат баш најдобро кога врз нив ќе облечете потесна облека. Исто така тие додатоци може да ја притискаат кожата, да остават трага и да ве повредат.rn
4. Мрежеста долна облека во лето
rnМрежестата долна облека во лето можеби изгледа супер избор (има дупки и низ неа кожата дише), но внимавајте, тоа не е секогаш вистинскиот избор. Оваа долна облека најчесто е изработена од синтетички материјали како полиестер, којшто може да задржува топлина, пот и влага. Наместо тоа носете памучна и мека долна облека, која што може добро да се испере, а истовремено нема да ја задржува влагата на вашето тело.rn
5. Бела долна облека под бели алишта
rnОва е многу честа грешка којашто ја прават жените. Белата боја ќе ја истакне разликата помеѓу двете парчиња облека и ќе предизвика контраст кој воопшто нема да изгледа убаво. Затоа, кога носите бели алишта, најдобро би било под нив да облечете долна облека во боја слична на вашата кожа или со потемно кафеави нијанси.rn
6. Светла долна облека со темни алишта
rnВаквата комбинација на многумина им изгледа многу логична, но, многу често се случува, материјалот од кои се изработени алиштата да биде потранспарентен и преку него да се рефлектира светлата долна облека. Ова особено доаѓа до израз на некои фотографии. За да не се доведете во непријатна ситуација, практикувајте и под темните модни комбинации да носите темна долна облека.rn
7. Ја перете долната облека во машина за алишта
rnМашинското перење во голема мера ја уништува еластичноста и ткаенината. Топлата вода, центрифугата и детергентите за перење можат вашето омилено парче да го претворат во обична парталава крпа. Затоа, некои парчиња од долната облека, како корсети, градници со тантели и други почувствителни модели и материјали, перете ги на рака со течен детергент. Исто така, многу е важно долната облека да се суши природно.rn
8. Штедите на долна облека?
rnДолната облека е една од работите за кои можеби не треба да штедите премногу. Таа директно доаѓа во допир со вашата кожа и најинтимните делови од телото, поради што може да предизвика низа инфекции доколку не е добро скроена или е изработена од неквалитетен материјал. Евтините парчиња долна облека можеби ќе ви помогнат да заштедите малку пари, но можат да предизвикаат долгорочни проблеми.