КАФЕ ПАУЗА

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот живот

Можеби ви е тешко да верувате, но нашите предци пиеле чај многу години пред нашата ера, а сега, многу векови подоцна, сите знаеме дека пиењето различни видови чај има многубројни здравствени придобивки. Но, она што повеќето луѓе не го знаат е дека ќесичките чај може да ви помогнат во неколку итни ситуации.rn

1. Може да ви помогнат да се ослободите од црнките и од акните

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnЗелениот чај има антибактериски и антиинфламаторни својства и е совршен за вас ако имате црнки и акни. Измешајте ја содржината од 2 ќесички чај со топла вода и со мед за да создадете природна маска за лице. Оставете ја на лицето околу 20 минути и веднаш ќе забележите како исчезнуваат црвенилото и иритацијата.rn

2. Може да ви ја олеснат забоболката

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnЕден лесен начин да се ослободите од забоболката е локалната употреба на чај од нане. Бидејќи чајот од нане има антибактериски својства и ја ублажува болката, може да притиснете една малку топла ќесичка чај на забот што ве боли сè додека не помине болката.rn

3. Помагаат при ублажување на менструалните грчеви

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnМенструалните грчеви можат да бидат најголемиот непријател на жената, но добрата вест е дека камилицата ги смирува болките и грчевите во мускулите. Можете да ја пиете во форма на топол чај или, ако имате када, да направите бања од камилица.rn

4. Може да ги смират болните брадавици по доењето

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnДоењето може да биде магичен момент на поврзување помеѓу мајката и бебето, но тоа не е секогаш безболно. Во овој случај, чајот од нане може да биде добар лек за болните и испукани брадавици: само исцедете топла ќесичка чај и нанесете ја на брадавиците.rn

5. Може да ги намалат отоците и црвенилото на очите

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnАко не спиете доволно, може да се разбудите со оток и црвенило во очите. Но, ладните ќесички зелен чај може да ви помогнат повторно да се чувствувате како нови.rn

6. Ќе им помогнат на вашите растенија да бидат поздрави

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnНе фрлајте ги искористените ќесички чај, тие можат да го подобрат здравјето на почвата и на растенија. Измешајте ги со другите органски остатоци и потоа додајте сè во саксиите.rn

7. Може да помогнат во лекувањето убод од комарец

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnКамилицата помага во заздравувањето на раните и може да биде корисна при болни убоди од инсекти. За да ги искористите нејзините придобивки, направете чај од камилица и оставете го да се излади во фрижидер околу 30 минути. Потоа, нанесете нежно на местото каде што е убодот и оставете да стои 10 минути. Повторете ја постапката ако е потребно.rn

8. Може да помогнат во лекувањето полесни повреди

rn8 начини на кои ќесичките чај може да ви бидат од корист во секојдневниот животrnrnАко имате деца дома, модринките и гребнатините можат да бидат секојдневна појава. За да ги намалите црвенилото, отокот и болката, може да нанесете ладна ќесичка црн чај на повредата.rnrnПрочитајте кои се 9-те здравствени придобивки од брусницата.