Пред неколку декади, скоро секое домаќинство со куќа и двориште имаше животни. Со текот на времето ја изгубивме оваа навика, најмногу затоа што обврските ни се зголемија, а свежата храна ни стана сè подостапна. Но, изгледа дека трендот се враќа, бидејќи многу семејства почнаа повторно да чуваат кокошки во својот двор. Во продолжение прочитајте зошто токму оваа одлука би можела целосно да ви го смени вашиот живот!
rn
1. Свежи јајца и здраво месо
rnВо денешно време, кога сè е исполнето со ГМО, органската храна има неизмерна вредност.rn
2. Бесплатно органско ѓубриво
rnМожеби ова не е нешто со што би се пофалиле, но ако одгледувате овошје и цвеќиња, вашата бавча ќе ви биде благодарна за органското ѓубриво.rn
3. Кокошките ги заменуваат пестицидите
rnСамо оставете ги кокошките слободно да се движат низ бавчата, и веќе нема да морате да ги прскате вашите плодови со пестициди бидејќи тие ќе ги елиминираат сите штетници.rn
4. Успешно ќе се ослободите од вишокот храна
rnКокошките не бираат што јадат, тие едноставно прифаќаат сè. Па сè што ќе ви остане од ручекот, само фрлете им го на кокошките и тие со задоволство ќе се нагостат.rn
5. Го уништуваат плевелот
rnКокошките се најдобрите сојузници на градинарите. Сè што треба да направите е да ги пуштите слободно да се шетаат во вашиот двор, и тие ќе го елиминираат плевелот.rn
6. Кокошките се еден вид терапија
rnПсихолозите сметаат дека личностите со деменција и децата со аутизам имаат голема корист од контактот со кокошки. Нивното хранење и чување може да им делува многу терапевтски.rn
7. Евтини се за чување
rnКокошките не се животни кои бараат многу грижа и внимание. Доволно е само да ги храните редовно и тие ќе бидат среќни, притоа обезбедувајќи во здрави јајца и месо, како и ѓубриво.

