На Џанеса Рајд од Јута ѝ била дијагностицирана алопеција, односно опаѓање на косата. Но и покрај болеста, ова 7-годишно девојче не дозволило да го пропушти денот на лудите фризури во училиште!rnrn
rn
„Нема лек или терапии што би можела да ги прима. Може да зема стероиди, но веднаш штом престане, косата повторно ќе ѝ падне“, изјавила Даниела, мајка ѝ на Џанеса.
rn
rnrnПа така, на денот на лудите фризури, Даниела смислила оригинално решение за ќерка ѝ да не ја пропушти забавата.rnrn
rnrnТаа залепила светкави стикери на главата на Џанеса.rn
„За нас денес е ден на лудите глави! Мора да кажам дека изгледа неверојатно!“, напишала Даниела на социјалните мрежи.
rn
rnrnНие се согласуваме комплетно! Џанеса не само што одлично изгледа, туку и докажа дека прекрасно е да се биде различен.rnrn
rnrnОва мало девојче е голема инспирација за сите луѓе кои имаат некаков физички недостаток. Џанеса е вистински доказ дека не треба да се плашите да бидете уникатни и дека треба да ја задржите насмевката на лицето и покрај сите животни потешкотии.rnrn
rnrnДоколку сте расположени за уште вакви инспиративни приказни, погледнете како овој татко со помош на Фотошоп ја сместува ќерка си во опасни ситуации за да ја зголеми свеста за рак.
