КАФЕ ПАУЗА

7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануари

Тие се првите бебиња родени во новата година и иако тоа не мора да значи дека се најдобри, сепак, овие зимски деца имаат предиспозиции да станат славни и успешни во животот. Прочитајте ги следниве 7 необични, но фасцинантни факти за луѓето родени во јануари…rnrn7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануариrn

1. Постои голема веројатност дека ќе станат доктори

rnАко сакате да имате доктор во семејството и очекувате детето да биде родено во јануари, тогаш најверојатно желбата ќе ви се исполни. Според статистичките податоци во Велика Британија, кај луѓето кои се родени во јануари постојат големи шанси дека ќе станат доктори.rn

2. Нивниот скапоцен камен според месецот на раѓање е гранат

rnИако овој скапоцен камен најчесто се јавува во црвена боја, сепак може да се најде и во многу други нијанси. Дали сте знаеле дека порано гранатите се користеле во медицинската терапија за заштита од кошмари? Секако дека не постојат научни докази за ефективноста на овој лек, но нема да изгубите ништо доколку ставите гранат покрај вашиот кревет.rnrn7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануариrn

3. Во хороскоп се или Јарци или Водолии

rnЈарците се многу трпеливи, амбициозни и лојални. Од друга страна, пак, Водолиите се независни, паметни и креативни. Со други зборови, и двата хороскопски знака се одлично друштво!rn

4. Постојат големи шанси дека ќе станат славни

rnЗошто да бидат доктори кога можат да бидат познати ѕвезди?! Според едно неодамнешно истражување, славните луѓе најчесто се родени во знакот Водолија.rnrn7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануариrn

5. Склони се на алергии на храна

rnИако гените играа голема улога кога станува збор за алергии, некои истражувања откриле дека повеќето деца кои биле алергични на некаква храна биле родени во зима. Сѐ уште не е откриена точната причина на ова, но научниците претпоставуваат дека тоа се должи на идните мајки и нивната намалена изложеност на витаминот Д.rn

6. Нивниот цвет според месецот на раѓање е каранфил

rnСакате да го изненадите вашиот пријател роден во јануари со совршен букет? Нема да погрешите доколку одберете каранфили! Розовите каранфили симболизираат приврзаност, а црвените љубов.rnrn7 фасцинантни факти за бебињата родени во јануариrn

7. Многу успешни личности се родени во јануари

rnБебињата родени во јануари го делат нивниот роденден со многу интересни луѓе, меѓу кои се Кејт Мидлтон, Елен Деџенерис и Опра.rnrnЛуѓето родени во јануари се навистина неверојатни, а доказ за тоа се и следниве 8 квалитети што ги поседуваат.