Манифестацијата на тоа што го сакате е најочигледниот знак дека законот на привлекување работи за вас, но понекогаш и универзумот ви испраќа мали и суптилни сигнали дека сте на вистинскиот пат.rnrn
rn
1. Гледате повторени низи броеви
rnАко видите 111, 222, 333 или 11:11, 22:22 веројатно треба да продолжите да го правите тоа што го правите. Иако бројот 1 е можеби најзначајниот број, секоја повторувачка низа броеви ви кажува дека универзумот работи на вашиот случај.rnrnПроучувањето на нумерологија може да ви открие повеќе информации за тоа што може да значи бројот што го гледате. На пример, 21:21 значи рамнотежа и самореализација, што укажува дека растете како личност.rnrnВнимавајте кога ќе ги погледнете овие броеви затоа што тие најчесто ќе се појават кога ќе имате нови идеи за активности што треба да ги преземете за да ја постигнете својата цел.rn
2. Доживувате дежа ву
rnСекој пат кога ќе доживеете дежа ву – чувство дека правите или чувствувате нешто што сте го направиле или чувствувале порано, може да значи дека законот за привлекување работи за вас. Ова искуство го доживувате кога навистина ќе го пронајдете своето место во светот.rnrnИсто така, можете да извлечете попрецизни заклучоци во зависност од тоа кога ви се појавува дежа ву. Ако продолжите да ги имате овие епизоди на одредено место или во друштво на одредено лице, размислете како таа локација или таа личност може да придонесе за постигнувањето на вашите цели.rn
3. Чувствувате трнење
rnАко не сте болни, а чувствувате трнење – тоа е всушност позитивен знак. Кога тоа ќе се случи, вашето тело и вашата потсвест се усогласени со нешто важно во вашата околина.rnrnМожеби ќе почувствувате трнење кога ќе сретнете нова личност која ќе има значаен придонес за вашите достигнувања или кога ќе се движите надвор од зоната на удобност за да ја постигнете целта. Кога размислувате за некоја личност, а потоа веднаш ќе добиете телефонски повик или порака од таа личност, тоа е показател дека потенцијалот за реализација на вашите желби е многу голем во тој момент.rnrnДури и ако таа личност нема никаква врска со главната работа што се обидувате да ја привлечете, овој вид средба докажува дека универзумот ве слуша кога јасно и гласно ги кажувате своите барања.rn
4. Гледате виножито или облаци со интересни форми
rnИ природниот свет може да ви испраќа сигнали дека сте на вистинскиот пат. Многу луѓе гледаат виножито кога надминуваат значителни пречки или предизвици што ги спречуваат да ги реализираат своите соништа. Ако видите виножито, бидете сигурни дека се приближувате кон целта.rnrnПогледнете на небото и разгледајте ги формите на облаците. Дали гледате нешто позитивно што личи на ѕвезда, на срце или на тоа што најмногу го сакате? Ова е уште еден позитивен сигнал.rn
5. Чувствувате длабок мир
rnАко во последно време се чувствувате многу повеќе смирено, а нема очигледна причина за тоа, тоа значи дека вашите вибрации се во склад со вибрациите на универзумот.rnrnСекогаш кога го правите тоа за што сте родени да го правите, односно нештата што ви носат најмногу инспирација и задоволство, тогаш имате чувство на смиреност. Дури и ако сè уште не сте ги постигнале своите цели, чувството на мир покажува дека сега сте во склад со својата цел.rn
6. Среќни сте
rnКога се чувствувате добро (или барем подобро отколку што се чувствувавте), вие се усогласувате со вибрациите на универзумот. Во суштина, постои повратна реакција – колку повеќе сте усогласени, толку посреќно се чувствувате, а среќата поттикнува понатамошно усогласување.rnrnСекој пат кога ќе го анализирате своето ментално здравје и ќе сфатите дека се чувствувате сè подобро и посреќно, имате добра причина да верувате дека универзумот работи на вашиот случај.rnrnПрочитајте ги овие 12 знаци што покажуваат дека сте блиску до некој што го познавате од минатиот живот.