Веќе ги знаете најпопуларните туристички дестинации, а можеби и сте посетиле неколку. Но, доколку сакате нешто ново, погледнете ги местата кои според експертите за патување, допрва ќе станат хит.rn
1. Капаа, Хаваи
rnЗборот „kapa’a“ на хавајски значи „цврсто“ и е име на место кое не е многу популарно помеѓу туристите. Но, изминативе неколку години популарноста на ова место расте, благодарение на многуте хотелски понуди, трговски центри и ресторани. Малиот град кој е сместен во подножјето на планината Ноуноу е одличен избор за сите кои сакаат да уживаат во океанот, но сакаат да ја избегнат вревата од туристите.
Овде можете да најдете многу предмети изработени со традиционални материјали и сигурно ќе понесете нешто со вас. Капаа е хавајско место познато и по многуте водни спортови кои можете да ги пробате. Доколку отпатувате овде, не заборавајте да го посетите и манастирот Кауаи, кој е познат по тоа што во него се изведува ритуална хиндуистичка молитва 24 часа дневно.rn
2. Ишигаки, Јапонија
rnВодата околу Ишигаки е толку сина, а песокот толку бел, што местото ќе ви изгледа нереално. Ова патување ќе биде незаборавно искуство за сите ваши сетила. Искусните туристи препорачуваат возење со брод со стаклено дно, преку кое ќе можете да ги гледате прекрасните корални гребени и тропските риби. Ова место има неверојатен подводен свет што навистина вреди да го видите.rn
3. Гдањск, Полска
rnЕден од најубавите градови во Полска секоја година станува сè попопуларен. Градот има и многу значајна улога во историјата – во 1939-та година бил точка од каде што тргнал европскиот, а и светскиот колапс, а во 1980-та бил место каде што се основал синдикатот Солидарност. Исто така, Гдањск е навистина важно место во кое се испреплетени историјата и сегашноста. Стариот град бил речиси целосно срушен за време на Втората светска војна, но конзерваторите завршиле одлична работа и го вратиле неговиот стар дух.rn
4. Рига, Латвија
rnОвој град е неверојатна мешавина од латвиска традиција и влијанието од разните држави кои ја окупирале државата во текот на годините. Рига е познат по неверојатните достигнувања во југендстилот, а неговиот арт нуво центар е заштитен од УНЕСКО.
Во Рига има голем број барови, ресторани, но и музеи и можете да посетите сè со ограничен буџет. Покрај музеите и галериите, можете да ги посетите и историски значајните места. Доколку одите за време на пролет, лето или почетокот на есента, сигурно ќе начекате некој концерт или претстава на отворено.rn
5. Сан Хозе, Костарика
rnБез разлика дали сте љубители на кафе или не, овој град е престолнина со кафе и мора да пробате од магичниот пијалак. Пробајте го свежо печеното кафе на централниот плоштад и уживајте во вкусот. Овде можете да го посетите и Музејот на златото, кој сигурно ќе ве остави без зборови. Доколку сакате да се забавувате, Ел Пуебло е центарот на ноќниот живот и место каде што можете да најдете одлични коктели и забава до раните утрински часови.
Погледнете ги и овие потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година.

