КАФЕ ПАУЗА

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените

Сигурно веќе сте размислувале како можете да го зачините месецот на љубовта и да направите нешто поразлично. Доколку вашата девојка или сопруга суптилно ви кажала дека сака посебно изненадување за овој Ден на вљубените, најдоброто нешто што можете да ѝ го подарите е патување. Доколку не можете да се одлучите за дестинација, овие предлози се совршени за прославување на Денот на вљубените.rn

1. Париз

rn5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубенитеrnrnНе треба да ве чуди што Париз е еден од главните дестинации за романтична посета. Познат и како градот на љубовта, Париз навистина има посебна убавина и шарм. Погледот на градот е заштитен од УНЕСКО и не смеат да се прават згради повисоки од 6 ката. Низ целиот град ќе најдете бројни романтични ресторани, многу калдрми, продавници со секакви интересни работи, фантастични галерии, музеи, споменици… Едноставно, овој град нуди премногу.rn

2. Талин

rn5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубенитеrnrnГлавниот град на Естонија, покрај тоа што е еден од најнапредните во Европа, нуди и единствено доживување на средновековната култура. Стариот Град ги задржал шармот и стилот од минатото, па сигурно ќе уживате додека шетате низ него. Доколку сакате и романтична вечера во средновековен стил, има многу ресторани во самиот центар на градот што ќе ви го овозможат токму тоа.rn

3. Фиренца

rn5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубенитеrnrnИако секое место во Италија си има посебен шарм, за Денот на вљубените може да се издвои Фиренца. Доколку сте љубители на уметноста, ова е совршената дестинација за вас. Шетањето низ градот е како шетање низ најголемата галерија во светот.rn

4. Амстердам

rn5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубенитеrnrnОвој град е одлична дестинација за сите вљубени. Местата што треба да ги видите ќе направат да се чувствувате фантастично. Често Амстердам е споредуван со Венеција поради многубројните канали, а најромантичното нешто што можете да го направите е возење со брод.rn

5. Келн

rn5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубенитеrnrnЕден од најстарите градови во Германија звучи навистина примамливо за посета. Ова е четвртиот по големина град во Германија и овде ќе ја најдете неверојатната Келнска катедрала која е трета по височина во светот. Исто така можете да пловите по реката Рајна и да уживате во зајдисонцето. Уште подобро е што во овој регион има многу дворци и замоци кои се како излезени од бајка и ќе ви ја направат посетата уште поневеројатна.rnrnПогледнете ги и дестинациите што би требало да ги ставите на вашата листа за патување за 2019-та година.