КАФЕ ПАУЗА

3 најубави дестинации во светот кои треба да ги посетите оваа зима

За оние кои го сакаат сонцето и сакаат да побегнат од студот и снегот, како и за оние кои сакаат да уживаат во зимските спортови и за љубителите на знаменитостите кои секогаш се спремни да апсорбираат нови знаења… Денес ви прикажуваме топ 3 дестинации кои треба да ги посетите оваа зимската сезона.rn

1. Венеција, Италија

rnСместена во северниот дел на Италија, Венеција на многу луѓе им е омилена дестинација. Тие ја сакаат поради камените улици, каналите, гондолите и византиските градби. Заборавете на летото, зимата е најдоброто годишно време за да го посетите овој град. Гужвата за време на топлите сезони не е толку атрактивна. Студените месеци овозможуваат добар пат и тивки канали. Доколку себеси се сметате за патник, а не за турист, ова е вистинско време да ја посетите Венеција.rnrn3 најубави дестинации во светот кои треба да ги посетите оваа зимаrn

2. Кејптаун, Јужна Африка

rnКејптаун е познат по рестораните, хотелите и прекрасниот ноќен живот кој се совпаѓа со главните европски и американски престолнини. Нуркајте со големите бели ајкули, видете ги пингвините и истражувајте различни пејзажи. Спортовите на вода, а особено сурфањето, едрењето и риболовот се доста популарни во овој град. Овде туристите може да нуркаат со големите бели ајкули, но во голем безбедносен кафез. Кејптаун е познат и по лозјето, односно по местата како што се Стеленбош и Франшоук, кои можете да ги посетите во еден ден. Овој град е многу повеќе од туристичка атракција и богата историја. Етничката и културната различност и богатството на природата го прават единствен во светот.rnrnBeach of Camps Bay, Cape Town, Western Cape, South Africa, Image: 190663161, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, imageBROKERrn

3. Патагонија, Чиле

rnПатагонија се наоѓа во долниот дел на Аргентина и Чиле и е совршена за љубителите на природата. Во текот на летото овде може да се видат најубавите природни феномени. Септември и октомври се најдобри месеци за посета на полуостровот Валдес, на аргентинската страна на Патагонија. Тогаш во водата околу овој полуостров се наоѓаат стотици китови. Патувањето по должината на брегот на Атлантикот нуди фасцинантни сцени кои прикажуваат ширум отворени простори и пасишта.rnrn3 најубави дестинации во светот кои треба да ги посетите оваа зима