rn
13. Подуеност
rnКога телото ја дигестира храната, обично произведува гасови. Најчесто гасот наоѓа излез, но во вселената се задржува подолго во телото.rn
14. Констипација
rnНе само што ќе ве подуе, вселената може да ви предизвика и констипација.rn
15. Повраќање
rnКако што спомнавме, астронаутите често добиваат вселенска болест која предизвикува повраќање. Замислете како е да повратите во нулта гравитација. Често астронаутите користат посебни кеси за ова кои постојано им се на дофат.rnrn
rn
16. Вршење голема нужда
rnРечиси сите сакаат да знаат како изгледа ова во вселената. На почетокот ситуацијата не била најдобра бидејќи се користеле кеси. За среќа денес работите се поедноставни, но астронаутите поминуваат посебен тренинг за употреба на вселенските тоалетни школки.rn
17. Дијареја
rnНа мисијата Аполо 8 работите брзо тргнале во погрешна насока. Френк Борман се разбудил со болки во стомакот кои завршиле со повраќање и дијареја. Во капсулата настанал вистински хаос.rn
18. Снимање на цревата
rnАстронаутите носат направа која го надгледува движењето на нивните црева. Овие снимки постојано се надгледувани за да се осигурат дека сè е во ред.rn
19. Затната тоалетна школка
rnНикој не сака да се справи со овој проблем на Земјата, не па во вселената. Но, токму ова се случило во 1981-ва година за време на летот на вселенскиот шатл Колумбија. Кога се враќале на Земјата, фекалната материја излегла од системот за вентилација и навлегла во главната кабина.rn
20. Кивање
rnКога астронаутите го носат својот скафандер не можат да киваат и да ги покријат носот и устата. Кога навистина мораат да кивнат, завршуваат со слуз на нивниот шлем. За да го избегнат ова, астронаутите учат како да го контролираат кивањето.rnrn
rn
21. Умирање во вселената
rnДолго време НАСА не знаеле што да прават ако некој умре во вселената. За астронаутите сигурно не би било пријатно да се справуваат со мртво тело во вселенскиот брод. Во соработка со погребалната компанија Promessa, НАСА ја создала програмата „Вреќа за тело“. Астронаутите го ставаат мртвото тело во вреќа за спиење и го оставаат надвор од вселенскиот брод. Кога ќе влезат во атмосферата на Земјата тоа согорува.rn
22. Чекање ред за тоалетот
rnСигурно знаете како е да се расправате со членовите од семејството за тоалетот. Сега замислете си што се случува во Интернационалната вселенска станица. Брзо по лансирањето во 1998-ма година, работите не се одвивале најдобро помеѓу руските космонаути и американските астронаути. Наводно, космонаутите сакале да јадат желе од риба кое пак ги затнувало тоалетните школки. Астронаутите им забраниле да ги користат нивните тоалети.rn
23. Потење
rnАстронаутите вежбаат по 2 часа дневно за да ја одржат својата мускулна маса, а со тоа и се потат. Во вселената потта нема да „падне“ од вас, туку ќе остане на кожата во вид на меурчиња сè додека не ја избришете.rn
24. Туширање
rnАстронаутите имаат многу работа и често не се тушираат со недели. Во првите вселенски мисии нештата станувале навистина грозни во малите капсули.rn
25. Мртва кожа на стапалата
rnАстронаутите изјавиле дека нивните стапала стануваат премногу чувствителни во вселената, а мртвата кожа од долниот дел на стапалата едноставно паѓала и лебдела во воздухот.rnrnДознајте и кои се најчудните работи кои се откриени во вселената.
