Тие се супер жени и не постои нешто за што не се способни. Бидејќи наближува денот на мајката, ајде да се потсетиме макар на дел од работите поради кои нашите мајки се неверојатни.
rn
1. Готви одлично и нејзината храна е највкусна
rnСè додека не пораснеме и не се одделиме од домот, како на пример поради студирање во друг град, нема да сфатиме колку е прекрасна храната на мама и колку ни фали кога ја нема. Можеби се мрштевте пред супата од брокули и сè што посакувавте беше порција пржени компирчиња, но сега знаете дека кујната на вашата мајка е свето место каде се приготвуваат највкусните јадења. И секако, ни еден ресторан не се грижи да ни обезбеди толку витамини во една порција ручек.rn
2. Воглавно е во право за голем број нешта
rnОд совети за љубовни врски до совети за фризури или гардероба, како што растеме сфаќаме дека мајките едноставно биле во право.rn
3. Забавно е да се зборува со неа
rnНастрана од лудите години кога ја сметавте за вонземјанин кој не го разбира вашиот начин на живот, сега сфаќате дека вашата мајка е интересна личност и дека кога и двете сте опуштени, може да ви биде многу забавно.
4. Знае премногу за водењето на едно домаќинство
rnКога ќе се навратите низ годините и кога ќе ви текне макар на третина од сите нешта за кои мајка ви е способна, сфаќате дека треба да ѝ биде врачена диплома за доктор на науки. Вашата мајка ќе се погрижи тогаш кога ќе се осамостоите и ќе почнете да живеете одделно, вашето живеалиште да стане топол дом.rn
5. Знае да испрати луди пораки
rnТоа што не умее да се носи со најновата технологија на ироничен начин ја прави најкул личност на цел свет. Знае да испрати по некоја луда порака и секогаш ве засмеваат нејзините повици за помош при раководење со некоја компјутерска програма.rn
6. Таа е служба за изгубено и најдено во вашиот дом
rnЕдноставно на некој магичен начин знае што барате и каде е тоа што го барате.rn
7. Ги слушала вашите проблеми и ви дала непроценливи совети
rnЈа ислушала вашата „љубовна драма“ од градинка, а ви дала непроценливи совети за љубовта во средно. Никогаш не е без зборови, секогаш знае што да каже и како да ве утеши, а нејзините зборови секогаш допираат до срцето.
8. Поради одлуките што ги направила додека сте растеле…
rnВе израснала во она што сте денес. Зборовите се излишни.rn
9. Знае кога да ве мавне со вистината по чело
rnТаа не е другарка која сака да ве теши, таа се грижи за вашата иднина и ќе ве натера да се соочите со вистината, па колку и да била сурова.rn
10. Вложила време и пари на секое ваше детско хоби
rnСте барале часови по танц или свирење гитара? Иако биле свесни дека можеби нема да станете светски прваци, вашите мајки без збор вложувале во вас.rn
11. Секогаш ќе биде тука за вас
rnВие сте нејзино дете, без разлика колку сте возрасни. Секогаш е подготвена да го згазне под нозе оној кој ќе ве повреди.rn
12. Затоа што не е Ејми од „Злобни девојки“
rnИ многу сме благодарни поради тоа.
rn
13. Знае да биде многу кул
rnДа бидеме искрени, вашата мајка, со добро друштво и одредена доза алкохол, може да биде позабавна од која било комедија помножена со 100.rn
14. Затоа што ве трпела 24/7
rnМоже да си замислите колку сте ја нервирале на моменти, колку сте биле фрустрирачки дури и неподносливо размазени во некои ситуации? Таа ве трпела.rn
15. Воопшто не била гадлива кога станува збор за вас
rnЧистела по вас и видела сè и сешто кога сте биле мали. Ја пробувала храната за вас, ви менувала пелени, и што уште не.rn
16. Во реалноста таа е многу повеќе од мајка
rnКога бевте мали ја викавте „мамо“ и според вас нејзината професија едноставно беше мајка. Кога пораснавте сфативте колку била присутна на многу други полиња во животот и дека едноставно е експерт за мултитаскинг. Сега кога подобро ќе размислите, сфаќате дека треба да ѝ симнете капа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

