rn
9. Вашето куче најверојатно ве сонува
rn
rnrnСпоред најновите истражувања, кучињата многу често ги сонуваат луѓето за кои се најмногу приврзани, односно нивните сопственици.rn
10. Постојат многу малечки полски глувчиња што спијат во пупките од цветовите
rn
rnrnГлувчињата го сакаат мирисот на полен, па влегуваат во внатрешноста на цветовите за да јадат од прашникот, често заспивајќи таму.rn
11. Кучињата знаат кога треба да се вратите дома, според вашиот мирис кој останал во домот
rn
rnrnПонекогаш се прашувате како вашето куче има осет за времето? Ако некој од вашиот дом има дневна рутина кучето ќе чека покрај вратата или ќе гледа преку прозорецот во моментот кога лицето треба да се врати дома, според тоа колку од неговиот мирис преостанал во домот.rn
12. Мајките делфини им пеат на нивните бебиња уште додека се во стомакот
rn
rnrnСпоред студија од Универзитетот во Јужен Мисисипи, делфините создаваат „посебен свиреж“ за добробитот на нивните бебиња додека се во стомакот. Овој свиреж има својство на име за мајката, што му помага на младенчето да ја пронаоѓа лесно кога ќе се роди. Откако ќе се роди делфинчето, другите делфини од околината помалку испуштаат звуци за да му помогнат на младенчето да го научи вистинскиот свиреж.rn
13. Пчелите стануваат сонливи по пиењето нектар, па си дремнуваат на цветовите
rn
rnrnСладок нектар за слатки сништа. :)rn
14. Гавраните помнат лица и можно е да се спријателите со нив
rn
rnrnИ секако, спријателувањето оди преку намамување со храна. Но, тие подоцна ќе ве препознаат и ќе летаат над вас, што е бесценето!rn
15. Понекогаш кога кучињата се појавуваат на телевизија или во филмови, мора да имаат компјутерски генерирана опашка за да не се гледа како мавтаат со својата
rn
rnrnОва се случило за време на снимањето на филмот „Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и орманот“ (The Lion, the Witch and the Wardrobe) кога некои хаски не изгледале „напаѓачки“ поради нивното среќно мавтање со опашките. Можно е да го правеле тоа поради тоа што знаеле дека добро им оди нивната глума. Истото се случило и на снимањето на „Белиот песјак“ (White Fang) и „Игра на тронови“ (Game of Thrones).rnrnВи беше интересно? Прочитајте ги и овие интересни факти за животните кои ги споделува една негувателка во зоолошка.