КАФЕ ПАУЗА

15 измами кои докажуваат дека луѓето ќе поверуваат во сè

15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сè

rn

6. Измамата када, 1917

rn15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сèrnrnВо 1917-та година, Хенри Луис Менкен, американски новинар, објавил текст со наслов „Запоставена годишнина“. Во текстот тој ја раскажал „приказната“ за модерната када која била измислена пред 75 години. Хенри тврдел дека оваа када била илегална во САД бидејќи лекарите сметале дека е штетна по здравјето. Се разбира, модерните кади биле измислени порано, и не во САД, но изгледа дека луѓето не го знаеле тоа. Иако авторот само сакал да се забавува, многумина го цитирале неговиот текст дури и години откако била откриена измамата.rn

7. Самовили, 1917-1921

rn15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сèrnrnОвие фотографии бил направени во периодот од 1917-та до 1921-ва година од страна на 2 млади девојки – 16-годишната Елис Рајт и нејзината 10-годишна братучетка Френсис Грифитс. Тие сакале да докажат дека самовилите и џуџињата навистина постојат. Дури и Артур Конан Дојл на почетокот бил убеден дека фотографиите се реални.rn

8. Крзнена пастрмка, 1929

rn15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сèrnrnОва суштество наводно било фатено во Исланд, Канада и Северна Америка. Според теоријата, оваа риба е „крзнена“ поради неколку шишиња тоник за коса коишто биле истурени во реката Арканзас. Весниците дури објавувале и приказни за рибарите кои ги ловеле овие риби. Најверојатно овој мит се проширил поради сапролегнија, инфекција која се појавува кај рибите и која прави да изгледаат како да имаат крзно.rn

9. Зајак со рогови, 1932

rn15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сèrnrnОваа легенда станала навистина популарна кога Даглас Херик, ловец од Вајоминг, ставил рогови на глава од зајак. На луѓето им се допаднала идејата, па Херик продал илјадници од овие препарирани животни.rn

10. Дрва со шпагети, 1957

rn15 измами кои докажуваат дека луѓето веруваат во сèrnrnОваа 3-минутна шега направена од страна на ВВС станала попопуларна од очекуваното. Излегло дека многу луѓе не знаат дека тестенините се направени од брашно и вода и верувале во репортажа за семејство што одгледува шпагети во Швајцарија. Милиони гледачи ја контактирале телевизијата за совети за одгледување дрва со шпагети. Од телевизијата ги советувале да стават шпагети во доматен сос и да се надеваат на најдоброто.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn