rn
6. Аотеароа
rnАотеароа е името на Нов Зеланд на јазикот на Маорите. Може да се преведе како „Земјата на долгиот бел облак“. Според легендата на Маорите, Нов Зеланд бил извлечена од морето од полубогот Мауи.rn
7. Киви
rnУникатната птица киви може да се најде само во оваа земја. Таа не може да лета и има пердуви кои наликуваат на крзно. Покрај птицата, во Нов Зеланд зборот киви се користи за уште неколку работи. Монетата од еден долар е наречена киви. Во Мекдоналдс продаваат киви бургери. Па дури и самите жители се нарекуваат Киви.rn
8. Хака
rnХака е традиционалниот танц на Маорите и е навистина импресивен. Со него се покажуваат гордоста, силата и моќта на племето. Денес Хака се користи за да се предизвика противничкиот тим во спортски натпревари и за време на некои важни маорски церемонии. Навистина е интересно што Маорите ја зачувале својата традиција и ја вметнуваат во модерниот живот.rn
9. Овци
rnИма по 6 овци за секој жител во Нов Зеланд, што е најмногу во светот. Мерино овцата на фотографијата станала национална легенда. Таа избегала од својот сопственик и лутала цели 6 години. Кога конечно ја пронашле, изгледала токму вака.rn
10. Хобитон
rnАко сте фан на Толкин и сакате да ја посетите вистинската Средна Земја, Нов Зеланд е местото за вас.
Продолжува на следната страница…rn

