Понекогаш најчудните трикови се екстремно корисни и навистина можат да ни го олеснат секојдневниот живот. Дали можете да си замислите солена лубеница, мокра пица или резервни чорапи за лошите денови? Прочитајте за следниве 13 трикови што ќе ви делуваат апсурдно, сѐ додека не ги пробате. Не заборавајте да бидете слободоумни и отворени за нови искуства!rn
1. Пицата е повкусна ако ја јадете мокра
rnЗа да го подобрите вкусот на пицата, пред да ја стоплите, ставете врз неа влажна хартија или попрскајте ја со вода, особено на краевите.rn
2. Опуштете се како мачките
rnДали сакате да се чувствувате поенергично во текот на денот? Сончајте се како мачките! Земете некоја мека простирка и перница и дремнете на земја. Одберете место каде што има сончево зраци. Ако се одморате на тераса, не заборавајте да ставите млеко за сончање. Не останувајте на сонце подолго од 15-20 минути за да не изгорите.rn
3. Ставете солени кикирики во Кока-кола
rnКикириките добиваат убав солено-сладок вкус и омекнуваат кога ќе ги ставите во Кока-кола. Овој газиран пијалак е многу популарен и многу луѓе кои патуваат го користат овој трик за да можат полесно да јадат додека возат. Сѐ што треба да направите е да ставите кикирики во шише Кока-кола за да можете да пиете и да јадете само со една рака.rn
4. Имате лош ден на работа? Облечете нови чорапи
rnТешко е да се опише со зборови чувството што се јавува кога облекувате нов пар чорапи. Ова е одличен совет за оние кои треба да одат пеш по тежок ден на работа. На овој начин, веднаш ќе се наполните со енергија. Овој трик е особено корисен за жените. Ако носите хулахопки цел ден и навечер треба да излезете со некого, земете си уште еден пар хулахопки за да се пресоблечете пред средбата. Ќе ви се чини како да имате нови нозе.rn
5. Сте заборавиле некој збор? Повторете си ја азбуката на глас
rnВо 90% од случаите, кога ќе стигнете до буквата од азбуката на која почнува зборот што сте го заборавиле, веднаш ќе се сетите на него.rn
6. Кога сте мрзеливи, не пијте кафе туку истуширајте се
rnНе трошете време на Интернет со надеж дека кафето ќе ви помогне кога се чувствувате изморено или депресивно. Најбрзиот начин да добиете е елан за работа е краткото туширање. Ќе почувствувате наплив на енергија и ќе забележите дека расположението ви се подобрува. Токму затоа многу психолози советуваат да го „измиете“ стресот од себе. Исто така, докторите препорачуваат да се туширате пред спиење, особено ако имате несоница.
Продолжете на следната страница за останатите необични трикови…

