Интровертите се луѓе кои уживаат во осаменоста. Тие имаат потреба да се тргнат од сите социјални интеракции што понекогаш е предност за нив. Оваа осаменост им дава време и простор за размислување за некоја ситуација и за наоѓање на некој проблем. Погледнете некои од „чудните“ работи што ги прават интровертите.rnrn
rn
1. Долг викенд без планови
rnДремката е првото нешто што им паѓа на ум. Топло ќебенце и затемнета просторија – совршено.rn
2. Откажана забава
rnСерии, филмови, видео игри… никогаш не им е здодевно со себе.rn
3. Цел ден поминат со миленичето или со добра книга
rnТие ја обожаваат тишината.rn
4. Слободно време за мечтаење
rnМечтаењето и фантазиите се извор на креативност и решенија. Денешното општество бара социјализација и врева, но некои од најдобрите идеи не се создадени овде, тие се раѓаат во тишината и осаменоста. Дали сте знаеле дека Стив Возниак, самопрогласен интроверт, со месеци работел сам и го креирал она што подоцна станало првиот компјутер на Епл.rn
5. Опција за пишување имејл на некоја компанија наместо телефонски повик
rnИнтровертите не сакаат да разговараат, па за нив е вистинска добивка кога можат да контактираат некого преку имејл или порака наместо преку телефон.rn
6. Состанок со себе
rnИнтровертите уживаат во своето друштво. Дали е тоа одење во кино или во книжарница, па дури и истражување на градот, тие обожаваат да бидат сами.rn
7. Игнорирање на телефонот
rnТие понекогаш немаат енергија да се справуваат со сите пораки и имејлови.rn
8. Хобија и време за спиење како на старец
rnИнтровертите се „стари души“. Тие сакаат да шијат, да везат, да цртаат и да прават што било што ја буди нивната креативност.rn
9. Одење на шопинг, но сами
rnЗа нив купувањето со пријатели е стресно. Пријателите може да ги натераат да купат работи што не им се потребни, постојано се грижат кому му е забавно, а кому здодевно, мораат да пробуваат облека пред нив… интровертите не уживаат во тоа.rn
10. Останување дома со партнерот наместо одење во некој гласен бар
rnТие сакаат да разговараат без врева во позадина.rn
11. Долго возење
rnТие сакаат да се возат сами бидејќи тоа им дозволува да размислуваат и да ја пуштат музиката која тие ја сакаат.rn
12. „Полнење“ после долг ден поминат во социјализирање
rnГужвата ги изморува интровертите. После секое дружење тие имаат потреба да бидат сами.rn
13. Пишување
rnЗа нив е многу полесно да се изразат преку пишување наместо зборување. Тие го сакаат пишувањето бидејќи не се обраќаат директно некому и за нив тоа е најинтимната форма на комуникација. Тие исто така многу внимателно одбираат што ќе кажат, па пишувањето им дава време да размислат за тоа. Поради ова, интровертите се едни од најдобрите писатели, а овде спаѓаат Вилијам Шекспир, Толкин, па дури и Џ. К. Роулинг.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте интроверт.
