rn
7. Хилари Свонк, Момчињата не плачат (Boys Don’t Cry)
rn
rnrnОвој драматичен филм е направен според вистински настан. Ликот на Хилари Свонк е роден како жена, но се чувствува како маж уште од рана возраст. Со цел да се навикне на ликот, актерката ја скратила својата коса, работела на своето тело за да изгледа помажествено, па дури и живеела како маж цел месец. Свонк доби Оскар за оваа улога.rn
8. Робин Вилијамс, Госпоѓа Даутфаер (Mrs. Doubtfire)
rn
rnrnОвој филм е познат и сакан од многумина. Ликот на Робин Вилијамс, кој се преправа дека е дадилка со цел да ги гледа своите деца секој ден, не може а да не измами насмевка на вашето лице.rn
9. Џон Траволта, Лак за коса (Hairspray)
rn
rnrnВо овој филм, Џон Траволта го игра ликот на Една Турнблед, жена која ја нема напуштено својата куќа веќе 10 години бидејќи се срами од вишокот килограми. Навистина е неочекувано да го видите Траволта, кој често е поврзан со брутални ликови, во една ваква нежна улога.rn
10. Аманда Бајнс, Таа е маж (She’s the Man)
rn
rnrnОваа комедија е адаптација на драмата „Дванаесетта ноќ“ (Twelfth Night), и покажува колку е тешко да бидете две различни личности во исто време. Аманда ги игра улогите на Виола, и нејзиниот брат Себастијан. Ликот на Аманда, Виола, сака да му докаже на нејзиното поранешно момче дека фудбалот не е игра само за машки.rn
11. Патрик Свејзи, На Ванг Фу благодарност за сè, Џули Њумар (To Wong Foo Thanks for Everything, Julie Newmar)
rn
rnrnОваа улога му донесе Златен глобус на Свејзи. Во оваа комедија тој ја игра улогата на маж кој се облекува како жена, Мис Вида Бохеми.rn
12. Тони Куртис и Џек Лемон, Некои тоа го сакаат жешко (Some Like it Hot)
rn
rnrnОвој познат филм нема потреба од објаснување. Секој ги обожава авантурите на двајцата музичари губитници кои се присилени да се преправаат дека се жени. Џек Лемон заработил номинација за Оскар за оваа улога.rn
13. Дастин Хофман, Тутси (Tootsie)
rn
rnrnПриказната за талентиран актер кој се одлучува да игра женска улога, претворајќи се во жена со помош на шминка и облека, е уште еден филм кој им е омилен на многу генерации. Дастин Хофман бил номиниран за Оскар за најдобар актер благодарение на оваа улога.rnrnПогледнете и некои од најневеројатните трансформации на актерите за улога.
