rn
7. Злато
rnЗлатото не реагира хемиски, па може да помине низ дигестивниот систем без да биде апсорбирано. Поради ова можете да го видите како декорација во многу десерти. 24-каратното злато најчесто се продава како ливчиња или снегулки и ова е најчистата форма злато за консумирање. Ако златото има помалку од 24 карати, тоа значи дека има и други хемиски состојки и не е безбедно за јадење.rn
8. Глина
rnСигурно ви се познати придобивките од глината како продукт за убавина. Но во некои делови од светот глината е дел од исхраната на луѓето, најмногу во Блискиот Исток и Африка. Исто така глината може да се користи како додаток од страна на луѓето кои имаат недостаток од цинк. Глината ги отстранува токсините од желудникот и на овој начин го одржува здравјето на дигестивниот систем. Имајте на ум дека за да ја консумирате, глината треба да биде наменета за тоа.rn
9. Креда
rnКредата е природна и нетоксична супстанца бидејќи претставува чист калциум карбонат. Иако нема никакви здравствени придобивки, сепак е безбедна за јадење. Постои нарушување каде што луѓето имаат потреба од консумирање продукти без хранлива вредност и јадат креда. Ова најчесто се појавува кај бремените жени и луѓето со недостаток на железо.rn
10. Пластелин
rnБидејќи децата често го јадат пластелинот додека си играат, многу компании го прават што е можно побезбеден. Овој пластелин е направен од брашно, прехранбена боја, вода, сол минерално масло и борна киселина. Сепак, не се препорачува редовно да се јаде пластелин и доколку се случи тоа, веднаш повикајте брза помош.rn
11. Гнезда на птици
rnГнездата на птици што се јадат се голем дел од прехранбената индустрија во Кина, најмногу поради уникатниот вкус и хранливата вредност. Гнездата се направени од плунката на вид птици кои потекнуваат од Југоисточна Азија. Бидејќи нивното собирање е опасно, а подготовката тешка, можат да достигнат цена и од над 7.000 евра за килограм. Гнездата се богати со протеини и аминокиселини, а имаат и антивоспалителни својства.rn
12. Земја
rnЈадењето земја е честа појава, особено помеѓу децата. Интересно е што ова појава постои и кај возрасните. Сепак, оваа навика може да биде опасна поради хемикалиите и паразитите што се наоѓаат во неа. Во некои случаи, доколку земјата е 100% органска и не е третирана со никакви хемикалии, можете слободно да ја јадете.
Ги знаете ли овие необични видови храна што се појавија оваа година?

