КАФЕ ПАУЗА

10-те најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Листата на посакувани дестинации на секој патник постојано расте. Тешко е да одлучите кои дестинации да ги посетите, па погледнете кои ќе бидат најатрактивни во 2020 година. Поголемиот дел од овие предлози се избор на новинарите, на туристичките агенти, на туристите и на жителите во поголемите градовите.rn

1. Арктикот

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnНеповторлива можност да гледате нарлови и моржови преку мразот, да застанете на Северниот Пол и да се движите по тундрите и глечерите во потрага по ирваси и арктички лисици.rn

2. Бразил

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnНезгодните барања за виза се укинати, а овој потег го направи Бразил попривлечен од кога и да било порано. Таму ве очекуваат дождовна шума, џунгла, плажи, песочни дини, вински региони, богата историја, мешавина на култури, извонредна храна и привлечна архитектура.rn

3. Бризбејн, Австралија

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnВо Бризбејн можете да уживате во новите хотели со пет ѕвездички, како и во крајбрежјето на градот во коешто има многу нови инвестиции.rn

4. Доломитите и езерото Гарда

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnДоломитите ќе го задоволат вашиот апетит за чист воздух, а на брегот на езерото Гарда ќе уживате во прекрасниот поглед на природата.rn

5. Хидра, Грција

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnОвој остров го прикажува автентичното секојдневие на жителите во Грција, а недопрените плажи и патиштата без возила го прават ова место попривлечно од Миконос и од Санторини.rn

6. Израел

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnПатувањето во Израел е редок спој на историјата, на духовноста, на културата, на авантурите и на иновациите. Во оваа земја постојат многу различни пејзажи, топографии, верувања и начини на живот, па поради тоа има и премногу места што може да се истражуваат.rn

7. Јапонија

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnОваа година во Јапонија се одржуваат Олимписките игри, но вие можете да видите многу повеќе атракции. Посетете го јужниот остров Шикоку, вкусете ги локалните специјалитети и истражете ги изолираните планински долини каде што традициите сè уште се негуваат.rn

8. Мексико Сити

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnМексико Сити со своите случувања, со неверојатните нови ресторани, со својата уметност и со сè останато, ќе биде центарот на светот во 2020 година.rn

9. Нов Зеланд

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnВо Нов Зеланд ќе ве пречекаат прекрасни пејзажи, чудни авантуристички спортови, чувство на сигурност, но и чувство како да има повеќе овци од луѓе. Сепак, ќе бидете далеку од сите животни драми.rn

10. Перуанскиот Амазон

rn10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 годинаrnrnВо овој дел од Перу можете да се поврзете со розовите делфини, со видрите, со малите крокодили, но и да уживате во природата и да ја пробате ја вкусната храна.rnrnАко сакате да патувате низ Европа, погледнете кои 10 градови имаат најмногу туристички атракции.