КАФЕ ПАУЗА

10 изненадувачки знаци кои укажуваат на ПМС

10 изненадувачки знаци кои укажуваат на ПМС

Постојат голем број стереотипи за предменструалниот синдром. Сигурно кога некој ќе ви спомне ПМС вие веднаш помислувате на девојка која седи во своите пижами, јаде еден тон чоколадо или сладолед, страда од сериозни болки и грчеви во стомакот, се лути на сè и сешто и плаче поголемиот дел од времето. И покрај тоа што дел од овие нешта навистина се случуваат, тоа не значи дека сите девојки ги доживуваат.rnrn10 изненадувачки знаци кои укажуваат на ПМСrnrnНо, ПМС-от не вклучува само промени во расположението, надуеност и грчеви. Погледнете ги наредниве 10 симптоми кои укажуваат на доаѓањето на вашиот циклус, а за кои можеби никогаш досега не сте чуле…rn

1. Вашите сетила се засилени

rnНекои жени велат дека за време на овој период имаат засилени сетила. Тие подобро мирисаат, слушаат или вкусуваат. Кај некои жени се подобрува само едно сетило, додека кај други може и повеќе.rn

2. Имате проблеми со спиењето

rnЧесто се случува за време на циклусот жените да се чувствуваат поизморено и истоштено. Но, дали сте знаеле дека тој може да влијае и врз заспивањето? Деновите пред вашиот циклус да започне, нивото на естрогенот опаѓа, а тоа може да направи да се чувствувате премногу топло додека спиете. Ова доведува до непријатност и будење. Нивото на прогестеронот исто така опаѓа, па и тоа може да предизвика несоница.rn

3. Не сакате да се социјализирате

rnСте забележале дека секогаш кога ќе ви дојде циклусот, ви доаѓа и она чувство да лежите во кревет, замотани во ќебе без да мора да правите муабет со никој? Не сте единствени. Социјалното повлекување многу често се појавува како симптом на ПМС. Тоа се појавува паралелно покрај анксиозноста и лошото расположение.rn

4. Ви потекуваат дланките и/или стапалата

rnЕден од најчестите симптоми на ПМС-от е надуеноста. Сигурно веќе сте забележале дека вашиот стомак изгледа малку поголем од вообичаено за време на вашиот циклус. Но, оваа надуеност не влијае само на вашиот стомак, таа може да се појави и во вашите дланки и стапала. Тоа се случува поради фактот дека вашето тело задржува многу повеќе вода.rn

5. Вашата анксиозност е зголемена

rnПМС-от знае да влијае многу на вашето расположение така што ве прави малку пораздразливи, а можеби и депресивни или лути. Но, тоа исто така може да предизвика и анксиозност. Сигурно сте забележале дека со вашиот циклус доаѓа и некоја чудна растревоженост и анксиозност дури и за ситници. Ова е сосема нормално и покрај тоа што не се појавува толку често.rn

6. Понесмасни сте

rnДокторите не се сигурни зошто жените стануваат несмасни за време на ПМС-от, но цврсто веруваат дека оваа состојба постои. Всушност, несмасноста е еден од најчестите симптоми дека вашиот циклус доаѓа. Се претпоставува дека оваа состојба настанува поради фактот дека високото ниво на естроген може да предизвика вашиот црн дроб да произведува повеќе хормони кои влијаат врз бубрезите така што настанува задржување на течности во вашето тело и мозок. Токму ова задржување на течностите можно е да резултира со појава на несмасност.rn

7. Вашето внимание лесно се одвлекува

rnСлободно обвинете го вашиот циклус доколку никако не можете да се сконцентрирате на вашата работа или пак, на учењето. За време на предменструалниот синдром настанува состојба која е позната како магливост во мозокот, и тоа сериозно влијае врз вашата концентрација.rn

8. Депилацијата ве боли повеќе од вообичаено

rnНикогаш не планирајте депилација на препоните доколку сте во последната недела пред вашиот циклус. Истражувањата покажале дека рецепторите за болка се многу почувствителни во овој период, па токму затоа може да предизвика интензивирање на болката од депилацијата.rn

9. Може да ве чеша таму доле

rnДокторите велат дека промените во хормоните за време на циклусот можат да предизвикаат поголем раст на габи, па токму тоа доведува до појава на непријатно чувства кај вагината кое е проследено со чешање и поголем исцедок.rn

10. Вашата столица е чудна

rnДоколку забележите промени во вашите навики за „голема нужда“ за време на ПМС-от, тогаш дефинитивно не сте единствени. Кога вашата матка натекува и се полни со крв, таа почнува да притиска врз вашите црева, па токму тоа води до тврда столица и надуеност. Наглото растење на хормоните исто така може да доведе и до дијареја или непријатност.