КАФЕ ПАУЗА

10 древни средства за намалување на болката

10 древни средства за намалување на болката

rn

6. Eтилен

rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnКај пророчиштето од Делфи, свештеничката на Аполо кажувала пророштва откако вдишувала некои гасови. Голема е веројатноста овие гасови да содржеле етилен, анестетик кој се внесува преку вдишување.rnrnВо 1930-та година етиленот бил претставен како „новиот“ анестетик. Го заменил хлороформот кој често резултирал со гадење и повраќање по операција. Според хирург кој користел етилен во 800 операции, супстанцата ги заспивала пациентите за 3 до 8 минути без никаква возбуда или чувство на гушење. Пациентот се будел веднаш откако му била отстранета маската со анестезија.rnrnУпотребата на етилен имала и други придобивки. Бидејќи тој бил помалку отровен за нервниот систем и крвните клетки, помала била веројатноста да предизвика главоболка. Не ги иритирал дробовите на пациентот и не предизвикувал крвавење по операцијата. Но и овој анестетик имал свој недостатоци. Како прво, имал лош мирис, но уште полошо е што е навистина експлозивен.rn

7. Канабис

rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnУште во 2900-та година п.н.е. кинескиот император Фу сфатил дека канабисот ја намалува болката. Од Кина, употребата на канабисот за намалување болка се проширила низ целиот свет. Околу 1000-та година п.н.е. Индијците го мешале канабисот со млеко и правеле лек против болка. До 200-та година од нашата ера, Хуа То, кинески доктор, направил анестетик мешајќи канабис со смола и вино и операциите што ги изведувал биле речиси безболни. До 800-та година, арапските лекари го користеле канабисот против мигрена.rn

8. Лисичина опашка

rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnВо древна Кина, корењата на растението биле варени со оцет и се користеле против главоболка и болки во грбот. Ова растение во главно расте во централна источна Кина. Според модерните научници, ова е ефективен анестетик бидејќи содржи природна состојка што ја намалува болката. Древните кинески доктори верувале дека растението ја намалува болката бидејќи го подобрува текот на животната сила чи.rnrnНеодамнешните истражувања покажале дека состојката во растението се однесува слично како морфиумот, само што за разлика од него не предизвикува зависност.rn

9. Компресија на каротидна артерија

rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnЕден од најчестите начини за намалување на болката било онесвестување на пациентот. Древните лекари понекогаш ја притискале каротидната артерија на пациентите притоа привремено прекинувајќи го дотокот на крв до мозокот. И Аристотел пишувал за ефикасноста на овој метод:rn

„Ако овие вени се притиснат однадвор, луѓето, иако не се задавени, ја губат свеста и паѓаат на земјата.“

rnНа јужната страна од Партенон во Атина е прикажан кентаур кој ја притиска левата каротидна артерија на еден воин. Ова покажува дека и древните Грци биле свесни за оваа техника.rn

10. Кора од врба

rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnСо векови кората од врбата се користела како антивоспалителен лек за намалување на болката. Папирусот Еберс, колекција од медицински текстови кои датираат од околу 1500-та година п.н.е. ја опишуваат употребата на врбата како анестетик. Древните Кинези и древните Грци исто така ја употребувале врбата за оваа намена.rnrnМодерните истражувања покажуваат дека кората од врба е ефективна против болката бидејќи содржи салицин, хемикалија слична на аспиринот. Поради ефективноста, овој лек стар со векови се користи и денес за главоболка и болки во грбот.rnrnДали знаете кои се најсилните природни антибиотици?