Многу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент.rnrn
rn
1. Отстранете ги чкртките од ѕидовите
rnЗа овој домаќински трик ви треба паста за заби која не е во вид на гел. Истиснете малку врз површината на ѕидот каде што вашите деца или внуци претходно решиле да ја изразат својата креативност и нежно протријте со мека крпа. Потоа пребришете користејќи крпа натопена во топла вода. За потврдокорни дамки, оставете ја пастата да постои 5 минути, пред да избришете.rn
2. Отстранете ја лошата миризба од рацете
rnДоколку за денешниот ручек користевте лук или кромид и сега никако не можете да ја отстраните интензивната миризба, обидете се да ги измиете со малку паста за заби.rn
3. Светнете го ѓонот на патиките
rnЗемете стара четка за заби и паста која не е во вид на гел. Ставете на гумениот дел од патиките и силно тријте за да ги извадите сите траги на нечистотија. Ќе станат како нови.rn
4. Исполирајте ги изгребаните дивидија
rnСтиснете малку паста за заби на едно топче памук и со него, правејќи кружни движења бришете од центарот кон краевите на дискот. Потоа исплакнете го под млаз вода и на крајот избришете го со сува крпа која не пушта влакненца. Овој трик може да ги спаси дисковите со благи гребнатинки, кои правеле проблеми при вчитувањето на податоците кои ги чувате на нив.rn
5. Избистрете ги вашите очила за пливање
rnПребришете ја внатрешната страна на вашите очила за пливање со паста за заби, а потоа исполирајте со чиста крпа. Тие ќе бидат кристално чисти.rnrnЗа што друго вие ја имате употребено пастата за заби?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
