КАФЕ ПАУЗА

Tag: знаење

  • 5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

    5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

    Во свет и време кога толку многу информации ни се дадени како на послужавник, игноранцијата е сопствен избор. Но доколку сте дел од оние кои секогаш се стремат да научат повеќе и да го надградат своето знаење, ова се 5 одлични и исплатливи начини како да научите повеќе за она што ве интересира.rn5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите париrnrn

    1. Интернет семинари и форуми

    rnСлушањето на онлајн-семинари најчесто е бесплатно, а лесно може да најдете семинар без разлика на вашето поле на интерес. Како да го надградите својот бизнис, како до успешна маркетинг стратегија, влијанието на социјалните мрежи, итн. Сè што треба да направите е да ги пребарувате клучните поими на темата која ве интересира. Некогаш можеби ќе пробаат да ви продадат нешто, но не мора да купувате ништо друго, освен знаењето кое, нели, во овој случај е бесплатно.rnrnИсто, на интернет многу лесно може да пребарувате и читате форуми на најразлични теми. Се двоумите за нешто, ви требаат повеќе мислења и слично? Посетувајте различни форуми каде ќе чуете многу размислувања како и предлози и идеи.rn5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите париrnrn

    2. Семинари

    rnДоколку подобро учите кога имате контакт во живо со оној кој зборува, тогаш одлучете се за посета на семинари. Информирајте се дали има и кои се семинарите кои би можеле да ги посетувате бесплатно или кои се поевтини. Може да научите многу, а што е најважно од сè ќе имате можност за интеракција со други личности со кои имате заеднички интереси, како и да создадете многу нови контакти и да го проширите кругот на пријатели.rn
    rn

    3. Тренинзи и курсеви

    rnРазликата меѓу семинари и курсеви е во тоа што семинарите обично се наменети за поголема група, додека за курсевите обично се формираат помали групи и имате многу поголема интеракција со оној кој предава. Може веднаш да го тестирате она што сте го научиле и да добиете поголемо внимание. Ретко кои курсеви се сосем бесплатни, но ги има. Ако не бесплатни може да најдете поевтини, а најчесто доколку најдете уште неколкумина кои се интересираат за тој курс може да добиете групен попуст. Доколку полесно учите во помали групи со интеракција на повисоко ниво, курсевите се подобра опција за вас.rn5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите париrnrn

    4. Книги

    rnДа, читањето книги звучи по малку застарено имајќи ја предвид новата технологија. Но, да не заборавиме дека книгите никогаш нема да излезат од мода. Не само што може да најдете евтини примероци, туку може да ги купите на старо, да ги позајмите, или пак да ги најдете онлајн. Без разлика дали би ви помогнале книги кои ќе ви ги надградат знаењата на професионално ниво, или пак барате книга за самопомош или едноставно мисла или идеја која ќе ви го смени животот, книгите ви нудат што и да ви треба. Плус, сами одлучувате кога ќе читате односно учите и си создавате амбиент што најмногу ви се допаѓа вам.rn
    rn

    5. Онлајн-курсеви

    rnНе сите онлајн-курсеви се бесплатни, но постојат, па зошто да не ги искористите за надградување на вашите знаења? Особено лесно е да најдете онлајн курсеви за странски јазици, а преку Open culture може да слушате снимени курсеви од познати факултети, на која било тема, бесплатно.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Пред да наполниме 30 години треба да знаеме дека…

    Пред да наполниме 30 години треба да знаеме дека…

    За повеќето жени третата декада е најинтересниот период од животот. За да го извлечеме најдоброто од овој период, еве кои 30 работи треба да ги знаеме пред да го прославиме 30-от роденден.rnrnПред да наполниме 30 години треба да знаеме дека...rnrn1. Ако тој не се јавува, не значи дека не ја добил пораката.rnrn2. Постои разлика помеѓу љубов и страст.rnrn3. Понекогаш спиењето сама и долгото излежување в кревет е вистинско задоволство.rnrn4. Да започнеме разговор со згоден тип што не го познаваме.rnrn5. Да можеме да се подготвиме за излегување за помалку од 20 минути.rnrn6. Садовите за миење може да почекаат малку (но не вечно).rnrn7. Колку повеќе старееме, времето навистина ни поминува побрзо.rnrn8. Да подготвиме барем едно јадење за кое не е потребна микробранова печка.rnrn9. Вечерањето сама во ресторан може да биде вистинско уживање.rnrn10. Да знаеме како да го смениме маслото во автомобилот или барем да знаеме дека е потребно маслото да биде сменето.rnrn11. Да се обидеме да живееме без кредитна картичка.rnrn12. Да знаеме како да побараме покачување на платата…rnrn13. …И како да одговориме доколку не го добиеме покачувањето.rnrn14. Да го извлечеме најдоброто од годишниот одмор.rnrn15. Да купиме автомобил или да се претплатиме на тарифа за мобилен телефон без да нè „ограбат“.rnrn16. Да се осигураме дека одвојуваме доволно средства на страна за пензионерските денови.rnrn17. Да знаеме кој ни е омилениот пијалак…rnrn18. …Но и да знаеме до каде ни е границата за пиење.rnrn19. Понекогаш нема подобро чувство од чувството кога сме дотерани.rnrn20. Да знаеме да кажеме неколку добри небезобразни шеги.rnrn21. Вистинскиот пријател ќе ни прости ако заборавиме да му го честитаме роденденот.rnrn22. Да знаеме кога треба некој друг да дојде на прво место.rnrn23. Да признаеме дека не се согласуваме со некого или со нешто.rnrn24. Семејниот багаж е премногу тежок за постојано да го носиме со нас.rnrn25. Избегнувањето на штетните сончеви зраци е најдобриот лек против стареење.rnrn26. Некои модни трендови не вреди да се пробаат… никогаш!rnrn27. Или знаете како да носите шишки, или не знаете.rnrn28. Планирањето на времето за самиот живот е обично губење време.rnrn29. Предомислувањето не значи дека сме недоследни, туку дека сме доволно паметни да знаеме дека нашите ставови и мислења се развиваат.rnrn30. Некоја друга секогаш ќе биде поубава, помлада, попаметна и поуспешна од нас. Но, ниедна друга нема да биде тоа што сме ние.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Што сè знаат бебињата?

    Што сè знаат бебињата?

    Не постои некој кој може да му одолее на невиниот бебешки израз. Но, бебињата не се само слатки, туку и паметни. На научниците им беше потребно многу време да откријат што сè знаат бебињата. По долготрајни истражувања, ова се нивните заклучоци за бебешката перцепција.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnНа само десет месеци бебињата може да определат кој е главен во одредена ситуација. Експериментите биле правени на тој начин што на бебињата им биле покажувани помали и поголеми објекти кои биле во меѓусебна интеракција. Кога поголемиот објект бил отстранет од страна на помалиот, бебињата биле позаинтересирани за таквото случување, што значи дека биле изненадени од таквиот развој на настаните. Но, кога помалиот објект бил отстранет заради поголемиот, вниманието на бебињата траело пократко затоа што таквото случување било веќе очекувано.rnrnРезултатите од овие студии укажуваат на тоа дека бебињата ја разбираат хиерархијата уште од најрана возраст и ја согледуваат врската помеѓу „големината“ и „надлежностите“. Ова го потврдува фактот дека се раѓаме со основна социјална интелигенција, која ја надградуваме во текот на животот.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnПред да научи да каже „мама“ и „тато“, бебето знае да ги протолкува емоциите на кучињата. Една студија од 2009 година покажала дека бебињата стари шест месеци правилно ги толкуваат непријателското ржење и пријателското цвилење на кучињата. Според Рос Флом, професор по психологија на Универзитетот во Јута, емоциите и нивното толкување се една од првите работи кои бебињата ги развиваат по раѓањето.rnrnБебињата ги разбираат емоциите на оние кои им се блиски. Иако сè уште не зборуваат, тие многу добро чувствуваат кога некоја блиска личност е тажна. На пет месеци знаат да разликуваат весели од тажни мелодии, а на седум месеци можат да го идентификуваат тажниот тон во серијата весели песни во Седмата симфонија на Бетовен.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnКога сме веќе кај музиката, треба да се додаде дека бебињата се раѓаат со одлично чувство за играње на кое не можат да му одолеат. Не само што имаат слух за музика, туку можат и да ги координираат движењата во согласност со тактот на мелодијата. За да ги тестираат музичките способности на бебињата, психолозите им пуштиле класична музика каде што ритамот и говорот се примарна работа. Реакциите на бебињата биле снимени, а снимките биле анализирани од страна на балетски уметници.rnrnСе покажало дека бебињата мрдаат со рацете, нозете, телото и главата многу поинтензивно кога ќе им се пушти музика наместо разговор. Со ова се потврдува дека луѓето имаат вродена способност за танцување. Покрај тоа, бебињата разликуваат и весела од тажна музика. Кога ќе слушнат весела музика, тие почнуваат да играат, да плескаат и да се смеат, но кога ќе слушнат тажна музика, бебињата се сериозни и отсутни.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrnНа возраст од шест месеци бебињата имаат чувство за добро и лошо. За време на истражувањето спроведено во Јеил, на бебињата им била пуштена снимка на која една кукла требала да се качи на некој рид. Прво, на куклата ѝ помогнале уште неколку други кукли, а потоа друга кукла ја туркала и ѝ го отежнувала качувањето на првата кукла. Снимките биле пуштени неколку пати, по што на бебињата им биле донесени добрите и лошите кукли. Ниедно бебе не посегнало по лошата кукла, туку сите сакале да си играат со добрите кукли.rnrnШто сè знаат бебињата?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавни илустрирани факти

    Забавни илустрирани факти

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnМногупати се покажало дека кога ќе се искомбинираат знаењето и забавата, се добива одличен резултат. Информациите полесно се паметат кога ни се интересни и прикажани на интересен начин. Доказ за тоа се овие ултраинтересни илустрирани факти за разни нешта, зад кои стои дизајнерското студио Young од Велика Британија.rnrnrn

    Забавни илустрирани факти
    Полицајците во Индија добиваат повисока плата ако пуштат мустаќи.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Автомобилот „Буба“ е идеја на Хитлер.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Една риба Blowfish содржи отров кој може да убие 30 луѓе.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Ако го затворите носот додека јадете ментол, нема да го осетите неговиот вкус.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Прстените околу Сатурн се направени од мраз.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Поларните мечки имаат црна кожа.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    На секои 40 секунди се случува по едно самоубиство.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Машките ајкули немаат пениси.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Кога ‘рчите не сонувате.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Китовите-убијци се делфини.
    rnrn

  • 16 вистини кои нè прават посилни

    16 вистини кои нè прават посилни

    Автор: Викиrn
    rn

    „Потребно е многу повеќе храброст да се откријат на виделина работите за кои не сме сигурни отколку што е потребно за да се скријат, повеќе сила за да се поврземе со луѓето одошто ни треба за да доминираме со нив, повеќе зрелост да се покоруваме на смислените начела отколку на слепиот рефлекс. Цврстината е во душата и во духот, а не во мускулите и во незрелиот ум.“rn- Алекс Карас

    rn16 вистини кои нè прават посилниrn

    1. Животот не е лесен

    rnНапорната работа ги прави луѓето среќни. Тоа е начинот на кој соништата се претвораат во реалност. Така што, почнувајте го секое утро подготвени да истрчате подалеку отколку што сте истрчале вчера и борете се пожестоко од порано.rn

    2. Понекогаш ќе доживеете неуспех

    rnКолку побрзо ќе го прифатите ова, толку побрзо ќе можете да продолжите со својата брилијантност. Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека нешто ќе функционира, но бидете 100% сигурни дека правењето ништо, никогаш нема да профункционира. Затоа, излезете надвор и направете нешто! Или ќе успеете или ќе научите вредна животна лекција. Во секој случај, добивате.rn

    3. Токму во овој момент, има многу нешта кои не ги знаете

    rnДенот кога ќе престанете да учите е денот кога престанувате живеете. Зграпчете ги новите информации, размислувајте за нив и искористете ги за да напредувате!rn

    4. Можеби нема да има утре

    rnБарем не за секого. Токму сега, некој на Земјата планира нешто за утре, без да размислува дека можеби денес ќе умре. Ова е тажна вистина. Затоа денес, потрошете го времето мудро и правете доволно долги паузи за да научите да го цените тоа.rn

    5. Има многу работи чија контрола не е во ваша моќ

    rnГубењето на вашето време, талентот и на емоционалната енергија, на работи кои се надвор од ваша контрола е рецепт за фрустрација, беда и стагнација. Инвестирајте ја вашата енергија во нешта врз кои можете да влијаете.rn

    6. Информацијата не е вистинско знаење

    rnЗнаењето доаѓа од искуството. Можете да разговарате за една работа 100 пати, но овие муабети ќе ви дадат само филозофско гледиште за неа. Мора да ја искусите работата за вистински да ја разберете.rn

    7. Не можете да бидете успешни без да дадете вредности

    rnНе трошете си го времето обидувајќи да станете успешни, трошете го на произведување вредности. Кога ќе бидете вредни за светот околу вас, тогаш сте и успешни.rn

    8. Некој друг секогаш ќе има повеќе од вас

    rnБез разлика дали тоа се пари, пријатели или магични топчиња што сте ги собирале, секогаш ќе има некој што ќе има повеќе од вас. Но запомнете, не се работи за тоа колку имате, се работи за тоа колку страст сте вложиле за да ги добиете тие работи. Уживајте во патувањето, не само во постигнатата цел.rn

    9. Не можете да го смените минатото

    rnКако што еднаш рекла Марија Робинсон: „Никој не може да се врати назад и да почне одново, но секој може да почне денес и да изгради нов крај.“ Вие не можете да го промените она што се случило, но можете да го промените начинот на кој ќе реагирате на тоа.rn

    10. Единствената личност која може да ве направи среќни сте вие

    rnКоренот на личната среќа доаѓа од нашата врска со себеси. Секако, други луѓе можат да имаат краткотрајни ефекти врз вашето расположение, но на крајот ништо не е поважно од тоа како вие се чувствувате однатре.rn

    11. Секогаш ќе има луѓе на кои не сте им драги

    rnНе можете да бидете сè на секого. Без разлика што се трудите да направите, секогаш ќе има некој друг кој ќе мисли поинаку. Затоа, сконцентрирајте се на тоа што сакате да го правите, бидејќи вашето срце секогаш е во право. Што другите мислат и велат за вас, не е важно. Она што е важно е како се чувствувате со самите себеси.rn

    12. Не секогаш ќе го имате тоа што го посакувате

    rnКако што вели Мик Џегер: „Не може секогаш да го добиете она што го сакате, но ако се обидете, понекогаш може да го најдете она што ви е потребно.“ Погледнете наоколу. Ценете ги работите кои ги поседувате во моментот. Многу луѓе не се толку среќни.rn

    13. Во животот, секогаш ќе го добивате она што ќе го вложите

    rnАко сакате да добиете љубов, тогаш пружете љубов. Ако сакате пријатели, однесувајте се како таков. Ако сакате пари, обезбедете вредност. Навистина е волку едноставно.rn

    14. Добрите пријатели ќе доаѓаат и ќе си одат

    rnМногу од вашите средношколски пријатели нема да бидат со вас и на факултет. Многу од вашите колеги од факултет нема да бидат дел од вашиот долгогодишен професионален живот. Многу од вашите колеги на работа нема да бидат тука кога со вашиот брачен другар ќе го носите второто дете на свет. Но, некои ќе бидат со вас во тие моменти. Тие пријатели, оние кои биле тука додека сте го поминувале сето тоа, тие се оние кои навистина се важни.rn

    15. Правењето истата работа секој ден го попречува созревањето

    rnАко го правите она што го правите, ќе продолжите да го добивате она што го добивате. Созревањето се случува кога ќе ги промените работите, кога ќе направите нови работи, кога ќе се протегнете надвор од вашата комфор зона.rn

    16. Никогаш нема да се чувствувате 100% подготвени за нешто ново

    rnНикој никогаш не се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави можност за нешто ново. Повеќето големи можности во животот нè тераат да созреваме надвор од нашата комфор зона, што значи дека нема да се чувствуваме сосема удобно или подготвени за тоа.rn

    И запомнете, обидувајќи се да бидете некој друг, ја губите личноста која навистина сте.rnСилата доаѓа од удобното чувство во сопствената кожа.

    rn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот е…

    Животот е…

    Животот е она што го доживувавме во сегашноста. Минатото е зад нас, иднината сè уште не е тука. Доколку не ги живееме моментите од сегашноста, не можеме да бидеме во контакт со нашиот сопствен живот. Доколку се фокусираме само на убавите работи кои ги сакаме, тогаш имаме шанса да живееме убав живот. Една убава мисла вели:rn
    rn

    „Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете  и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа.“

    rnПогледнете ги следните 20 слики кои ги покажуваат едноставните, но прекрасни работи во животот. Почнете веднаш да го чувствувате вашиот поинаку – уживајте во секој момент од сегашноста, бидејќи животот е:rnrn

    Животот е...
    Чувства
    rnrn
    Животот е...
    Среќа
    rnrn
    Животот е...
    Радост
    rnrn
    Животот е...
    Убавина
    rnrn
    Животот е...
    Љубов
    rnrn
    Животот е...
    Единство
    rnrn
    Животот е...
    Грижа
    rnrn
    Животот е...
    Верба
    rnrn
    Животот е...
    Слобода
    rnrn
    Животот е...
    Мир
    rnrn
    Животот е...
    Креација
    rnrn
    (12) Животот е...
    Фантазија
    rnrn
    (13) Животот е...
    Уметност
    rnrn
    Животот е..
    Сон
    rnrn
    (15) Животот е...
    Бајка
    rnrn
    (16) Животот е...
    Знаење
    rnrn
    Животот е...
    Уживање
    rnrn
    Животот е...
    Одмор
    rnrn
    Животот е...
    Раскош
    rnrn
    Животот е...
    Природа
    rnrn
    Животот е...
    Животот е убав, зар не?
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.