И додека гените си играат своја улога во сечие оформување како личност, интелигенцијата е нешто кое може константно да се подобрува. Со постојано работење на себе и применување на одредени техники, луѓето можат да го вежбаат својот мозок и да го подигнат нивото на интелигенција кое го имаат. Сѐ што е потребно е да почнете да ги применувате следниве 5 работи.rnrn
rn
1. Излезете од својата удобна зона
rnНовото е подобро и повозбудливо. Излезете од својата удобна зона и обидете се со нешто што е целосно непознато за вас. Наместо да се плашите и да се заштитувате од она кое не го знаете, отворете го својот ум за нови нешта, луѓе и искуства. Тие ќе ве направат многу побогати и ќе придонесат за ширење на вашите гледишта. Нова перспектива на гледање на работите е некогаш токму она што ви е потребно.rn
2. Предизвикувајте се
rnМногу луѓе мислат дека не се способни да направат нешто сѐ додека не се обидат и не увидат дека сепак можат. Токму затоа постојаните предизвици сѐ од голема корист. Единствен начин да го победите стравот е да се предизвикате себеси да го направите она од кое се плашите. На овој начин ќе ја победите несигурноста која ја чувствувате, ќе ја подигнете самодовербата и ќе му дадете до знаење на вашиот ум дека е способен за многу повеќе.rn
3. Бидете креативни во размислувањето
rnИ ова секако се однесува на фактот дека луѓето скоро секогаш играат на сигурна карта. Тоа што го знаат го прават на начинот кој го знаат и не се обидуваат да ризикуваат така што ќе размислуваат надвор од тие рамки. Но креативното и различно размислување носи многу придобивки со себе, а една од нив е таа што го развивате мозокот и го учите да размислува во повеќе насоки, што носи поголема продуктивност, успех и задоволство.rn
4. Одберете го потешкиот пат
rnПолесниот пат не е секогаш најдоброто решение за пристап кон некоја проблематика. Иако понекогаш е поважно брзо и лесно да ги завршите работите, почесто е од многу поголемо значење да се помачите и во тој процес да научите нешто повеќе. Кога ќе се предизвикате себеси да завршите нешто на поинаков и посложен начин од другите, вие ги тренирате своите умствени способности и ја подигнувате интелигенцијата на следното ниво.rn
5. Користете ја мрежата на познанства
rnЛуѓето кои имаат различни познанства се разликуваат од оние кои немаат по тоа што кога ќе заглават некаде, тие знаат кого да побараат да им помогне. Комуникацијата со луѓе кои ќе можат да ви покажат во која насока да одите кога вие самите не можете да ја најдете таа насока е од големо значење. Ќе научите нешто повеќе, ќе добиете искуство поинакво од она на кое сте научени и најважно од сѐ, ќе создадете мрежа на луѓе кои ќе ви се најдат кога ви е тоа потребно.rnrn
rnrnКонстантното и сигурното многу брзо досадуваат. Новото и различното, од друга страна, секогаш носат со себе некоја авантура. А зошто, кога можете, не би ја споиле авантурата со знаењето, на тој начин станувајќи малку поинтелигентни секој ден?



rnrnБевме на детски роденден кај едни пријатели, каде што беше ангажирано едно младо момче кое требаше да помогне околу сервирањето на пијалаците, храната и водење сметка за гостите да бидат секогаш задоволни и среќни. Уште од самиот почеток се виде неговата голема сериозност и посветеност во работата. Најинтересно е тоа што момчето немаше некое формално образование, туку беше самоук, работејќи по охридските ресторани и кафулиња. Еве неколку аспекти и детали кои јас ги забележав, а од кои може да се сфати што претставува професионалност во работата:rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn



rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЕдна од карактеристиките на забавната индивидуа е тоа што секогаш придонесува во разговорите. Тој/таа секогаш знае нешто интересно за споделување, како на пример, некои факти кои ве ќе изненадат или замислат. Оваа личност никогаш не стои на страна, слушајќи и кимајќи со главата на она што другите го говорат. Токму поради тоа, почнете да учите. Гледајте документарни филмови, читајте книги, сурфајте по интернет или едноставно учете од вашето лично искуство. На овој начин, вашите идеи и мисли побрзо ќе се создаваат и ќе имате многу нешта кои би можеле да ги споделите со вашите пријатели. Вие не само што ќе бидете позабавна личност, туку ќе бидете и во тек со она што се случува во светот.rnrn
rnrnКриењето во една просторија и поминувањето многу време со самите себе на никој начин не е интересно. Секој од нас одвреме-навреме има потреба да се изолира од светот, но не дозволувајте тоа да ви премине во навика. Забавните личности се секогаш опколени со други луѓе. Тие лесно започнуваат разговори, дури и со непознати луѓе. Токму поради тоа, почнете повеќе да излегувате од дома. Одете со пријателите во парк, на кафе или пак на забави. На овој начин ќе го проширите вашиот круг на познанства и истовремено ќе се забавувате многу повеќе од порано.rnrn
rnrnИнтересните личности едноставно знаат како да го привлечат вниманието на луѓето околу нив. И ништо на светов не може да привлече онолку внимание како среќата и смеењето. Овие две нешта функционираат како магнети за внимание. Доколку сакате да бидете во добро расположение, обидете се да бидете околу среќни луѓе. Избегнувајте ги оние кои секогаш ви префрлаат негативно расположение и тага.rnrn
rnrnИнтересните индивидуи никогаш не се обидуваат да бидат нешто што не се. Тие не ги имитираат останатите и не се преправаат дека се интересни. И најважно од сè, знаат дека доколку лажат, вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина и со тоа брзо ќе ја изгубат својата репутација. За да го одржувате вашето вистинско ЈАС, најдобро е да бидете во контакт со луѓе кои ве прифаќаат онакви какви што навистина сте. Обидувајте се да го намалите контактот со луѓето кои се обидуваат на каков било начин да ве сменат.rnrn
rnrnОна што ги одделува забавните луѓе од оние кои не се е нивната страст. Тие се опседнати со тоа што го прават и секогаш го прават она што ги прави среќни. Токму поради тоа планирајте ги вашите активности така што подоцна ќе ве одведат до она за што сте страсни. Исто така многу е добро доколку никогаш не престанете да го практикувате вашето омилено хоби.rnrn