КАФЕ ПАУЗА

Tag: жолта

  • За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

    За сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 година

    Институтот за бои „Pantone“ ги претстави боите што ќе ја одбележат 2021 година: сива (Ultimate Gray 17-5104) и светложолта (Illuminating 13-0647) – две независни бои кои совршено се поддржуваат една со друга.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by PANTONE (@pantone)

    rnrn

    rnrnrnСивата боја е симбол на цврсти и стабилни елементи во природата, како камчиња на плажа кои траат засекогаш. Оваа боја поттикнува чувство на смиреност, издржливост и стабилност.rnrnСветложолтата е боја на надеж и дава сила со својата енергија, јасност и желба да се надмине постојаната неизвесност во овие непостојани времиња, а особено на почетокот на новата година. Проткаена е со радост и повикувачки емоции.rnrnОд една страна, сивата е практична боја, додека светложолтата носи топлина и оптимизам. Оваа моќна комбинација на сила и позитивност ќе ве освои на прв поглед и пренесува порака за среќа, промисленост и пријателства во 2021 година.rnrnИнститутот за бои „Pantone“ ги објавува во декември своите предвидувања за годината што претстои врз основа на анализа на постојните модни трендови, технологии и економски услови. Според нив, 2020 година беше одбележана со класична сина боја (Classic Blue 19-4052), а претходната година со корална боја (Living Coral 16-1546).rnrnКомбинацијата на сива и светложолта боја е одличен избор во модните комбинации, но и во дизајнот на ентериерот. Погледнете ги фотографиите за да откриете како да ги вклопите боите на 2021 година во вашиот дом.rnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnЗа сила и надеж: Две бои што ќе ја одбележат 2021 годинаrnrnПогледнете како да ја декорирате спалната соба во жолти нијанси.

  • Како да имате руса боја на коса без жолтило?

    Како да имате руса боја на коса без жолтило?

    Бојадисувањето на косата дома, често завршува со непосакувана жолта боја наместо со руса или со платинеста боја. Ако ви се случило токму ова, не мора да се грижите затоа што постојат различни начини како да добиете руса боја на коса без жолта нијанса.rnrnКако да имате руса боја на коса без жолтило?rnrnЖолтилото најчесто настанува по бојадисувањето на тие коси што природно се потемни. Кај веќе светлата коса се препорачува бојадисување со боја која е за една или две нијанси посветла за да се избегне жолтата нијанса.rnrnВо текстот подолу дознајте зошто доаѓа до жолти нијанси по бојадисувањето и со помош на кои производи можете да ја отстраните несаканата жолта боја, за да ја добиете посакуваната руса коса.rn

    Зошто косата станува жолта по бојадисувањето?

    rnБојадисувањето на косата настанува со препарати за боење кои ја отстрануваат природната боја на косата за таа да стане посветла. Меѓутоа кај темната боја на коса (како црна или костенлива) многу е тешко да се отстрани топлиот пигмент кој се наоѓа во косата.rnrnСо самото бојадисување косата ќе осветли, но тешко се отстранува тој топол пигмент, особено кога се внимава косата да не биде толку оштетена по целиот процес. Затоа не се препорачува дополнително бојадисување ако косата ви излегла жолта.rnrnПостојат производи кои може да се се користат по бојадисувањето, а кои ја отстрануваат жолтата нијанса за да имате боја на коса каква што сакате. Се нанесуваат на косата по фарбањето на различен начин, во зависност од производот. Повеќе за тие производи дознајте понатаму во текстот.rnrnКако да имате руса боја на коса без жолтило?rn

    Средства кои ги отстрануваат жолтите тонови на косата

    rnСредствата што се користат за отстранување на жолтите тонови од косата се хемикалии кои дејствуваат на различни начини за да ги отстранат топлите тонови. Во принцип, вашиот фризер треба да ги користи овие производи по бојадисувањето. Меѓутоа, ако вашата жолта коса е резултат на бојадисување дома, можете да ги купите овие производи и да ги примените сами за да ја поправите бојата.rnrnАко купувате тонер или специјален шампон внимавајте која боја ќе ја одберете.rnВиолетовиот тонер или шампон се користи за отстранување на жолтата боја, додека синиот тонер или шампон се препорачува за отстранување на портокаловите нијанси на косата.rn

    Тонер

    rnТонерот се користи по бојадисувањето за да се отстранат жолтите нијанси со помош на ладни тонови и да се добие руса или платинеста боја. Покрај отстранување на несаканите тонови, тонерот служи и за додавање сјај на косата. Може да биде траен или полутраен и трајноста му е од 3 до 8 недели во зависност од тоа колку често ја миете косата.rnrnТонерот може да го користите и дома, но треба да внимавате затоа што се работи за многу јако хемиско средство. Затоа е многу полесно да им се препуштите на стручните лица од фризерските салони.rnrnСо тонерот треба да користите и едно пакување „развивач“ (девелопер) со волумен од 30-40%. Не користете појак затоа што може да ви ја оштети косата и да предизвика косопад. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството.rn

      rn 011

    1. Треба во сад да ги измешате „развивачот“ и тонерот во сооднос 2:1.
    2. rn 011

    3. Смесата внимателно се нанесува на косата, исто како при бојадисување.
    4. rn 011

    5. По 30 минути од нанесувањето измијте ја косата со ладна вода и потоа нанесете од вашиот шампон и балсам за после миење.
    6. rn 011

    7. За ефектот од тонерот да трае подолго, се препорачува да користите шампон за обоена коса.
    8. rn

    rnКако да имате руса боја на коса без жолтило?rn

    Виолетов шампон

    rnВиолетовиот шампон не е толку моќен како тонерот, бидејќи е наменет за секојдневна употреба, што го прави полесна опција. Овој шампон можете да го најдете во блиската аптека.rnrnСе користи неколку пати неделно и го менува вашиот вообичаен шампон.rnПред миење, натопете ја косата со топла вода за да ги отворите кутикулите, нанесете виолетов шампон, нежно вмасирајте го во вашата коса и оставете го да дејствува 5-10 минути за најдобри резултати. Потоа исплакнете ја косата со ладна вода. Прочитајте ги и следете ги упатствата за користење на овој шампон.rnrnЗа најдобар ефект се препорачува да се користи на секои две до три миења. Прекумерната употреба на виолетов шампон може да остави виолетова нијанса на вашата коса и дополнително да ја исуши.rn

    Оцет

    rnЕдна од поприродните методи, што понекогаш се препорачува, е да се користи јаболков оцет. За оваа смеса потребно е да се измешаат:rn

      rn 011

    • 2 лажички јаболков (или бел) оцет
    • rn 011

    • 470 мл вода
    • rn

    rnСмесата се нанесува низ целата коса, од корените до врвовите и се остава да отстои 15 минути. Не се препорачува да се остава повеќе од 15 минути, бидејќи киселината во оцетот може да ја оштети косата.rnrnПо 15 минути исплакнете ја косата и нанесете балсам за после миење, како и обично. Ако ова не е доволно за да го отстраните мирисот на оцет од вашата коса, користете и шампон и балсам.rnrnНекои, исто така, додаваат неколку капки виолетова боја за храна во оваа мешавина, за таа да помогне во отстранувањето на жолтите нијанси. Но, ако не сте сигурни во исходот, подобро ви е да се придржувате до докажаните методи.rnrnНе знаете за која нијанса на руса коса да се одлучите? Еве еден врвен водич за блондинки со кој треба да појдете на фризер.

  • Сега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!

    Сега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!

    Кога Меланија Трамп го потврдува тоа, тогаш знаете дека сте на вистинскиот пат.rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСо цел нешто да се прогласи како моден тренд, обично е потребно најмалку три дизајнери да извадат одреден модел, крој, детали или во овој случај – боја.rnrnЗа сезоната пролет-лето 2019, бојата што доминираше на пистите на модните недели во светските метрополи беше жолтата, и тоа многу жолта! Смело? О, да. Доволно е само едно парче во оваа боја, за целиот изглед да стане впечатлив.rnrnСепак, дизајнерите отидоа чекор понатаму и ни препорачаа да носиме жолто од глава до пети. Во облик на комбинезони, фустани, комбинации на панталони и сакоа… За што и да се определите, нема да згрешите.rnrnНеодамна овие комбинации беа промовирани од Меланија Трамп и Ева Лонгорија, уште истиот ден! Еве како тие и други модели и познати личности ја носат оваа боја…rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnСега е официјално: Оваа боја е главен летен тренд!rnrnrnrnПовеќе инспирација ќе најдете на следната страница…rnrn

  • Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

    Жолтата боја е совршена за вашиот маникир ова лето

    Со доаѓањето на летните денови, време е да се одмориме од темните бои на лакови. Без разлика дали сакате маникирот да го искомбинирате со посветли бои на облека или со бои кои се моментално популарни, жолтата нијанса на лак ќе ја „зачини“ секоја модна комбинација. Исто така, потемнетиот тен дополнително ќе се истакне со некој интересен жолт маникир.rnrnИако вообичаено жените преку лето бираат пастелни и корални нијанси, интензивните и впечатливи нијанси на жолта боја ќе изгледаат одлично на вашите нокти.rn

    1. Класичен маникир

    rnЖолтата боја е совршена за вашиот маникир ова летоrnrnЗа едноставен маникир изберете класична жолта нијанса. Ваквите нијанси лесно се вклопуваат во сите стилови, од лежерен до елегантен, а прикладни се и за различни поводи. Нежните жолти нијанси, исто така, прилегаат на секоја должина и облик на нокти.rn

    2. „Диско стил“

    rnЖолтата боја е совршена за вашиот маникир ова летоrnrnДоколку сте расположени за светки и маникир во „диско стил“, наш предлог се златните нијанси со дополнителни светки. Доколку го одберете овој маникир, ви советуваме остатокот од комбинацијата да ви биде во понежни тонови, со цел ноктите да дојдат до израз.rn

    3. Тродимензионални украси

    rnЖолтата боја е совршена за вашиот маникир ова летоrnrnМожеби не се за секого и за секоја прилика, но тродимензионалните украси за нокти не излегуваат од мода. Најчесто одговараат за посебни прилики, кога вашите нокти ќе изгледаат како малечки ремек-дела.rn

    4. Цветни детали

    rnЖолтата боја е совршена за вашиот маникир ова летоrnrnЗа свеж и разигран изглед на ноктите одберете цветни украси во жолта боја. Самиот цветен детаљ ќе привлече внимание. Доколку сакате подискретен изглед, едниот нокт украсете го на овој начин, а останатите нокти налакирајте ги во посакуваната пастелна нијанса.rn

    5. Летни мотиви

    rnЖолтата боја е совршена за вашиот маникир ова летоrnrnДоколку едноличниот маникир веќе ви е досаден, бидете креативни и направете еден „направи сам“ проект – на жолта основа со црн лак нацртајте сонце. Исто така, со црни и жолти едноставни линии можете да постигнете изглед на пчелка. Многу едноставно, а многу интересно.rnrnЖолтата боја е идеална за комбинирање со други бои и во различни модни комбинации. Дозволете ѝ на вашата креативност да дојде до израз и дизајнирајте жолт маникир по ваш вкус.rnrnПогледнете ги овие магично дизајнирани нокти кои раскажуваат цели приказни.

  • Жолта – боја која ја лечи зимската депресија

    Жолта – боја која ја лечи зимската депресија

    Како што температурите се спуштаат до нулата, а над градот почнуваат да владеат маглата и сивилото, така и мрачните бои доминираат на нашата облека. Секоја чест и на црната и на сивата боја, бидејќи се класика и со нив нема простор за грешки. Но, да бидете од глава до пети облечени во нив, во комбинација со зимски капут, јакна, чизми, панталони, шал и капа е навистина премногу и станува досадно. Бојата која ќе ја освежи модната комбинација, како и вашето расположение е дефинитивно жолтата. За среќа, бутиците се преполни со неа.rnrn4-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_rnrnСекако, спектарот на боите за пролет и лето наликува на амазонска прашума, додека во текот на зимата се претвораме во вистински мрачни души. Ова и не е толку чудно, бидејќи и психолошки е докажано дека времето влијае врз нашето облекување, а облекувањето пак може да влијае врз нашето расположение. Во текот на зимата често сме безволни, без енергија, мрачни како нашиот црн капут.rnrn1-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_rnrnЗа да ја избегнете таа зимска депресија, наместо одлуката да облечете класичен црн капут, одлучете се за малку поинаква боја.rnrn2-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_rnrnНаша препорака, но и препорака од психолозите е – жолто. Според славната онлајн платформа која ги диктира популарните бои за сезоната, Пантоне, жолтата боја обележува среќа, надеж, топлина, љубов, и генерално добро чувство. На таа група припаѓаат и силно портокаловата, па и црвената боја. Од студениот спектар на бои тука е зелената која ни помага да се избориме против зимската депресија.rnrn6-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_rnrnЗамислете само како би изгледал жолтиот капут до колена во морето од црни, сиви и темносини капути. Исто така, ако мислите дека капутот или јакната се премногу впечатливи за ваш вкус, тогаш размислите за некоја блуза или кошула. Понекогаш, и жолтата долна облека, иако никој не може да ја види, може да ве развесели и расположи.rnrn5-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_rnrnИсто така, модната индустрија веќе илјада пати кажа: „Правилата се тука за да се кршат!“ Тоа значи дека ако е врежено правилото во зима да се носат темни бои, не значи дека мора да се држите до него.rnrn3-ja-sakame-vednash-vo-nashiot-garderober-ova-boja-ja-lechi-zimskata-depresija-www.kafepauza,mk_rnrnИсто така, иако ние ве советуваме да се одлучите за жолт капут или бунда, ако вас ве радува сивата боја, тогаш слободно одлучете се за него. Но, доколку изберете да бидете модерни и поразлични во текот на зимата, тогаш погледнете како да ја комбинирате жолтата боја според вашиот тен.

  • Оваа година на модната сцена ќе преовладува жолтата боја: Еве како да ја комбинирате според вашиот тен

    Оваа година на модната сцена ќе преовладува жолтата боја: Еве како да ја комбинирате според вашиот тен

    Жолтата боја е прекрасна, весела а и тешка за да ја комбинирате со вашата облека. Но, бидејќи е предвидено таа да биде една од боите кои ќе бидат тренд оваа година, време е да научите како да ја пронајдете вистинската нијанса за вашиот тен.rn

    Ако вашиот тен е среден и топол

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnДали вашата кожа е со златна боја или пак боја на праска? Светло жолтата боја е одлична за топлите тенови на кожата, па затоа изберете нијанса на сонце или ананас.rn

    Темен и неутрален тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnСветло жолтата боја изгледа прекрасно на подлабоките тенови на кожата – заситените нијанси одговараат со други темни бои.rn

    Ако имате посветол и неутрален тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnАко имате светол тен тогаш за вас одличен избор се средно-жолтите бои, a убава маслена сенка ќе изгледа прекрасно на кожен материјал.rn

    Ако имате среден и студен тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnИзлезете храбро носејќи маслени сенки. Нема да зажалите кога облечете палто во друга боја преку вашите рамена, па ќе бидете наградувани со комплименти.rn

    Ако имате топол тен

    rnЖолтата боја е во тренд: Еве како да ја комбинирате во согласност со вашата боја на кожаrnrnБојата во нијанса на цитрон ќе ви прилега најдобро. Во постудените месеци, комбинирајте ја со сиви антилоп детали за да бидете соодветни за сезоната.rnrnЗа да видите уште комбинации, преминете на наредната страница…rn

  • Едноставни, а истовремено и шик модни комбинации за оваа пролет

    Едноставни, а истовремено и шик модни комбинации за оваа пролет

    Кога во пролетта сè ќе расцвета и заблеска, тогаш зошто и вие да не сјаете во вашите нови пролетни комбинации? Комбинациите кои се составени од едноставни дневни парчиња, а имаат занимливи дезени, се сосема доволни за да изгледате шик модерно. Понекогаш кога многу повеќе се обидувате да изгледате убаво, но не премногу елегантно, токму тогаш одите во крајност и добивате аутфит кој е со многу повеќе детали, непотребни украси и погрешени комбинации. Затоа не обидувајте се премногу додека ги спојувате парчињата, туку обидете се да се фокусирате на две основни парчиња, а еден од нив нека привлекува малку поголемо внимание, односно да ја води целата модна приказна. Затоа ние подготвивме неколку едноставни, шик модни комбинации кои може да ви послужат како инспирација за оваа пролет.rnrn1-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    1. Покажете ги вашите рамена

    rnБлузите кои се спуштаат преку рамената се одлично дневно парче кое може и наједноставната комбинација да ја подигне на повисоко ниво. Со топлите денови е пожелно да покажете и малку повеќе кожа, а овој модел на блузи е одличен пример за тоа. Доколку не сте сигурни во себе за да обуете кратко здолниште или блуза со деколте, секогаш можете да ги откриете рамената. Овој дел од телото изгледа предизвикувачки, па дури иако сте добиле некое кило во текот на зимата. За да направите одличен баланс помеѓу горниот и долен дел, најдобро би било заедно со оваа блуза да облечете „конзервативно“ парче облека, како што се пантолоните или здолништето со средна должина.rnrn2-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_ 4-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_ 3-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    2. Носете го сонцето со вас

    rnЗа време на сончевите денови идеално би било малку да ја разведрите палетата на бои во својата гардероба, а тоа најдобро ќе го постигнете со тоа што ќе ја додадете жолтата боја во своите комбинации. Можете да облечете нешто жолто во горниот дел, како блуза или кошула, но исто така и долниот дел би изгледал одлично во оваа весела боја, па така немојте да се плашите да облечете жолти пантолони или жолто здолниште. Кога ќе се јави дилемата како да ги споите жолтите парчиња со останатите бои, тогаш е најдобро да имате еден жолт фустан и да не си правите додатни проблеми на себе. Секако ќе изгледате софистицирано со малку жолта боја во своите модни комбинации за оваа пролет.rnrn5-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_ 6-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_ 7-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_rn

    3. Сено и слама

    rnКога сонцето ќе го заземе својот трон, дури и во пролетните денови, може да се каже дека знае прилично да загрее, а тогаш веќе ви се потребни детали кои ќе ве заштитат од штетното зрачење. Шеширите од слама се совршени за овој период од годината, а секоја комбинација може додатно да ја освежат. Како и добрите очила за сонце, така и шеширите претставуваат аксесоар кој е убав и корисен.rnrn9-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_ 8-ednostavni-a-istovremeno-i-shik-modni-kombinacii-za-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

  • Имате аксесоари во жолта боја? Еве како да ги носите оваа сезона!

    Имате аксесоари во жолта боја? Еве како да ги носите оваа сезона!

    Самиот поглед на жолтата боја предизвикува различни чувства кај луѓето. Повеќето ги асоцира на сонце и среќа, но на некои не им се допаѓа тој блесок што го овозможува истата. Ист е случајот и кога станува збор за модните комбинации во оваа боја – на многумина им го поправаат расположението и затоа одбираат да ги носат, додека на останатите им смета толкава количина жолта боја на себе. Но, немојте да се откажувате од оваа прекрасна боја, бидејќи и за неа има решение. Доколку навистина ви е премногу да носите панталони или јакна во жолта боја, тогаш одлучете се за детали, кои ќе ја освежат комбинацијата, но и ќе го поправат вашиот ден.rnrnЗа изборот на оваа боја можеме да кажеме дека има поголема врска со тоа каква личност сте, отколку со тоа каков е вашиот стил. И затоа е многу важно да се чувствувате пријатно додека ја носите. Доколку барате идеи на кои начини можете да ја носите жолтата боја во наредната сезона, тогаш сте на вистинското место, бидејќи ние ви нудиме неколку предлози кои веднаш ќе ве освојат.rnrn1-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_rnrnСекогаш можете да започнете со чанта во оваа весела боја. Таа ќе ја „разбие“ монотонијата на еднобојната комбинација и ќе донесе нов изглед на веќе носеното парче гардероба. Доколку мислите дека жолтата боја е тешко да ја вклопите со останатите бои, се лажете, бидејќи таа баш поради нејзината силина одлично се вклопува со многу бои и им дава нова димензија. Фантастично се вклопува со сината, зелената, па дури и виолетовата и циклама боја. Особено ако жолтата е застапена во деталите и чантата, тогаш е вистински погодок, бидејќи ќе имате парче кое ќе им даде нов изглед на старите комбинации. Со црната и белата боја се подразбира, па тука нема да се задржиме.rnrn2-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 3-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_rnrnКаишот во жолта боја ќе биде одличен избор баш тогаш кога ќе сакате нешто мало, скоро невидливо, со цел да ја освежи еднобојната комбинација, а не сте сигурни точно што би можело тоа да биде. Тенок каиш ќе им даде светлост на темните парчиња гардероба.rnrn4-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 5-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_rnrnДа носите пар жолти обувки значи дека ги сакате новите трендови, кои се вклопуваат со вашиот женствен стил кој го негувате. Можете да ги носите со сите комбинации, започнувајќи од тексас, лежерни и секојдневни, па сè до шик стајлинг за вечерно излегување. А, доколку сте девојка која најчесто е во фармерки и патики, тогаш немојте да ги заобиколите оние класични, но жолти патики, кои на секоја лежерна комбинација ќе ѝ додадат малку боја и живост.rnrn7-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_rnrn6-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_rnrnМарамите или аксесоарите за коса во весела жолта боја се само уште еден начин како вашите модни комбинации да заблескаат, но на умерен и сведен начин кој ќе ви се допадне. Марамата во жолта боја на еднобојна кошула никогаш нема да биде погрешен избор, а можете и да ја врзете на рачката од вашата чанта и на тој начин да му дадете нов шмек на веќе старото парче. Панделките и венчињата за коса, доколку вашата коса е темна, можат да бидат еден од интересните начини да покажете смелост и креативност во комбинирањето.rnrn8-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 9-imate-aksesoari-vo-zholta-boja-eve-kako-da-gi-nosite-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_rnrnИ за крај, доколку овие жолти детали претставуваат премногу боја за вашиот вкус, тогаш ви препорачуваме накит во златна боја, кој можеме го ставиме во категоријата на жолти нијанси. Накитот во металик златна боја секогаш може да го збогати изгледот за кој сте се одлучиле и да додаде додатна доза луксуз и елеганција во вашиот стил.

  • 5 одлични пролетни диети

    5 одлични пролетни диети

    Зимата пројде, па време е конечно да се ослободиме од вишокот килограми, кои ги наталоживме во овој период од годината. Ова се 5 одлични диети кои ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате подобро и поудобно во сопственото тело за време на прекрасната пролет.rnrnПет одлични пролетни диетиrn

    Сончева диета – жолта боја за витка става

    rnСончевата диета не треба да трае повеќе од 8 дена, а за нејзиното времетраење можете да изгубите до четири килограми. Основно правило е да консумирате само жолти производи, како диња, банана, тиква, крушки, кашкавал и слично.rn

    Алкална диета – препорака од холивудските ѕвезди

    rnАлкалната диета е хит помеѓу холивудските ѕвезди, а се заснова на одржување рамнотежа во организмот на база на кисели продукти. Оваа диета не само што може да ви помогне да ослабете, туку го штити и здравјето. Суштината е во тоа што секојдневно, покрај оброкот, морате да внесувате и кисела храна, во сооднос 4:1, за да го постигнете посакуваниот баланс во организмот.rn

    Лимон диета – експресно слабеење

    rnЛимонската диета е вистинска бомба од витамин Ц, а со еднонеделно придржување можете да изгубите еден конфекциски број. Додадете 2 лажици сок од лимон во 30 децилитри вода заедно со две лажички јаворов сируп и малку чили. Овој сок пијте го во текот на целата недела, 5 пати дневно. Во текот на неделата не смеете да јадете ништо друго, а дополнително смеете да консумирате домашна супа од зеленчук и билни чаеви.rn

    Диета со туна – 1,5 килограми помалку за само 3 дена

    rnОваа диета можа да ви помогне без голем напор да загубите 1,5 килограми за само 3 дена. Звучи одлично, зарем не? Диетата се држи 3 дена, а потоа треба да се јаде нормално. Секој ден се јаде по една порција туна, а дополнително можете да јадете салата и супа. Дозволени се и чајот, црното незасладено кафе и водата.rn

    Банана диета – лесно и слатко

    rnПотребно е секое утро да јадете една банана и да пиете чаша вода, а во текот на денот можете нормално да јадете. Додека трае диетата не смеете да консумирате алкохол, да јадете сладолед и други слатки работи. Исто така препорачливо е да пиете поголемо количество вода во текот на денот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

    Што кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

    Дали кога ќе го отворите вашиот плакар гледате шаренило од секакви бои или сепак до некој степен преовладуваат нијанси на една боја? Бојата која ја носиме, не значи само дека сме ја одбрале бидејќи била привлечна за нашето око, туку и кажува многу за она што е под облеката. Што кажува за вас бојата која преовладува во вашиот плакар и каква перцепција имаат другите за вас?rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Црна

    rnЦрната боја асоцира на авторитет и моќ, па затоа вие сте личност која не се плаши целосно да ја преземе ситуацијата под своја контрола и да ужива во функцијата која ја има. Црната боја често ја носат луѓе со високи функции и авторитет, како политичарите или оние со важни функции во фирмите. Станува збор за елегантна боја која ве прави повитки. Плус, одговара за секоја пригода, од погреб до венчавка.rn

    Бела

    rnБелата боја се поврзува со едноставноста. Вие сте весела и едноставна личност која не сака комплицирање на работите. Исто така, доколку оваа боја преовладува во вашиот плакар, значи дека сте педантна личност која ја сака чистотата. Баш затоа успевате толку често да носите бело без видливи дамки од кафе или некаков оброк.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Сива

    rnСивата боја значи софистицираност. Им дава до знаење на луѓето околу вас дека сте самоуверена личност која мисли и донесува одлуки самата за себе. Без страв ги презентирате вашите одлуки и ставови пред другите. Сивата е одлична боја за бизнис средби, романтични состаноци или интервјуа за работа, бидејќи покажува дека сте самоуверени и се чувствувате добро во вашата кожа.rn

    Кафена

    rnОваа боја е знак на стабилност, луѓето можат да се потпрат на вас. Покажува дека уживате во удобноста на животот, но не преферирате промени. Едноставно сакате да играте на сигурно.rn

    Сина

    rnВие сте опуштена, релаксирана и кул личност и не сте многу импулсивна. За посериозни настани, како интервју за работа, одбрете потемна нијанса, како морнарско сина. Но за порелаксираните моменти, одберете посветли нијанси како небесна сина.rn

    Розова

    rnДоколку сте љубител на розовите нијанси, вие сте чувствителна личност со големо срце која се чувствува убаво самата за себе. Кога луѓето носат розова боја изгледаат достапни и способни да ги сакаат луѓето околу себе.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Зелена

    rnЗелената ги поттикнува убавите чувства и доброто расположение кај вас, но и кај оние околу вас. Испраќате позитивни и смирувачки вибрации. Можеби тоа е така бидејќи зелената боја асоцира на топла пролет по ладната зима.rn

    Жолта

    rnОваа боја покажува дека сте забавна личност која сака убави моменти и секогаш е подготвена за забава. Вие ги асоцирате луѓето на топло сонце кое го разубавува денот. Секогаш имате одличен избор на облека за опуштена летна забава.rn

    Црвена

    rnВие сте страсна личност која умее да сака. Црвената боја се асоцира со љубов и романса. Ова е бојата која најмногу ги привлекува мажите. Кога се подготвувате за важен настан или романтичен состанок со личност која многу ви се допаѓа, нема да згрешите доколку се одлучите за вашата омилена боја – црвена.rn

    Виолетова

    rnБоја на креативноста. Им покажува на луѓето околу вас дека сте способни да размислувате „надвор од кутијата“. Не се плашите да ги правите работите поинаку од другите и често ја гледате убавината во места каде другите најчесто не ја гледаат. Па кога сакате да се инспирирате себеси или некој друг, носете виолетово!rn

    Портокалова

    rnПортокаловата е бојата на луѓето со богат социјален живот, кои лесно се впуштаат во разни разговори и познанаства. Им кажува на луѓето дека не сте затворени во себе, дека сте опуштени и дружељубиви.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?