Доколку се удобни, костимите за мачки и кучиња можат да бидат брилијанти, но досега не сме имале можност да видиме олку мали изданија, како за ова малечко морско прасе. Станува збор за Фaзберта, неодоливото животинче кое е вистинска дива и која обожава да облекува разновидни костими и да споделува фотографии од нив на Инстаграм. Фазберта, заедно со својата поголема сестра се толку слатки што нема да можете да го тргнете вашиот поглед од нив. Погледнете…rnrn
rnrn
Tag: животно
-

Запознајте ја Фазберта, морското прасе со најслатките мали костими
-

По 20 години криење од човештвото, повторно е забележано ова мало суштество кое наликува на неодоливо плишано мече
Станува збор за животно чиј изглед наликува како да е комбинација од мече, верверица и зајак кое не било забележано повеќе од 20 години. Погледнете ги само неговите уши и тоа слатко носе…rnrn
rnrnОва животно е познато како пика (Ili pika) и е забележано само во кинеските планини Тиан Шан. Прв пат било откриено во 1983 година и оттогаш досега се забележани помалку од 30 примероци од неговиот вид. Но, она што е најинтересно е дека тие толку добро се кријат, што сè до претходниот месец научниците верувале дека биле истребени.rnrn
rnrnПиката е само 20 сантиметри долга и е близок роднина на зајаците. Тие ги поминуваат деновите јадејќи трева и билки и играјќи си криенка во карпите на планините. Според Интернационалната заедница за заштита на природата, ова животно е загрозен вид и се верува дека постојат помалку од 2.000 припадници чиј број постојано се намалува.rnrn
rnrnПроблемот е што тие се навикнати да живеат во студена околина и можат успешно да задржуваат топлина поради нивните мали уши, кратки екстремитети и сферичен облик на телото. Токму затоа животот на повисоки температури може да предизвика тие да умрат од топлина. За жал светот изобилува со зголемени температури поради промените во климата, па токму затоа иднината не изгледа светла за пиката.rnrn
rnrnВејдонг Ли, научникот кој прв пат го открил овој вид, се обидува да создаде соодветна околина за зачувување на пиката, но досега неговиот труд е залуден. Ние искрено се надеваме дека тој ќе успее да најде начин да го спаси ова слатко и уникатно животно…rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Црвената панда без сомнение е најслаткото животно на светот
Зарем би можело да постои послатко животно од ова на нашава планета? Црвените панди се мали цицачи кои потекнуваат од источните Хималаи и југозападна Кина. Се претпоставува дека постојат помалку од 10.000 возрасни црвени панди и дека нивниот вид е загрозен поради промената на живеалиштето. Тие се малку поголеми од домашна мачка, со црвеникаво-кафено крзно и се исхрануваат со бамбуси, но и со јајца, птици, инсекти и помали цицачи.rnrn
rnrnИ покрај тоа што во текот на денот ова неодоливо животно претежно спие, сепак се случува одвреме-навреме да ги отвори своите мали очички и да погледне директно во фотоапаратот на фотографите, како да сака да нè поздрави… Погледнете…rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Откријте што вашето омилено животно зборува за вашиот карактер
Во оваа листа од 10 животни се наведени оние кои луѓето најчесто ги сметаат за омилени. Луѓето кои имаат исто омилено животно имаат некои сличности во карактерот. Кое животно ви е вам омилено?rnrn
rnКит
rnСамокритични сте, но тоа не значи дека не знаете да се забавувате. Вие сте дружељубиви, но не се плашите да се изолирате од сите доколку почувствувате дека вашите ставови се загрозени.rn
Був
rnИсклучително сте интелигентни, но не и чувствителни. На животот гледате прагматично, а вашиот перфекционизам води кон успех.rn
Мачка
rnДопадливи сте и паметни, но и по малку повлечени. Имате големи идеали, сакате да патувате и да истражувате нови нешта. Не сте трпеливи кога се во прашање застарени идеи.rn
Куче
rnЛојални сте кон луѓето кои ги сакате и интуицијата ретко ве има изневерено. Понекогаш делувате грубо, но внатре ви чука златно срце кое сака да си игра.rn
Делфин
rnИмате афинитет кон сè што е убаво и пружа задоволство. Никој нема подобар вкус од вас. Интелигентни сте, сакате да се дружите и можете да се потпрете на различен тип на луѓе.rn
Лисица
rnНикој не би можел да ве обвини дека не водите грижа за себе. Независни сте и паметни, па на тој начин го креирате својот имиџ. Страсни сте и упорни во намерата да го добиете она што го сакате.rn
Волк
rnВи сте личност која сака високи стандарди, ориентирани сте кон себе, но воедно сте и сигурни во себе и одговорни.rn
Лав
rnКаде и да се појавите, вие сте во центарот на вниманието, а луѓето често ви се додворуваат како резултат на вашето однесување. Си имате поставено високи цели, но знаете и како да ги искористите своите потенцијали за да ги остварите.rn
Тигар
rnПрви сте во се што правите, непогрешливи и бестрашни. Некои може да помислат дека сте агресивни, но вие всушност само сакате да бидете непосредни во вашите намери.rn
Слон
rnИмате неверојатна моќ да останете смирени во кризни ситуации. Правите сè за луѓето кои ги сакате.
-

Откријте што сте во хороскоп според ѕвездениот календар
Зарастристичкиот систем е предвесник на сите подоцнежни астролошки системи, па и на современите. Во календарот на зарастристиката се разликуваат 12 месеци, секој во времетраење од 30 дена. Вишокот од 5 дена (или 6 во престапна година) се нарекуваат нулти денови или денови на плач и навреда за напразно потрошеното време. Годината започнува со рамноденица од 20-22 март.rnrn
rnrnОвој хороскоп (наречен уште и пресиски) го добил името според пророкот Заратруста. Секој месец во ѕвездениот календар е поврзан со одреден тотем, односно животно кое го претставува карактерот на личноста родена во конкретниот хороскопски знак. Тоа животно се смета за негов заштитник. Но секој знак има и свој антитотем – мрачната страна на личноста. Антитотемот нѐ доведува во искушенија, тој е како ѓаволот. Човек чиј тотем е ваш антитотем ви е непријател, бидејќи тој ги познава вашите мани и доблести подобро од кого било, па е во состојба да ве погоди онаму каде што сте најслаби.rnrnПронајдете го вашиот тотем и прочитајте што ве чека.rnЕж (21 март – 19 април)
rnКвалитети: бестрашност, верност, големи животни целиrnrnКарактерни особини и изглед: среден раст, добра градба, остар нос и накострешена косаrnrnЕжот во себе носи две спротивставени природи: едната е сурова и немилосрдна, навикната на строг поредок, скептично расположена; додека другата е сентиментална и добронамерна. На прв поглед, ежот делува недостапен, но оние кои имаат блиски контакти со него можат да посведочат колку е нежен и сочувствителен. Верува во една љубов за цел живот. Ако доживее разочарување во младоста, многу често останува сам до крајот на животот и тогаш сосема се посветува на работата, најчесто во областа од науката.rnrnАнтитотем – змија: Грациозна, магнетски привлечна, однадвор заводлива, но носи многу мрачни работи во себе. Напаѓа така што ги „успива“ противниците кои ќе стекнат доверба во неа и им задава удар кога најмалку очекуваат.rn
Слон (20 април – 19 мај)
rnКвалитети: моќ, здрав разум, упорност, добра меморијаrnrnКарактерни особини и изглед: висок раст, крупна градба, изразени црти на лицетоrnrnСлонот ретко се збунува, нетрпелив е, упорен, сериозен и темелен. Неговиот дом и семејството се под голема заштита. Тој е одличен домаќин. Ако слонот ви е пријател, тој ќе ви помогне по секоја цена. Ако треба и планини ќе помести за вас. Нему можете да му ја доверите најодговорната и најтешката работа. Тој е одличен раководител.rnrnАнтитотем – глушец: Суетен, без здрава амбиција, зајадлив, пресметлив, на прв поглед снаодлив. Умее да се снајде во секакви околности, но кога ќе му згусне бега во својата дупка.rn
Златен зајак (20 мај – 18 јуни)
rnКвалитети: оптимизам, големи познавања во разни области, тежнеење кон совршенствоrnrnКарактерни особини и изглед: нежно овално лице, златести кадрици, складна фигураrnrnВнесува радост и смеа во секое друштво. Духовит е, темпераментен и речит. Нема некој со кого не може да најде заеднички јазик. Многу е шармантен и знае да се забавува. Се труди да не им создава проблеми на другите. Зајакот како да е заштитен од некоја виша сила во сите полиња. На пример, кога е болен, најдобриот лекар случајно ќе биде на смена, ако купи ливче за лото, големи се шансите дека ќе добие премија. Има одлично здравје и долго останува млад.rnrnАнтитотем – воден стаорец: Злобен, пренесува зараза од секој вид, се вмешува во сплетки, кавги и клетви. Лукав и расипан, но притоа не баш паметен. Амбиции не му недостасуваат. Во секој момент е подготвен за напад.rn
Дабар (19 јуни – 18 јули)
rnКвалитети: вреден, професионален, патриотrnrnКарактерни особини и изглед: среден раст, надуена градба, чуден, но брз од, ненадејни движења и гласно изразување радостrnrnНајдобрата животна улога за него би била онаа на професор или учител. Тој со задоволство ги споделува своите знаења со други. Веднаш наоѓа заеднички јазик со децата. Дружејќи се со него, луѓето ги покажуваат своите најдобри особини. Дабарот често треба да направи тежок избор: помеѓу приватниот живот или науката, помеѓу образованието или во професијата… Што и да одбере, сигурно ќе биде успешен.rnrnАнтитотем – пајак: Црн, кревок, обично со пискав глас и појава која веднаш паѓа во очи. Ги има научено манирите, но не може да се рече дека делува фино. Напаѓа зад грб кога има шанса, а кога нема, зајадливо навредува пред сите.rn
Орел (19 јули – 17 август)
rnКвалитети: чесен, одлучен, дисциплиниранrnrnКарактерни особини и изглед: висок раст, достоинствено држење, крупни очи и остар профилrnrnОрелот скоро не може да направи нешто недостојно. Тој има вроден кодекс на честа. Судбината често го наградува со добар живот и голема среќа во љубовта. Тој често се заљубува на прв поглед, а ако чувствата се взаемни, како во бајка заедно ќе заминат во палатата.rnrnАнтитотем – скакулец: Сее злоба помеѓу луѓето, непредвидлив и лесно може да избега. Зад своите дела остава пустош и несреќа од кои луѓето тешко се опоравуваат.rn
Вепар (18 август – 16 септември)
rnКвалитети: витештво, душевна чистота, проникливостrnrnКарактерни особини и изглед: среден раст, силна градба, немирна коса, ситни очиrnrnВепарот е жесток и секогаш се движи директно кон целта. Знае да се снајде и во најтешките ситуации. Преферира физичка работа, па затоа често има бавча или имот. Тој е во потрага по својата сродна душа и по правило, дури во зрелите години основа семејство околу кое ќе му се врти целиот живот. Обично има многу деца.rnrnАнтитотем – крокодил: Не сака никого и ако може да напакости, со задоволство ќе го направи тоа дури и ако нема некоја особена корист. Чека поволен момент за да го нападне и уништи противникот. Ако е потребно, со години ќе седи мирен и ќе се подготвува за напад.rn
Коњ (17 септември – 16 октомври)
rnКвалитети: слободољубие, тврдоглавост, постојана потрага по нешто новоrnrnКарактерни црти и изглед: витка градба, станува покрупен со годините, долг врат, тесно лицеrnrnКоњот внесува ведрина во секое друштво. Сака да биде окружен со многу луѓе и ја сака тимската работа, кога до израз доаѓаат неговите најдобри особини. Добро се чувствува во големо семејство. Главно има правилно однесување во животот, но одвреме-навреме со својата необузданост знае да направи проблем.rnrnАнтитотем – жаба: Крастава, лигава, оџарени очи и со непријатна боја на гласот. Секогаш наоѓа оправдување за своите постапки. Подлоста и лагата не и се непозната работа.rn
Чавка (17 октомври – 15 ноември)
rnКвалитети: мудрост, проникливост, тежнеење кон усовршување и совршенствоrnrnКарактерни особини и изглед: среден раст, потемна коса, посилно изразен нос и длабоки темни очиrnrnИзгледа сериозно, дури и злокобно. Чавката не може да се покори, но ни самата не сака да владее. Најмногу ѝ лежат соло улогите. Одговара само за себе и за своите постапки, но не бега од одговорност. Знае да се дистанцира од луѓето што не ѝ се допаѓаат. Често е видовита. По правило, подоцна стапува во брак или воопшто не заснова семејство. Во нејзиниот круг на пријатели влегуваат само одбрани луѓе, најчесто истомисленици.rnrnАнтитотем – пупунец: На прв поглед поттикнува сожалување, бидејќи навистина е јаден, секогаш во долгови и со големи семејни проблеми. Но, не треба да го жалите бидејќи тој ужива во својата несреќа. Тој е енергетски вампир кој ја цеди целата енергија од луѓето.rn
Петел (16 ноември – 15 декември)
rnКвалитети: импулсивност, одговорност, домаќински типrnrnКарактерни особини и изглед: нешто повисок од среден раст, убаво лице, впечатлив погледrnrnИако е импулсивен и реагира на сѐ и сешто, и на тоа што е и на тоа што не е негова работа, петелот е многу дисциплиниран и практичен. Тоа особено доаѓа до израз во семејството бидејќи постанува столб на куќата. Вешт е со рацете и умее да направи многу со нив. Обично работи неколку работи одеднаш. Не може да седи на едно место, често патува и многупати се сели.rnrnАнтитотем – јастреб: Намерно сака да ги угнетува послабите и секојдневно да подбуцнува чисто од хоби. Изјавите му се секогаш злобни, кажани со намера да навредат.rn
Лос (16 декември – 14 јануари)
rnКвалитети: постојан, тврдоглав, рационален, сака чиста сметкаrnrnКарактерни особини и изглед: висок раст, пропорционална градба, крупни очиrnrnЛосот е разумен и трезвен. Кога нешто прави, оди до крај и обично постигнува одлични резултати. Во состојба е сѐ да доведе до совршенство. Пред себе си поставува забрани и си одредува задачи. Може да истрпи што било, доколку види дека има смисла. Ги цени роднинските и пријателските врски. Има добар карактер, но само за оние кои му се блиски и кои ги сака. Живее долго, а косата му побелува малку подоцна одошто на другите.rnrnАнтитотем – бубачка: Мрсна, задебелена. Секаде ја има и напаѓа зад грб кога најмалку очекуваме. Ги бара најслабите точки на противникот и таму напаѓа. Сурова е и цинична.rn
Камила (15 јануари – 13 февруари)
rnКвалитети: трагање по вистината, независност, пожртвуваностrnrnКарактерни особини и изглед: импозантна, крупна градба, големи и полни усни, малку сплескан носrnrnКамилата е многу нестрплива. Ја цени слободата и независноста. Секогаш е спремна да ја бара вистината, каква и да испадне. Ретко е во неволји. Во бракот е многу среќна, но за да дојде до таа среќа подготвена е и неколкупати да се разведе ако е потребно.rnrnАнтитотем – црна мачка: Сензуална, отмена, задоволна од својот живот. Голем интригант е. Води двоен живот, дури и кога е во брак. Има двојна личност, бидејќи во себе спојува два квалитети – на домашна и на дива мачка.rn
Куче (14 февруари – 15 март)
rnКвалитети: оптимизам, самоиронија, посветеност на идеите, дрскостrnrnКарактерни особини и изглед: малку потемен тен, среден раст, овално лице, длабоко всадени очиrnrnКучето е најверниот чувар на домот. Се труди да го одржи редот и поредокот во својот живот. Ретко се издига до големи височини во животот, и ако нешто постигне веднаш му се покажува каде му е местото. Одличен е во чувањето на семејството и воспитувањето на децата, но е голем противник е на мешањето на раси и народи, па секогаш „лае“ кога ќе се случи такво нешто.rnrnАнтитотем – хрчак: Остава впечаток на симпатичен и весел човек, но може да донесе многу неволји. Ќе избега и од оној што му дава храна. Подол, завиден и развратен.rn
Делфин (16 – 20 март)
rnКвалитети: искрен, го привлекуваат пороците, префинет и сочувствителенrnrnКарактерни особини и изглед: низок, силна градба, детски шарм во текот на целиот животrnrnДелфинот го гледа животот како голема игра. Без разлика на таквата незрелост, тој е под заштита на вишите сили. Кој ќе се осмели да го навреди, ќе биде казнет.rnrnАнтитотем – ајкула: Ненаситна, избувлива и рамнодушна кон туѓите неволји, ајкулата како метла расчистува сѐ од својот пат.
-

5-минутен тест на личноста: Дали сте лав, дабар, видра или златен ретривер?
Сакате да дознаете кое животно сте во животинскиот свет? Секое животно има свои силни страни и слабости. Направете го 5-минутниот тест од д-р Гери Смоли и дознајте дали сте лав, дабар, видра или златен ретривер.rnrn
rnrnПополнете ги со број од 1 до 4 карактеристиките подолу во зависност од тоа колку се однесуваат на вашата личност:rn0 = воопшто; 1 = малку; 2 = претежно; 3 = многу
rn[column col=”1/4″]rn
- rn011
- __ Сакам авторитет
- __ Преземам контрола
- __ Одлучен/на
- __ Иницијативен/на
- __ Компетитивен/на
- __ Решавам проблеми
- __ Продуктивен/на
- __ Смел/а
- __ Носам одлуки
- __ Упорен/на
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn
- rn011
- __ Ентузијаст
- __ Преземам ризици
- __ Визионер
- __ Вербален/на
- __ Активист
- __ Популарен/на
- __ Весел/а и жив/а
- __ Сакам разновидност
- __ Спонтан/а
- __ Инспиративен/на
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn
- rn011
- __ Нежни чувства
- __ Лојален/на
- __ Смирен/а
- __ Сакам рутина
- __ Не сакам промени
- __ Попустлив/а
- __ Избегнувам судири
- __ Чувствителен/на
- __ Издржлив/а
- __ Помирувам страни
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn[/column]rnrn[column col=”1/4″]rn
- rn011
- __ Сакам инструкции
- __ Прецизен/на
- __ Конзистентен/на
- __ Предвидлив/а
- __ Практичен/на
- __ Реален/на
- __ Одговорен/на
- __ Сакам перфекција
- __ Внимавам на детали
- __ Аналитичен/на
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn[/column]rnrnСоберете ги бројките во секоја колона и забележете каде имате најмногу поени.rn
Колона 1 – Лав
rn
Оваа личност сака да раководи. Лавот е добар во донесување одлуки и е силно ориентиран кон постигнување на целите. Тој ужива во предизвици, тешки задачи и можности за напредување. Може да згази преку луѓе за да ги постигне целите. Лавовите можат да бидат многу агресивни и компетитивни. Тие мораат да научат да не шефуваат премногу и да не преземаат контрола кога се работи за туѓа работа.rnrnСилни страни: ориентиран кон цели, силен, директенrnСлабости: склон кон расправање, премногу диктаторски настроенrnОграничувања: не сфаќа дека директниот пристап може да ги повреди другитеrnКолона 2 – Видра
rn
Видрите се многу дружељубиви. Тие сакаат луѓе. Уживаат во популарнoоста и сакаат да влијаат и да ги мотивираат другите. Може да бидат повредени ако луѓето не ги сакаат. Обично имаат многу пријатели, но немаат длабоки врски. Тие сакаат да си бидат мрзеливи и да сработат помалку отколку што им е работа. Озлогласени се заради неуредните соби. Сакаат да брзаат и да ги завршуваат работите, но не премногу добро. Видрата е како тигарот од Вини Пу.rnrnСилни страни: добра е со луѓе, отворена, позитивнаrnСлабости: многу зборува, премногу е попустливаrnОграничувања: заборава на своите обврски, треба да биде поисполнителна и дисциплиниранаrnКолона 3 – Златен ретривер
rn
Добар во склопувањето пријателства. Многу лојален. Личноста на ретриверот не сака големи промени. Тие трагаат по сигурност. Можат да бидат многу сензитивни. Имаат длабоки врски, но обично само неколку навистина блиски пријатели. Сакаат да бидат сакани од сите. Бараат признанија. Најдобро работаат во ограничени ситуации со прецизен шаблон на работа.rnrnСилни страни: прилагодлив, смирен, афирмативенrnСлабости: неодлучен, индиферентен, неспособен да се изрази емотивно, премногу мек кон другите луѓеrnОграничувања: потребата да се докажува, барањето одговорност кај другитеrnКолона 4 – Дабар
rn
Организиран, дабарот мисли дека постои вистинскиот начин за да се направи сѐ и тој сака да ги прави работите токму на тој начин. Личноста на дабарот е многу креативна. Тие сакаат да решат сѐ. Сакаат да си дадат време и да го направат она што го прават како што треба. Дабарите не сакаат ненадејни промени. Нив им треба сигурност и спокој.rnrnСилни страни: високи стандарди, ред, почитrnСлабости: нереални очекувања за себе и другите, премногу совршенrnОграничувања: гледање на оптимистичната страна на работите, изразување флексибилностrnrn rnrnПа, кое животно сте вие? -

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи
Тајните на Маите можеби засекогаш ќе останат мистерија. Тие биле посветени на проучување на времето, ѕвездите, Сонцето и Месечината, но нивното знаење во овие области до ден-денес не е целосно откриено. Нивниот астролошки календар се смета за еден од најдобрите и најточните.rnrnПостојат многу различни толкувања на астрологијата на Маите, но она што е познато е дека нивниот календар, т.н. Хааб, помеѓу останатото служи и за интерпретација на 19 хороскопски знаци, со кои се претставува циклусот на денови во годината. Многу од значењата и симболите се засновани на културолошки и верски аспекти поврзани со културата на Маите.rnrn
rnrn[column col=”1/3″]rnCH’EN (01.01 – 21.01)
rn
YAX (22.01 – 10.02)
rn
SAC (11.02 – 02.03)
rn
KEH (03.03 – 22.03)
rn
MAK (23.03 – 11.04)
rn
K’ANK’IN (12.04 – 01.05)
rn
MUWAN (02.05 – 21.05)
rn[/column]rnrn[column col=”1/3″]rn
PAX (22.05 – 10.06)
rn
K’AYAB (11.06 – 03.07)
rn
KUMK’U (04. 07 – 20. 07)
rn
WAYEB (21. 07 – 25. 07)
rn
POP (26.07 – 14.08)
rn
WO (15.08 – 03.09)
rn[/column]rnrn[column col=”1/3″]rn
SIP (04.09 – 23.09)
rn
SOTZ (24.09 – 13.10)
rn
SEK (14.10 – 02.11)
rn
XUL (03.11 – 22.11)
rn
JAXK ‘IN (23.11 – 12.12)
rn
MOL (13.12 – 01.01)
rn[/column]rnrn rnrn
-

Психотест: Кој ви носи добри вести?
Едно саботно попладне, довека се легачите низ дома, некој ви ѕвони на врата. Отворате и таму ве чека неверојатно изненадување – двајца гласници од животинскиот свет ви носат важни вести за вашата иднина.rnrn
rnrnНа вратата се две животни, едното ви носи убави прогнози, другото загрижувачки вести. Пред да ги прочитате нивните пораки, сфаќате дека тие содржат многу различни прогнози за она што ве очекува во иднина. Едното животно ви носи писмо во кое ви претскажува среќа и задоволство во животот, другото најавува само несреќа и очај.rnrnКое животно ви донело добри, а кое лоши вести? Одберете различни животни за двете опции:rn1. Тигарrn2. Кучеrn3. Овцаrn4. Папагалrn5. Желка
rn
Решение:
rnВо ова сценарио, животното кое го избравте како гласник на добрите вести ја претставува личноста која ја замислувате како идеален брачен другар, додека другото животно кое ги носи лошите вести, е тип на личност за која сметате дека би ве фрлила во очај.rn
1. Тигар
rnДобри вести: Сметате дека би биле најсреќни со амбициозен и силен партнер кој има непоправлива желба да биде главен.rnrnЛоши вести: Се плашите од иднината со вообразен, тирански партнер кој се движи наоколу како крал на џунглата и `ржи на секој обид некој да му додели задача.rn
2. Куче
rnДобри вести: Безусловната лојалност и апсолутната верност се особини кои најмногу ги цените кај партнерот.rnrnЛоши вести: Вие никако не можете да се ускладите со некој кој сака да им угоди на сите и се плаши од она што другите би можеле да си го помислат.rn
3. Овца
rnДобри вести: Среќна иднина гледате со партнер кој со многу топлина ќе се грижи за вас.rnrnЛоши вести: Се плашите дека би можеле да завршите со здодевна личност врзана за домот, која се задоволува со тоа секој ден да пасе на истото пасиште.rn
4. Папагал
rnДобри вести: Најмногу би ви одговарала зборлеста, забавна личност која знае да ве насмее.rnrnЛоши вести: Ништо не би ве нервирало повеќе од брблив мрзелив човек кој е алергичен на секаков тип работа.rn
5. Желка
rnДобри вести: Вашиот идеален партнер е сериозен, стабилен и секогаш покрај вас кога ви е потребен.rnrnЛоши вести: Можноста да го поминете животот со ужасно бавен, тромав партнер претставува вашиот најстрашен кошмар.
-

Авантурите ширум светот на еден сладок еж
Ова мало еже било на повеќе места отколку што можете да замислите. Запознајте го Биди, 3-годишен еж од Африка кој живее во државата Орегон заедно со своите сопственици, Тони ДеВиси и Том Антерсехер. Овој пар кој ужива во планинарење и истражување на природата, го носи Биди на сите нивни авантури. Веднаш по првите неколку фотографии на Инстаграм, Биди стана огромна интернет сензација и токму затоа тие решиле да му отворат сопствен профил на кој ќе ги објавуваат сите негови прошетки. Погледнете дел од највозбудливите патувања на ова еже…rnrn
rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 чудни суштества кои навистина живеат на оваа планета
Ако сте биле во зоолошка градина тоа не значи дека ги знаете сите видови животни кои постојат на овој свет. Ви претставуваме десет за кои веројатно никогаш порано не сте слушнале.rnrn
Мравка-панда
rnОва всушност е вид оса без крила. Женката личи на мравка, а поради боите се нарекува мравка-панда. Живее во Чиле.rnrn
rnЈастреб-молец колибри
rnОва е молец кој изгледа како да е мешавина од јастреб, молец и колибри. Се храни од цвеќињата, лесно лебди во воздухот, па затоа луѓето честопати го мешаат со колибри. Може да се сретне во поголемиот дел на Азија.rnrn
rnПаку
rnРибата Паку живее во морињата околу Папуа Нова Гвинеја. Помеѓу локалните рибари е позната како „џелат за тестиси“, поради што секогаш внимаваат на неа додека рибарат.rnrn
rnОкапи
rnОкапи е цицач кој живее само во Конго. Неговиот изглед потсетува на зебра, но по своите карактеристики тој е најблизок до жирафата.rnrn
rnБоцкаст ѓавол
rnБоцкастиот ѓавол е мал гуштер, долг околу 10 см, кој може да се сретне исклучиво во Австралија. За него е интересно тоа што на вратот носи „лажна глава“ која ја користи за да го излаже предаторот во случај на напад и да ја заштити својата вистинска глава.rnrn
rnШтрк-чевлар
rnШтркот-чевлар својот назив го носи поради изгледот на клунот и на телото, а му е даден од старите Арапи. Тоа е многу ретка птица. Живее само во некои делови од Централна Африка.rnrn
rnАјкула-гоблин
rnИако изгледа пострашно од кој било друг вид ајкула, таа не е опасност за луѓето затоа што живее на длабочини поголеми од 100 метри.rnrn
rnСин морски полжав
rnОва ситно животинче е познато како син змеј или син ангел. Се среќава во топлите океански води. Може да касне човек, а тоа е болно искуство.rnrn
rnВенецуелски молец-пудлица
rnОвој вид не е многу истражуван откако е откриен во Венецуела во 2009 година. За него е сигурно само дека е молец и дека неговиот изглед потсетува на пудлица, па оттаму и неговото име.rnrn
rnМорски скакулец
rnИ ова суштество кое личи на посетител од друга планета сепак живее на нашата, и тоа е еден од најопасните предатори во водите во суптропските краишта.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.






































