Дејвид Решно е британски артист кој слика со акрилни бои во живи нијанси. Како дете, татко му го научил на основите за цртањето и оттогаш постојано сонувал еден ден да стане голем артист. Учел графички дизајн, а на патот кон својот професионален развој работел како врамувач на слики во уметничка галерија. Во 2005 година почнал да се занимава со сликање со полно работно време.
rn
Тој вели: „Секогаш сум сакал да се чувствува атмосферата во моите слики, и сакам да обрнувам внимание на небото и формациите од облаци бидејќи овие елементи ги сметам за многу важни во моите слики. Тие го даваат расположението на крајната слика, без разлика дали се работи за драматично зајдисонце или за магловита месечева светлина.“
rnНеговите дела се препознатливи, впечатливи, живи и полни со енергија, и секако – љубовни. Срцето е како заштитен знак на секоја слика и ја прави секоја од нив полна со љубов.
Галеријата продолжува на втората страница.rn


Поделени се мислењата на луѓето околу живите златни или бронзени статуи. На некои им се забавни, на други им се морничави, но не може да не се запрашате како некои живи статуи лебдат во воздухот и притоа изгледаат опуштено, како воопшто да не ги напрегаат мускулите. Како ли го прават ова?
Погледнете ја неверојатната лебдечка изведба на американското шоу за таленти America’s Got Talent.rn
rnrnСлужејќи се во главно со палета ножеви за сликање и огромен асортиман од акрилни бои, Гефри од Флорида, успева да создаде прекрасни 3Д ремек-дела, инспирирани од природниот свет околу него. Неговата техника на работа најлесно може да се опише како вајање со боја.rnrn
rnrnСовршено искомбинираните бои и разните нивоа слоеви боја, создаваат една длабочина и живост на неговите слики, кои на некој начин ги повикуваат набљудувачите да посегнат и да ги допрат. Работата на Гефри е широко признаена низ САД, а тој креира строго оригинални изработки кои ги продава во неговите галерии во Флорида.rnrn
rnrnРазмачкувањето на дебелиот слој боја врз платното, можеби малку ќе ве потсети на мачкање фил врз торта. :)rn
Секоја од овие фотографии е уникатна на свој начин, а тој се потрудил илустрациите во позадина да бидат забавни и интересни за секого. Погледнете!








rnrn

Инспирацијата за овој нивни прв проект (Choke umbrellas) ја добиле шетајќи низ улиците во Глазгов, Шкотска. Набљудувајќи ја монотонијата на модерната метропола во врнежлив ден, на артистите им недостигало чувството на силните, топли бои на летото. Така се решиле да им дадат можност на луѓето да ја покажат својата љубов кон живите бои и уметноста дури и во најлошите временски услови.

Овие чадори се навистина несекојдневни и сигурно ќе ве натераат да се чувствувате весело додека чекорите под дождот, но и неизбежно ќе подарат насмевка на секој случаен минувач.

За подетални информации посетете го официјалниот сајт на „Choke-urban creation“ каде што можете и да купите некој од овие три единствени чадори за 25 евра.

rn
Античкото племе Мегхалаја ги има забележано овие квалитети на дрвото, па неговите корени ги искористиле за градење мостови преку многубројните реки и потоци низ целата околина. Интересно е тоа што жителите им оставиле на мостовите сами да израснат, притоа тие помагале само коренот да го фати вистинскиот правец кон другата страна од реката.rn
Некои од овие мостови се стари повеќе од 500 години, а за еден мост да биде функционален потребни се најмалку 10 до 15 години заплетување на корените. Најдолгиот мост кој е направен е долг 30 метри и може да издржи 50 луѓе. Овие мостови и денеска секојдневно ги користат жителите на околните села.rn


rnrnrn