Снегот ќе ве измами да излезете надвор и да се прошетате на чист воздух, а во тие моменти може да изгледате фантастично. Комбинирајте ја облеката така што ќе ви биде пријатно и топло, а сепак да изгледате женствено. Во продолжение погледнете како да ги комбинирате облеката, обувките и додатоците за овие прекрасни зимски денови.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Свилата никогаш нема да излезе од мода, а оваа година ќе се носи во форма на едноставни и женствени фустани. Свилата е скапоцен и многу вреден материјал, кој на облеката и на стилот им дава софистицираност и женственост. Таа е еден од најскапите материјали, но со причина, бидејќи квалитетот на свилата не може да се спореди со речиси ниеден друг материјал.rn
rnrnrnСвилениот фустан кој ја следи линијата на телото, но не е прилепен за телото, варијациите на тој модел со длабоко деколте или со гол грб, па дури и моделите што потсетуваат на старите свилени фустани се нешто што мора да го имате во вашата гардероба ако ги следите модните трендови.rn
rnrnrnСепак, дури и да не ги следите, овој фустан е толку безвременски, женствен и суптилен, што би можеле да го вклопите во секоја сезона и повторно да изгледа модерно и секси.rn
rnrnrnФустаните се претежно еднобојни, а боите се пастелни, почнувајќи од бела, преку валкано розова и сина, до некои варијанти во светли или неонски бои.rn
rnrnrnСекако, тука се и неизбежните точки кои се апсолутен хит оваа сезона на сите парчиња облека, па дури и на свилените фустани. Исто така, можете да забележите и свилени фустани со ретро дезени.rn
rnrnrnШто се однесува до должината на фустаните, сите должини се во оптек – од мини фустани кои личат на комбинезони, преку миди должина до макси елегантни фустани.rn
Само што помисливте дека некои парчиња облека никогаш веќе нема да се носат, новите трендови почнаа да го демантираат тоа. Ова се некои од водечките трендови за оваа сезона, а вие речиси ги заборавивте.rn
1. Кроп топ
rnrnrnТрендот на кратки топови и гол стомак е повторно многу актуелен. Овој пат тоа е малку посуптилно од претходно, но повторно го привлекува вниманието на популарните дами. Носете го со предимензионално сако.rn
2. Набори
rnrnrnТесните фустани со набори беа исклучително популарни кон крајот на минатиот век. Тие ја истакнуваат фигурата, а наборите ги кријат недостатоците на женското тело. Оваа сезона тие се на врвот на модната листа.rn
3. Алки
rnrnrnИако мислевте дека никогаш веќе нема да се вратат во мода и ги сметавте како демоде, тие се враќаат на модната сцена со вртоглава брзина и изгледаат многу интересно.rn
4. Тенки прерамки
rnrnrnТенките прерамки се знак на женственост, софистицираност и суптилен сексапил. Моментално, фустаните со многу тенки прерамки се едни од најпопуларните парчиња облека.rn
5. Квадратни чевли
rnrnrnПопуларните влечки со високи потпетици и отворени прсти сè повеќе ја освојуваат модната сцена. Чевлите со шпиц нема да бидат толку популарни и ќе бидат заменети со квадратна форма која беше речиси заборавена.rn
На прашањето што ќе биде актуелно оваа година, Ана Винтур веќе има подготвено одговор и нејзе треба да ѝ се верува затоа што таа има увид во она што се случува на модната сцена многу долго пред тоа да се најде пред очите на јавноста. Следува сезона во која ќе доминираат женствени додатоци, префинетиот изглед и елеганцијата ќе бидат повторно во тренд, а овие три модни додатоци често ќе ги гледате на улиците.rn
rnrnrnОвој модел на чанта што го гледавте на плажите, сега се сели на улиците, така што ќе биде сосема нормално и во тренд ако го вклопите во деловниот аутфит. Овој неочекуван моден додаток ќе изгледа одлично ако е комбиниран на вистински начин. Во продажба ќе ги има сите форми и големини.rn
2. Чанта во облик на вреќичка
rnrnrnМини верзиите на овие чанти ќе владеат на модната сцена и веќе можете да ги видите на улиците. Со нив, секоја комбинација ќе изгледа посимпатично.rn
Грижата за себе е главен услов за женственост. Поради тоа, не штедете на маникир, редовно посетувајте козметичар, следете го вашето здравје и не прескокнувајте го вежбањето. Престанете да го приспособувате вашиот распоред за убавина. Педикирот не е потребен само во текот на летото, а отстранувањето влакна само во пресрет на интимен состанок. Секогаш мора да бидете убави од глава до пети.rnrnrn
Носете секси долна облека без некоја посебна причина
rnЖенственоста, исто како сексуалноста, е состојба на умот. Но, соодветното опкружување за такво расположение нема да ви наштети. Барем понекогаш носете секси долна облека без причина и само за себе. Не дозволувајте никој да знае за тоа, а ако ја носите за време на работниот ден ќе се чувствувате сосема поинаку.rn
Опкружете се со убавина
rnЗдодевните украси во вашиот стан целосно ја убиваат секоја желба за убавина. Колку повеќе е сива околината околу вас, толку повеќе ќе ја имитирате. Значи, вашата цел е да живеете во пространа удобна просторија, со дизајн по ваш избор и со соодветна атмосфера. Започнете со малите работи. Престанете да се шетате низ домот во искината маица и ставете цвеќиња на ноќната масичка. Ќе бидете многу задоволни кога ќе се разбудите наутро и ќе ги видите цвеќињата, дури и ако не се подарок од партнерот.rn
Танцувајте
rnТанцувањето помага да ги намалите килограмите и да ја подобрите фигурата на телото. Но, најважно е тоа што танцувањето радикално ја менува индивидуалната култура на движење. По само неколку лекции ќе забележите дека сте ги промениле вашите движења и чекори и сте станале пограциозни.rn
Носете потпетици
rnСе разбира дека во патики и во чизми е многу поудобно, што е исто така пожелно и модерно. Но, една девојка во високи потпетици секогаш остава посилен впечаток. Патем, нозете ќе ви бидат визуелно потенки, подолги и позатегнати, а одот ќе ви биде поженствен.rn
Насмевнете се
rnСвиткани веѓи и спуштени агли на усните – ова е некое намрштено суштество, а не жена. Во животот ќе имате многу проблеми, но нема потреба целиот свет да знае за тоа. Напротив, оставете ги другите да мислат дека сте безгрижна девојка и тогаш тие ќе бидат подготвени да ви помогнат во тешките времиња.rn
Додајте фустани во вашата гардероба
rnДете во блуза и фармерки и девојка во фустан се две различни личности, а кој било маж може да го потврди тоа. Но, сега не станува збор за него, туку за вас. Немојте да бидете мрзливи или да се срамите да се облекувате како жена и започнете да се навикнувате дека е лесно да ги шармирате сите околу вас.rnrnПрочитајте ги и овие 11 совети за убавина со кои ќе ги истакнете вашите најдобри карактеристики.
Здолништата отсекогаш се сметале за главен атрибут на женственоста, а причината за тоа не е само во убавината на изгледот на жената кога ги носи. Стручњаците во областа на енергетската практика веруваат дека кога жената носи сукња или фустан, таа акумулира непресушна енергија на женственост. Затоа здолништата имаат свето значење за секоја претставничка на понежниот пол.rnrnrnrnВо старите времиња, жените носеле исклучиво сукњи и фустани и оваа мода била присутна кај сите народи. На пример, за словенските жени, основна облека бил сарафанот, индиските жени носеле долго и широко сари, а јапонските дами ја изразувале женственоста во кимоно. Според ова, облеката кај сите жени не претпоставувала носење панталони.rnrnПорано, сите луѓе суптилно ја чувствувале својата врска со силата на природата. На сите им било познато дека жените се разликуваат од мажите, и тоа не само во поглед на физичките карактеристики. За припадниците на двата пола е својствена и различна енергија. За мажите се сметало дека ја црпат енергијата од вселената, а жените главно од Земјата.rnrnПри споменување на поимите љубов, чувствителност, грижа, милосрдие, нежност, веднаш се асоцираме со жената. Па, и ако ги погледнеме жените од половината надолу, таквата определба би била оправдана. Дизајнот на сукњите е таков што ги обликува проширувањата на телото и притоа формира конус. Таквиот модел не е измислен случајно.rnrnСе верувало дека таквиот дизајн им помага на жените подобро да ја апсорбираат енергијата и моќта од земјата и да станат поплодни и материјално побогати. Енергијата на жените во физичка смисла се акумулира во матката. Мажите го немаат тој орган, па во енергетска смисла, за да би можеле да ја добијат енергијата од земјата, мора да ја црпат од жената.rnrnКога жената ќе облече панталони, таа ја прекинува својата врска со земјата. Протокот на енергијата се стопира, а женскиот свет орган, матката, останува празен. Како резултат на тоа, се верува дека жената нема што да сподели со мажот.rnrnЖенската енергија е важна за мажите. Таа ги прави поспокојни, поурамнотежени и постабилни. Ако еден маж има пристап до енергијата на жената, тој секогаш ќе се занимава со креативна работа. Кога мажот пак, е лишен од женската наклоност и љубов, тој постанува агресивен, груб и суров.rnrnИма многу жени кои воопшто не носат здолништа. Практикуваат само пантолони и фармерки. Од енергетска гледна точка, жената така го негува и јакне својот дух на несвојствен начин, односно на машки. Како резултат на тоа, жената е во интеракција со мажите како да е по природа и самата машко. На површина, ова избива како суптилно нарушување во размената на енергиите. Ова може да се одрази и на физички план во облик на разни болести, недоразбирања и кавги во односите.rnrnЖените кои го оправдуваат носењето пантолони може да речат дека таквата облека им е позгодна, дека е стилизирана, практична и модерна. Секако, на жените кои работат помашка работа што вклучува подигнување тешки предмети, динамични движења и слично, им е многу поедноставно да работат во фармерки. Споредбено со пантолоните, во таков случај здолништата делуваат како природна кочница. Но, вистинската жена не размислува дали треба да работи тешка работа, да носи товар или да брза некаде. Таа ќе им го препушти ова на мажите, кои како вистински витези не би требало да ја избегнат помошта.rnrnСекојдневното носење убави сукњи и фустани може да ѝ го подобри расположението на секоја жена. Кога носи здолништа, во жената почнува да се буди огромна и многу позната енергија. Секако, и погледите на мажите повеќе ќе се фокусираат на жена во здолниште отколку на жена која избрала да носи панталони.rnrnДури и кога се супермодерни, пантолоните треба да се носат само во исклучителни прилики.rnrnДолжината и обликот на сукњите исто така имаат значење. Во минатото се верувало дека сукњата или фустанот мораат да бидат максимално долги, односно до земја. Така ѝ било полесно на жената да ја зема и да ја чува енергијата од земјата. Ако здолништето има широки рабови кои се лелеат при движење, почнуваат да се активираат торзионите полиња кои ја јакнат енергијата што доаѓа од Земјата. Работ на здолништето одамна се сметал за амајлија во некои кругови. Таквата амајлија е дизајнирана да создава заштита за сексуалниот центар на жената. Здравјето на репродуктивните органи на жената и нивното правилно функционирање директно зависат од правилното работење на тој центар.rnrnСликата на жена во долго здолниште потсеќа на нежност, невиност и чистота. Долгата сукња пак, ја спасува жената од страсни погледи. А ова е многу важно. Таквите погледи можат да го пробијат нејзиниот енергетски центар.rnrnАко тоа се случи, тогаш жената едноставно ја губи својата сексуална енергија. Заедно со неа си оди и животната сила и женствената привлечност. Како резултат на тоа се случува енергетско осиромашување на жената. Таа веќе не може да му даде енергија на својот маж, па затоа тој го губи интересот за неа.rnrnДенес многу жени се прашуваат каде се изгубија вистинските мажи. Но, размислете само, од каде би се појавиле тие, ако и жените престанале да бидат она што би требало во вистинското значење на поимот?rnrnЖените намерно се откажуваат од својата женственост, носат панталони и друг вид машка облека. За среќа, модата во последните години е таква што на жените им дава шанса да ѝ се вратат на исконската женствена облека и на тој начин да се хранат со силата на земјата и да го маѓепсуваат својот маж со својата женственост. Па, од денес носете повеќе здолништа и почнете да се чувствувате како вистинска жена.
Французинките се можеби едни од најубавите и најелегантните жени. Тие изгледаат совршено во секој дел од денот, и тоа без многу напор. Погледнете некои од нивните тајни кои ќе ви помогнат да ја постигнете нивната женственост.rn
1. Немојте да бидете совршени
rnrnrnЖената која не е совршена од глава до пети изгледа како да има некоја длабочина, како да има нешто важно во неа. Денес премногу се фокусираме на совршеноста – совршена коса, совршена насмевка, совршена коса… но, во Франција се ценат малите недостатоци. Можеби вашата коса не е совршено исправена, или пак имате брчки и пеги. Овие работи ве прават поубави и уникатни.rn
2. Неутрална дневна шминка
rnrnrnПриоритет треба да ви биде да изгледате свежо, а тоа ќе го постигнете со многу малку шминка. Поради ова жените во Франција стареат грациозно без многу напор. Треба да ви биде удобно во вашата кожа. Во ред е да ги покриете црните кругови околу очите, или пак малото мозолче, но секогаш користете што помалку шминка.rn
3. Навечер истакнете ги усните
rnrnrnВажно е да нагласите само еден дел од вашето лице, како на пример неодоливите црвени усни. Кога излегувате доволно е да носите мала чанта, а во неа е доволно да го ставите само вашиот кармин. Помалку е повеќе, и никогаш не треба да претерувате со модните додатоци.rn
4. Носете накит кој ви значи
rnrnrnСекогаш носете накит кој е едноставен, убав и кој ви е од некакво значење. Ланче од вашето момче, прстен од вашата пријателка, или што било што зборува за некој дел од вашиот живот.rn
5. Бела кошула
rnrnrnБелата кошула можете да ја комбинирате со сè. Откопчајте го долниот дел, засукајте ги ракавите и „неуредно“ ставете ја кошулата во панталоните. Ете ви совршен дневен изглед.rn
6. „Несредена“ коса
rnrnrnФранцузинките изгледаат како никогаш да не направиле фризура. Овој „неуреден“ изглед си има своја убавина. Ќе изгледате многу посекси ако вашата фризура изгледа како сега да сте станале од кревет или пак, како да сте се возеле со мотор. Па, кога следен пат ќе се мислите дали да ја поправате фризурата во текот на денот, оставете ја така.rn
7. Чаша вино
rnrnrnСекоја социјална интеракција вклучува чаша вино. Повеќето Французи уживаат во чаша вино за време на ручек, после работа или за време на некој состанок, тоа е во нивната култура. Французите се горди на нивното вино, а трикот е да не испиете повеќе од една чаша.rnrnПогледнете ги и овие лекции за убав живот од Французинките.
Секогаш кога ќе посакате да го носите костимот надвор од работното место или пак, да изгледате како врвните модни блогерки, лесно можете да западнете во стапицата на модната досада. Но, не мора да биде така, бидејќи ние ви предлагаме неколку совети кои ќе ја „зачинат“ вашата професионална облека така што ќе си поиграте со боите, силуетите и аксесоарите.rn
1. Размислувајте надвор од црната боја и другите темни нијанси
rnrnrnНе велиме дека треба да избирате светли бои од виножитото, туку малку да ја зачините комбинацијата и да започнете да избирате бои кои спаѓаат надвор од традиционалните. Богатите бои, како што е бордото или маслинесто зелената, се освежувачки и со нив нема да изгледате смешно или нападно.rn
2. Облечете блуза со принт под него
rnrnrnДоколку сакате да ја носите оваа комбинација на работното место, тогаш изберете позатворена блуза, но генерално идејата е да облечете блуза или кошула со принт под сивото палто за да изгледате многу помодерно и позанимливо.rn
3. Земете ги предвид пошироките палта и панталони
rnrnrnИма време и место за молив здолништата, но како можете да кажете „не“ на панталоните со широки ногавици? За да ги избегнете коментарите од типот: „Детето ја носи облеката од својот татко“, иако е поширок, погрижете се костимот секогаш да го следи вашето тело, особено околу рамената и половината.rn
4. Комбинирајте со блуза со кратки ракави и патики
rnrnrnДоколку свилената кошула и високите потпетици не се ваш стил, тогаш костимот надополнете го со обична, бела блуза со куси ракави и едноставни патики.rnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 модни комбинации со костими…rn
Кога силни и мускулести жени, кои во секоја друга ситуација би биле карактеризирани како машкуданки, учествуваат во ваква фотосесија, тогаш тие успешно ги рушат сите стереотипи дека жените во топ форма не се секси.rnrnТарас Тарапорвалаrnrn7 жени со различни професии, од бодибилдерка до шминкерка, станале дел од списанието „Elle India“ кое има за цел да ги побие сите стереотипи за мускулестите жени. Дека се и повеќе од женствени, убави и секси може јасно да се види на фотографиите на кои тие гордо позираат, прикажувајќи ги своите облини. Критикувани дека никогаш не изгледале доволно женствено, тие на овој начин сакаат да му покажат на светот дека женственоста и сексапилноста немаат никаква врска со мускулите.rn
Убава насмевка, елегантни дланки, долг врат, добра фигура и грациозни движења се едни од главните физички карактеристики кои ги опишуваат жените родени во овој хороскопски знак. Имаат изразена дарба за комуникација, рационални се и природно ги привлекуваат сите околу себе. Можат да бидат големи кокети, а како партнери и семејни членови се верни и одговорни. Умеат да ги сакаат другите со целото свое срце, но бараат да бидат сакани и ценети за возврат. Единствената маана е што можат да бидат по малку егоцентрични. Станува збор за жените родени во знакот на Вагата.rnrnrnrnТие се чувствителни, праведни, љубезни, интелигентни, женствени и сестрани и за секого имаат по еден добар збор. Како пријатели се верни и се спремни да помогнат во секој момент. Жените Ваги знаат како да бидат благодарни и да го ценат туѓиот труд. Работливи се и вредни и понекогаш не си даваат доволно време за одмор. Свесни се за своите способности и дарби, но не се вообразени.rnrnНа работното поле, жените Ваги постигнуваат добри успеси бидејќи се дипломати во одлучувањето и се стремат по секоја цена да ги остварат своите цели. Радосни се кога нивната напорна работа ќе биде осознаена и ценета, иако таа радост често знаат да ја прикријат во себе. Како сопруги се исполнети и среќни и за своите партнери се постојан извор на лојалност, добро расположение и љубов. Како мајки се ведри, одговорни и доволно строги и како такви својата среќа ја пронаоѓаат во своето семејство.