КАФЕ ПАУЗА

Tag: женски

  • По раскинување машките повеќе патат од женските

    По раскинување машките повеќе патат од женските

    Машките многу потешко го поднесуваат раскинувањето отколку женските, а за тоа социолозите пронашле интересна причина. Тие сметаат дека клучот за оваа причина лежи во поддршката од пријателите по раскинувањето на врската.По раскинување машките повеќе патат од женскитеЖените веќе во дваесеттите години имаат добро развиена мрежа на пријателки кои се секогаш спремни да им одржат сеанса и да ги утешат, додека кај машките фали оваа цврста пријателска поддршка за ваквите теми. Во случај на некакви проблеми, мажите често се обраќаат кај својата партнерка за решение, а по прекинот на врската тоа е голем емоционален удар за кој немаат со кого да разговараат, а тоа им задава голем проблем врз нивната самодоверба.rnrnКога ќе дојде до прекин, машките се чувствуваат многу повеќе изолирано, вели истражувачката Мелани Бартли. Пријателите на машкото нема да му пружат ни приближно доволно поддршка, како пријателките на девојката, бидејќи машките се најчесто натпреварувачки настроени. Но и машките се ранливи, исто како и жените кога станува збор за чувствата по прекинот на врската.rnrnБартли објаснува дека во текот на врската жената многу повеќе се дефинира, додека мажите почесто се определуваат за успех во работата. Но, денешните млади генерации, поради неможноста да пронајдат сигурна работа, сè повеќе се посветуваат на емоционалниот дел од животот.rnrnЕдно истражување направено на „University College“ во Лондон, спроведено на над 1.000 парови открило дека машките се под поголем стрес кога врската е нефункционална, но многу повеќе уживаат доколку љубовта им цвета.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 15 женски парфеми за пролет/лето 2013

    Топ 15 женски парфеми за пролет/лето 2013

    На сите дами кои немаат свој омилен парфем, не сакаат да се ограничуваат или едноставно сакаат да експериментираат, одлично ќе им дојде оваа листа со 15 најпопуларни парфеми за сезоната пролет/лето 2013 година. Кој е вашиот омилен?rn
    rn

    Givenchy – Dahlia Noir L’Eau

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Marc Jacobs – Sunshine

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Heidi Klum – Surprise

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Escada – Cherry in the Air

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Just Cavalli for Her

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Clinique – Happy in Bloom (Limited Edition)

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Agent Provocateur – Pétale Noir

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Dolce & Gabbana – The One Desire

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    See By Chloé

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Van Cleef & Arpels Feerie Spring Blossom

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Gucci – Guilty Black

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Juicy Couture Couture La La

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Prada – Candy L’Eau

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Burberry – Body Tender

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013rn

    Kenzo – Amour My Love

    rnТоп 15 женски парфеми за пролет/лето 2013
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте женски шовинист?

    Дали сте женски шовинист?

    Сте се запрашале ли некогаш дали сте женски шовинист? Доколку мислите дека мажите се емоционално недостапни, бесчувствителни, неспособни да искажат чувства, да созреат и вистински да сакаат, тогаш најверојатно сте женски шовинист.rnrnДали сте женски шовинист?rnrnВо текот на еден експеримент, во средината на еден голем и убав аквариум било поставено стакло. Секогаш кога рибите ќе пробале да пливаат до другата страна на аквариумот, ќе се удреле во стаклото и се враќале назад. По одредено време, рибите сфатиле дека нивниот простор е ограничен и не се упатувале кон другата половина од аквариумот. Кога стаклото било тргнато, рибите воопшто не се ни обиделе да пливаат до другата страна. Иако ништо не ги запирало, тие останале ограничени на едната страна поради тоа што им се случувало во минатото. И ние луѓето сме исти како и рибите од овој експеримент. Ограничените верувања нè запираат да живееме среќен, исполнет живот и да се движиме таму каде сакаме.rnrnТоа стакло најчесто самите си го поставуваме и самите се ограничуваме. Стануваме неспособни да согледаме колку добри работи постојат околу нас. Се ограничуваме со мислите како: Сите мажи се исти, Никогаш нема да најдам маж кој ќе знае да ме сослуша, или Мажите не знаат што е тоа љубов.rnrnНо, сте се запрашале ли себеси дали вие сте проблемот? Да, навистина постојат мажи со сите спротивни карактеристики од принцот на бел коњ, но исто така, постојат и жени кои не се чувствителни и емоционално отворени и не мора да значи дека тоа се машки особини. Сте се запрашале дали со негативниот пристап ги одбивате од себе сите шанси да сретнете маж со добри квалитети?rn

    Поради што стануваме женски шовинисти?

    rnОграничени верувања од детството – Ако во детството сте виделе или чуле за многу примери каде жените се оставени или повредени, тоа ви се врзува во глава и останува таму.rnrnВлијанија од културата и општеството – Ако општеството и целокупното опкружување, вклучувајќи го домашното воспитување, така влијаело врз вас, тогаш нормално дека нема да верувате во постоењето на чувствителни и разбрани мажи.rnrnНегативни исходи од претходни искуства – Поради лошите искуства знаеме често да се ограничиме себеси и да изгубиме верба во среќна иднина. Ако сте се нашле во врска или минлива романса со човек кој не ги исполнил вашите критериуми, нешто што мора да запомните е дека не се сите исти.rnrnНели верувањето дека жените се оние кои се почувствителни, поразбрани и оние кои вистински сакаат, ги дискриминира мажите? Нели со таквите верувања сме нефер? Таквите верувања нè прават женски шовинисти, а тоа и немаше да биде така опасно ако не ни го попречуваше целосно патот кон среќата.rnrnЕве ја големата филозофија: Кога верувате, кога сте убедени дека нештата се такви и ништо не може да ве разубеди, најчесто баш тоа и го наоѓате. Наместо постојано да собирате докази како мажите се бесчувствителни, обрнете внимание на оние кои се поинакви. За ваше добро, тргнете го стаклото кое ве ограничува да пливате слободно таму каде сакате.

  • Смели есенски обувки од Александар Мекквин

    Смели есенски обувки од Александар Мекквин

    Ако сакате да бидете авангардни и да не ви ни малку удобно, тогаш вистинскиот избор за вас е колекцијата есен 2012, на брендот Александар Мекквин. Секако ако успеете да дојдете до 7.000 долари за еден пар, и ако барем еден од нив остане надвор од плакарот на заколнатиот фан на футуристичките креации, Лејди Гага. 🙂Смели есенски обувки од Александар МекквинОвој пат, утописката мода на брендот, кој по смртта на Мекквин го менаџира талентираната Сара Бартон, е спакувана во по малку смирувачки, сензуален стил. Чевлите се комбинација на цветови, пердуви, крзно и други слични додатоци. Ултрависоките необични потпетици и нежните бои и нијанси во оваа есенска колекција, истовремено ги нагласуваат како романтичната, така и дивата страна на жената.Смели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар Мекквин
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Можеби сте привлечни како Мерлин Монро или елегантни како Џорд Клуни, но наспроти женствениот /мажествениот изглед, вашиот мозок можеби не ви е од истиот пол. Изненадени сте?rnrnЕкспертите тврдат дека нашето тело и мозок не мораат да бидат од истиот пол. Така, во мозокот на фетусот иницијално се наоѓаат женски хормони и дури подоцна во него доаѓаат и машките хормони. Некои фетуси се изложени под дејство на поголема количина машки хормони. Тоа е и научната основа на теоријата за различните полови на мозокот и телото.rnrnТест: дали размислувате како маж или како жена?rnrnМашкиот мозок размислува логично и праволиниски, додека женскиот мозок во поголема мера користи интуиција, ги поврзува различните и случајно избрани работи и лесно преминува од една кон друга тема. Машко–женскиот однос во мозокот е одреден од количината на тестостерон на која била изложена вашата мајка во текот на бременоста. Научниците велат дека организмот на жените кога се под стрес, произведува повеќе андроген, од кој подоцна настануваат машките хормони. Поради тоа, возможно е во организмот на жените да се наоѓа необично големо количество естроген (женски хормон), кој ги маскира машките хормони. Воедно, консумирањето поголеми количини од производи од соја, го подигаат нивното на естроген во вашето тело.rnrnКако овој тест може да ви помогне? Откривањето на половата ориентација на вашиот мозок, како и на луѓето кои ве опкружуваат, може да ви го промени животот. Тоа сознание влијае на сите сфери од животот, од спалната соба до канцеларијата. На пример, доколку работите исклучиво само со жени и никако не можете да најдете заеднички јазик со вашите колешки, тоа најверојатно значи дека вашиот мозок е помашки, во однос на нивните мозоци. Така, одредувањето на полот на вашиот орган за размислување и емоции, ќе ви помогне да ги промените клучните работи во вашето однесување, а доколку ги натерате вашиот партнер и пријателките да го решат овој тест, ќе ги откриете и мотивите на нивното однесување.rn

    1. Погледнете ја дланката на раката со којашто пишувате. Вашиот домал прст е:

    rnа) Подолг од показалецот (2 поени)rnrnб) Пократок од показалецот (1 поен)rnrnв) Речиси се иста големина (0 поени)rn

    2. Дали вашата мајка има работено стресна работа (или била изложена на некаков друг вид стрес) во текот на првото тримесечје од бременоста?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Не (0 поени)rn

    3. Дали понекогаш ги мешате левата и десната страна?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    4. Добивте работна задача поради која ќе морате да се натпреварувате со вашите колеги. Вие сте…

    rnа) Исплашени и загрижени (0 поени)rnrnб) Возбудени и особено мотивирани (2 поени)rn

    5. Дали вас ве нервираат луѓето кои многу зборуваат?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    6. Дали ви претставува проблем да чуете што луѓето зборуваат во просторија во која има бука и гужва?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    7. Си пеете караоке, а луѓето кои ве слушаат…

    rnа) прават гримаси (2 поени)rnrnб) ви се смеат (1 поен)rnrnв) импресионирани се од вашите вокални способности (0 поени)rn

    8. Заедно со пријателките учествувате во некој натпревар. Колку ви е вам важно да ги победите, на скала од 1 до 10?

    rnа) 1-3 (0 поени)rnrnб) 4-6 (1 поен)rnrnв) 7-10 (2 поени)rn

    9. Во кои од наведените активности најмногу уживавте додека бевте дете?

    rnа) Качување по дрво (2 поени)rnrnб) Возење велосипед и ролери (2 поени)rnrnв) Собирање предмети и нивно сортирање по категории (2 поени)rnrnг) Расклопување на работи за да дознаете како функционираат (2 поени)rnrnд) Сите физички активности за кои е потребна енергија (2 поени)rn

    10. Најчесто одбирате пријатели…

    rnа) на кои им се восхитувате и од коишто можете да учите (2 поени)rnrnб) кои ви се допаѓаат, ама тоа не мора да значи и дека ги цените (0 поени)rnrnв) кои се комбинација од двете категории (1 поен)rn

    11. Кога одите во шопинг вие…

    rnа) морате сѐ да разгледате пред да ја донесете конечната одлука што да купите (0 поени)rnrnб) имате одредени работи на ум и само нив ги купувате (2 поени)rnrnв) се однесувате и на едниот и на другиот начин, зависно од ситуацијата (1 поен)rn

    12. Доколку некој ве прекине додека работите, дали можете набрзо повторно да се концентрирате?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    13. Вашиот ракопис е…

    rnа) совршено уреден (0 поени)rnrnб) прилично уреден (1 поен)rnrnв) па… речиси нечитлив (2 поени)rn

    14. Љубовта и работата брзо ви досадуваат – точно или неточно?

    rnа) Точно (2 поени)rnrnб) Понекогаш точно (1 поен)rnrnв) Неточно (0 поени)rn

    15. Разгледајте ги книгите на полиците во вашиот дом. Дали на нив се наоѓаат…

    rnа) воглавно историски романи, биографии и слично (2 поени)rnrnб) воглавно фикција (0 поени)rnrnв) по нешто од сите жанрови (1 поен)rn

    16. На одмор сте. Кои од следниве тврдења се однесуваат на вас:

    rnа) Можете да го сфатите локалното население благодарение на вашата моќна интуиција, разбирање на говорот на телото и слично, иако не го разбирате јазикот којшто го зборуваат луѓето. (0 поени)rnrnб) Штом се сместите во вашиот апартман/хотел, веднаш почнувате да се распакувате и да ги складирате стварите по орманите. (2 поени)rnrnв) Доколку не ви се допаѓа сместувањето, одма го напуштате и тргнувате во потрага по подобро. (0 поени)rnrnг) Се чувствувате изгубено ако немате мапа за местото на коешто сте дошле. (2 поени)rn

    Резултати – вашиот мозок е:

    rn

    До 12 поени: изразено женски

    rnРабота: Вашата мајка во текот на бременоста била изложена на мала количина тестостерон. Тоа значи дека нивото на кортизол (стрес-хормонот) во вашиот организам рапидно расте во ситуациите кои бараат натпреварување и брзо решавање на проблемите. Од друга страна, таквите ситуации кај личностите кои имаат машки мозок, предизвикуваат прилив од допамин (хормонот на задоволството). Поради тоа, секогаш кога имате стресен период на работа, надвор од работното време се трудите да правите активности кои ве релаксираат.rnrnСоцијален живот: Дали сте знаеле дека личностите кои имаат женски мозок, слушаат од два до десет пати подобро од мажите? Центарот за јазик се наоѓа во двете половини од вашиот мозок, што ви овозможува да зборувате со повеќе личности истовремено. Поради тоа, вие сте вистински „лепак“ во друштвото.rnrnЉубов: Доколку вашиот партнер е типичен маж (изгледа и се однесува мажествено) тогаш имајте на ум дека нему повеќе му се потребни мир и тишина отколку зборување, за да може да се опушти после стресниот ден. Поради тоа, тој не може секогаш да го следи вашиот неповрзан процес на размислување и вие треба да се потрудите со него да бидете поконцизни и да не скокате од една кон друга тема на разговор.rn

    13-21 поени: машко-женски

    rnРабота: На работното место, жените најчесто ги извршуваат своите задачи и се социјализираат врз основа на своите убедувања и интуиција, додека мажите честопати се агресивни и натпреварувачки расположени. Како „комбинирана“ личност, вие успевате да воспоставите рамнотежа помеѓу тие особини, што претставува ваша предност. Поради тоа вие имате потенцијал да бидете одличен организатор.rnrnСоцијален живот: Доколку вашите пријатели ги одбирате врз основа на тоа какви квалитети и вештини поседуваат, а не врз основа на тоа дали вам лично ви се допаѓаат, кај вас доминира машкиот дел од мозокот. Од друга страна, доколку вашите пријатели се во главно луѓе кои многу зборуваат, а не покажуваат некои особени вештини, тоа значи дека вашиот мозок во однос на друштвените односи е повеќе женски.rnrnЉубов: Погледнете на кои од прашањата од тестот одговоривте со два бода или со ниту еден бод, за да идентификувате кои делови од вашиот мозок се помашки, а кои поженски. Потоа, споредете ги со резултатите на вашиот партнер и откријте каде не се согласувате. Женскиот мозок е добар во одгатнувањето на говорот на телото и донесувањето одлуки засновани на интуиција, додека машкиот мозок функционира на обратен, попрактичен начин.rn

    22 и повеќе поени: многу машки

    rnРабота: Не паничете и не грижете се. Сосема е возможно да бидете најженствената дама во светот, но да имате „мачо“ мозок. Вашата најголема моќ е желбата за преземање ризици и во најголемиот број од случаите, жените кои имаат машки мозок успеваат да се искачат до врвот на кариерата. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи концентрацијата ви е слаба страна. Личностите со машки мозок не можат да бидат посветени на една задача подолго од 5 минути.rnrnСоцијален живот: Големи се шансите во друштво да не се однесувате како типично женско. Додека вашите другарки се подготвени долго и детално да зборуваат на некоја тема, вам повеќе ве интересираат фактите. Женскиот мозок е програмиран да дистрибуира детали, а машкиот мозок е способен да ги решава проблемите.rnrnЉубов: Центарот за секс во машкиот мозок е два до три пати поголем од женскиот. Затоа, доколку вашиот партнер има поженски мозок од вашиот, потрудете се да бидете потактични со него и да имате поголемо разбирање за неговите емоции.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Женски vs. машки лаги и нивното значење

    Женски vs. машки лаги и нивното значење

    Не дека сите сме лажливци, но секој знае да каже по некоја лага. Ќе го излажете вашиот шеф на работа дека доцните бидејќи сте спасувале животно на патот, а тој вас ќе ве излаже дека нема да добиете бонус поради финансиската криза…rnrnПовеќето од нас се „повремени“ лажливци, лажеме кога имаме потреба да се извадиме од некаква „каша“, да добиеме нешто, да се спасиме од непријатна ситуација и слично. Како и да е, најинтересни се лагите кои ги кажуваат мажите и жените кои се во брак, љубовна врска или во почетна фаза на заљубување и заведување.rnАјде малку да ги анализираме и двете страни. Не мора да значи дека следниве реченици секогаш кога се кажани се лага, но најчесто нивното значење е сосема поинакво.rnrnЖенски vs. машки лаги и нивното значењеrn

    Женски лаги:

    rn

      rn011

    • Ништо не ми е, добро сум – Сите бродови ми се потонати, но не можам да ти објаснувам и онака нема да ме разбереш.
    • rn011

    • На попуст беше – Не беше на попуст, но навистина ми беше потребно.
    • rn011

    • Имам главоболка – Не ми се оди нигде, не ми се разговара, не сакам да имаме секс.
    • rn011

    • За 5 минути сум таму – За еден час со сигурност ќе бидам на договореното место.
    • rn011

    • Твоите пријатели се супер – Убаво ми е со тебе и не сакам да го уништам тоа што го имаме објаснувајќи ти зошто твојот пријател ми оди по нерви.
    • rn011

    • Се разбира дека немам ништо против вечерва да гледаш фудбал со другарите – И тоа како сум против, но ќе го чувам како бонус карта кога мене ќе ми треба нешто.
    • rn011

    • Не сум гладна – Не сакам да видиш како дрчно го јадам хамбургерот во оваа почетна фаза, во твоите очи сакам да бидам вистинска дама.
    • rn011

    • Го купив на распродажба – Всушност имаше редовна цена и ме чинеше цело богатство, но тоа беше навистина добра инвестиција… секако дека твојот машки мозок тоа не би го разбрал.
    • rn011

    • Не сум ти лута – Премногу сум ти лута, толку многу што ова има да ти го извадам низ нос при првата прилика што ќе ја имам.
    • rn011

    • Ова не ми е ново, го имам со години – Го купив вчера, но не можам повторно да ти се правдам зошто трошам толку пари.
    • rn011

    • Не знам каде е, не сум го ни допрела – Го преместив негде додека се трудев да ставам крај на твојата неуредност, но не знам ниту сакам да размислувам каде сум го ставила.
    • rn011

    • Извини, заборавив да ти се јавам – Здодевен си, олабави.
    • rn011

    • Не го слушнав телефонот – Не му обрнав внимание на телефонот кога ѕвонеше.
    • rn011

    • Те сакам – Убаво ми е со тебе, имам пеперутки во стомакот, со тебе го имам она што ми е потребно во моментов.
    • rn

    rn

    Машки лаги:

    rn

      rn011

    • Не испив толку – Испив дупло повеќе отколку што тебе може да ти падне на памет.
    • rn011

    • Заглавив во сообраќајот – Имав поважна работа и не ми се брзаше.
    • rn011

    • Не, не си здебелена – Си накачила некое килце, но ако ти го кажам тоа ќе биде Трета светска војна и никогаш нема да сфатиш дека мене и така си ми убава.
    • rn011

    • Немав мрежа на телефонот – Не бев расположен да правам муабет со тебе.
    • rn011

    • Не можам да преноќам кај тебе, имам состанок рано наутро – Се плашам дека преноќувањето би нè одвело на ново ниво во нашата врска.
    • rn011

    • Многу си убава – Ме привлекуваш и сакам да имам секс со тебе.
    • rn011

    • Сакам да се средам – Смачено ми е постојано да бркам девојки за да имам секс, едноставно сакам да знам дека секогаш можам да го имам тоа со тебе.
    • rn011

    • Ќе ти се јавам – Ќе ти се јавам кога повторно ќе те посакувам.
    • rn011

    • Ти си вистинската за мене – Во овој период ти си ми на прво место.
    • rn011

    • Не сакам само секс, сакам да сум блиску до тебе – Сакам да сум блиску до тебе, за да можам да добијам секс кога ќе посакам.
    • rn011

    • Во целибат сум веќе неколку месеци – Никако не успевам да „легнам“ некоја.
    • rn011

    • Те сакам – Слатка си и многу си ми мила, убаво ми е со тебе и го добивам она што го сакам.
    • rn

    rnНе го сфаќајте ова премногу буквално, некогаш лагите се кажуваат за да ја направат реалноста послатка. Секој лаже и не е ништо страшно ако зад тоа „Те сакам“ стои и по некое скриено значење. Добро е сè додека знаеме да разликуваме мала лага од целосно блефирање.rnrnМожеби би сакале да споделите и вие со нас некоја од најчестите лаги кои ги кажуваат мажите и жените, или можеби ваше толкување на горенаведените?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?

    Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?

    Оваа пролет постојано си поигрува со нас, секојдневно менувајќи го расположението од блескаво сончево и топло, во врнежливо, тмурно и студено, па не знаеме дали треба да облечеме лесна облека или да понесеме капут и чадор, за секој случај.Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Како и да е, летото полека но сигурно ни се приближува, а тоа значи дека е време да почнеме да размислуваме за поотворени обувки, во кои ќе се чувствуваме пријатно, секси и модерно. Модата сѐ повеќе ги губи своите граници, па така и ова лето се носат од класични сандалки на штикла, римјанки, старовремски отворени кај прстите, на топук, со врвки и какви сѐ не. Разгледајте што ќе биде во мода и инспирирајте се за следниот шопинг на чевли, со мала помош од наша страна.Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето? Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?Какви сандалки ќе бидат во тренд ова лето?

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

    Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

    Автор: Елена ТарчуговскаrnrnНе можеме без нив и не можат без нас. Факт е дека мажите знаат да направат да се чувствуваме прекрасно, но и да нè извадат од такт дотолку што очајно посакуваме барем една минута да бидеме во нивната глава за да ги разбереме. Но да се соочиме со реалноста: Разлики меѓу двата пола отсекогаш постојат, па секој обид да го промените однесувањето на вашиот партнер и да го поттикнете да размислува како вас би завршил неславно. Поради тоа во продолжение ви нудиме неколку примери и совети како да ги надминете комуникациските бариери и да изградите стабилен однос.rnrnМенувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солунrn

    „Не знае да ме сослуша“

    rnОва е проблем кој го посочуваат голем број жени. Но, тука постои една генерална разлика меѓу двата пола. Мажите нудат решенија, а жените умеат да слушаат. Да речеме дека започнувате да му го раскажувате лошиот ден на работa и притоа се жалите од шефот и вработените. Додека го правите тоа, тој ве прекинува со разговорот „Па започни да бараш друга работа“. Ваквиот пристап, логично ве иритира бидејќи очекувате да ве ислуша и разбере, а не да ве пресече, наметнувајќи го неговото мислење. Колку и да се лутите, имајте на ум дека за мажите е карактеристично да бидат кратки и јасни, односно да понудат најдобронамерно решение, а за жените да ве тешат. Ако очекувате да слушнете „Срцка, кутрата ти, те разбирам, колешката ти е љубоморна“, направете кафе и уживајте во разговорот со вашата најдобра пријателка.rnrn

    „Имаме редовен секс, а сè уште гледа порно филмови“

    rnПорнографијата ја активира машката фантазија. Секој маж во компјутерот има филмови со порнографска содржина и вие не можете да му ги забраните. Едно истражување во Америка покажало дека 80% од мажите кои гледаат порно филмови се задоволни од сексот со нивната партнерка. Ако вашиот партнер е љубител на оваа сфера, не значи дека ве изневерува или пак повеќе не го задоволувате. Искористете го тој податок во ваша полза. Обидете се да извлечете од него кои актери, филмови и категории го возбудуваат. Пречекајте го во неговата соба, вклучете некоја од неговите омилени сцени и шепнете му на уво „Ајде да го пробаме ова“ – верувајте ќе ве обожува!rnrn

    „Реагира на лајк на ФБ, а се лути кога правам љубоморни сцени“

    rnНиту мажите, ниту пак вие не сакате љубоморни сцени. Тука секогаш важи она правило – интересно е кога ќе увидиш дека не му е сеедно да те замисли со некој друг, но не и моментот кога таа замисла ќе ги премине границите. Ова е проблем кој подеднакво ги засегнува и двете страни. Нема доказ за тоа кој е пољубоморен, мажите или жените. Зависи единствено од тоа каква е личноста од другата страна и како вие ќе ги поставите работите во врската. Доколку без повод се сомнева во вас дадете му до знаење зошто греши и зошто токму тој вам ви посебен. Но, доколку ваквите напади се случуваат постојано, без основа – соочете се со вистината. Вашата врска не е стабилна, потребна ви е промена.rnrn

    „Ме критикува дека премногу трошам“

    rnЕден од најголемите брачни проблеми. Навистина жените трошат многу повеќе, а тука спаѓа не само гардеробата, туку и козметиката, накитот, украсите за домот и што ли уште не. Во секој случај имајте усул и договорете ја распределбата на семејниот буџет. Доколку сè уште не му е јасно, зошто ви е потребна толку многу гардероба, обидете се да му објасните дека во неговиот речник свечена прилика е одело, а во вашиот постојат повеќе прашања „Кој, каде и каква прилика“?  Уште едно познато правило е дека тој нема да ја напушти просторијата доколку момчето од соседната маса носи иста кравата, но ако вие се погодите во иста просторија со жена која носи ист фустан како вашиот, два пати ќе размислите каде да побегнете.rnrn

    „Фудбалот му е поважен од мене“

    rnЗапочнува кошмарот! Купивте карти за концертот на Каролина и едвај чекате да го проследите настанот, но тој во последен момент ви откажува за да се собере со другарите за да гледаат заедно фудбал. Издишете длабоко и не паничете веднаш. Договорете ги жените од друштвото, меѓу кои и девојките на неговите другари и отидете заедно на концертот, а мажите нека пијат пиво и нека уживаат во натпреварот. Овие собири кои и онака не се случуваат толку често, ќе го направат среќен и задоволен. Притоа и вие несомнено одлично ќе се забавувате таа вечер и ќе му докажете дека сте либерална и разумна личност, која е зрела и подготвена за врска во која постојат меѓусебна доверба и почит.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Литл Микс“ – нов британски женски бенд

    „Литл Микс“ – нов британски женски бенд

    Автор: Александар Ниневскиrnrn„Литл Микс“ (претходно познати како „Ритмикс“) се британски женски бенд формиран во 2011, кој се  состои од четири извонредни и несекојдневни пејачки: Пери Едвардс (Perrie Edwards), Џеси Нелсон (Jesy Nelson), Ли-Ан Пинок (Leigh-Anne Pinnock) и Џејд Тирвал (Jade Thirlwall). Групата беше оформена специјално за осмата сезона на британската серија „Х фактор“, каде што за првпат се случи некоја група да победи во осумгодишната историја на шоуто.„Литл Микс“ - нов британски женски бендЧетирите девојки всушност не се ни познаваа меѓусебно пред да се пријават да учествуваат во шоуто. Сите тие индивидуално ги поминаа првичните аудиции, но не успеаја да продолжат понатаму. Потоа беа дел од различни групи во групната фаза, меѓутоа повторно не успеаја да продолжат во следната. Сепак, судиите го препознаа потенцијалот во нив и ги поврзаа во една група која се покажа како паметен чекор. Нивен ментор за време на целото натпреварување беше Тулиса Контоставлос (Tulisa Contostavlos) од британската хип-хоп група Н-Дабз (N-Dubz).„Литл Микс“ - нов британски женски бендНа финалната вечер настапија со песната „Канонбол“ (Cannonball), преработка на песната од Дамиен Рајс од 2003. Нивниот деби сингл се искачи на првото место на листите во Англија, Шкотска и Ирска. Подолу можете да го погледнете видеото од нивната песна, како и некои нивни подобри изведби од шоуто.rn

    rnrnrnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантни женски ракавици за во зима

    Елегантни женски ракавици за во зима

    Автор: Ивана Грујоска

    rn

    Можеби сме шармирани од нивниот стар холивудски сјај или пак можеби тие се само уште еден дел од многуте модни примери што само чекаат да бидат повторно откриени, сепак едно нешто е и повеќе од јасно: во најстудените денови, има нешто што прави да се чувствувате многу пријатно кога ќе ги лизнете рацете низ еден добар пар женствени ракавици. Елегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаИ за волја на вистината, има нешто подеднакво гламурозно во извлекувањето на истите, прст по прст, кога веќе сте пристигнале на вашата дестинација. Елегантни женски ракавици за во зима

    rn

    Во сезона кога практично секој дел од телото е комплетиран до точка на чиста гломазност, овие ултраженствени опции во кожа или кашмир и акцентирани со детали од крзно и нитни, се одличен избор ако сакате малку да го обновите вашиот имиџ. Елегантни женски ракавици за во зимаТие се безвременски, погодни за носење, и не се само за покажување: тие ќе ви ги држат рацете топли се додека не се врати пролетта.Елегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зима

    rnЕлегантни женски ракавици за во зима
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.