КАФЕ ПАУЗА

Tag: жед

  • Најинтересните реклами за пиво

    Најинтересните реклами за пиво

    Погледнете ги најинтересните реклами за пиво, меѓу кои има и забранети.rnrnНајинтересните реклами за пивоrn

    Како пивото ги прави жените поубави? (забранета реклама)

    rnrn

    Чувството кога ќе се заглавите во лифт со згодна женска и пиво…

    rnrn

    Дали сте секогаш жедни за пиво?

    rnrn

    Дали вреди за едно пиво вака да постапите со згодна дама?

    rnrn

    Кога би требале да бирате помеѓу секси девојка и пиво, би одбрале..?

    rnrn

    Кога на Џенифер Анистон ѝ се пие пиво, но не може да го докачи рафтот… (забранета реклама)

    rnrn

    Чувството кога ќе се скршат шишиња со пиво…

    rnrn

    Замислете ова да ви се случи на работа… (забранета реклама)

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 кратки, но слатки животни задоволства

    20 кратки, но слатки животни задоволства

    Најубавите нешта во животот се бесплатни. Секој ден е исполнет со мали, слатки задоволства, кои најчесто се неочекувани, краткотрајни, но сепак даваат чувство на среќа и уживање. Тие се дарови од животот, кои секој од нас потсвесно ги прославува на свој, уникатен начин. Прочитајте ги овие дваесет животни задоволства и не заборавајте да додадете некое ваше.rnrn20 кратки, но слатки животни задоволстваrnrn1. Спиење во дождлив ден. Како што капките дожд нежно тропкаат по прозорецот од вашата соба, вие сè подлабоко ја нурнувате главата во перницата. Спиењето додека врне дожд е најслатко.rnrn2. Пронаоѓање пари кои не сте знаеле дека ги имате. Дали ви се случило да си најдете пари во џеб од некоја јакна или фармерки кои одамна не сте ги носеле? Дури и да станува збор за 10 денари, невозможно е да не се израдувате за момент.rnrn3. Краток контакт со очи со тотален странец од спротивниот пол. Чекорите по улица и разменувате страстен поглед очи в очи, кој ви кажува дека личноста е заинтересирана за вас. На момент се замислувате и после неколку секунди „магијата“ исчезнува, но убавото чувство останува.rnrn4. Капење голи во езеро. Има нешто мистериозно, ослободително, а сепак природно во капењето голи во вода.rnrn5. Добивање писмо или честитка од стар другар/роднина. Електронската пошта и социјалните медиуми станаа примарен начин за пишана комуникација. Но, сепак кога во вашето традиционално поштенско сандаче ќе добиете писмо или пакет испратен до вас, се возбудувате што сте добиле таков необичен подарок.rnrn6. Поминување на жолто светло со вашиот автомобил. Ова е ситуација, која секојпат создава чувство на задоволство. Како што поминувате на жолто светло, ѕирнувате на ретровизорот и ги гледате сите автомобили зад вас, кои мораат да чекаат 90 секунди на црвено. Се чувствувате како газда!rnrn7. Раскажување интересна приказна. Има ли некој кој не ужива да биде во улога на раскажувач на интересна приказна која ќе предизвика длабока љубопитност и насмевки кај слушателите?rnrn8. Смешно сопнување на некој ваш пријател. Како што пешачите со вашиот пријател по улица, тој прави некој невообичаен чекор, поради кој убаво се сопнува и паѓа на задник. После неколку секунди станува, го исправува телото како пушка и се преправа како ништо да не се случило. Ова може да биде премногу смешна глетка, се разбира доколку никој не е повреден.rnrn9. Слушањето на вистинската песна во вистинскиот момент. Не е важно дали станува збор за ситуација кога се чувствувате среќно, тажно, исполнето, разочарано или заљубено, нема поубаво чувство од слушањето песна која ги пресликува вашите моментални емоции и му дава смисла на вашиот живот во целина.rnrn10. Првата голтка од пијалакот кога сте многу жедни. Само што се вративте од џогирање и сè што ви се врти во глава е чаша студена вода. Кога сте навистина многу жедни, првата голтка од чашата е вистинско блаженство.rnrn11. Ситуација во која со некоја личност кажувате истовремено иста реченица. Пред ова да се случи, најчесто има момент на тишина и после одненадеж, вие и вашиот соговорник истовремено го изустувате истиот редослед на зборови. Овие моменти се ретки и необични и секогаш успеваат да нè расположат.rnrn12. Чувството кога ќе сфатите дека имате уште време за спиење. Нешто изненадно ве разбудило и вие си мислите дека секој момент ќе заѕвони и вашиот аларм, бидејќи дошло време за станување. Но, го погледнувате часовникот и сфаќате дека имате уште 2 часа за спиење. Наеднаш ве облева нежно чувство на задоволство и подвиткани во ќебенцето, со задоволство се враќате назад во вашите соништа.rnrn13. Чувството кога вашата идеја станува реалност. Цел ден сте се мачеле обидувајќи се да решите некаков проблем, но едноставно не ви успева. Обземени од фрустрацијата, решавате да пробате уште една идеја, пред да се откажете. Токму таа идеја е вистинското решение на вашиот проблем и вие задоволни и исполнети си легнувате да спиете.rnrn14. Чиста, свежа постела на вашиот кревет. Изморени од напорниот ден, си легнувате в постела и сфаќате дека утрово ја заменивте со чиста, која мириса на омекнувач за алишта. Задоволни си легнувате, чувствувајќи се чисто и убаво, како никој досега да не легнал на тој кревет.rnrn15. Уживање во прекрасен поглед. Препуштете се на убавините на кои ќе наидете возејќи се по прекрасните планински предели или планинарејќи по врвовите. Нека прекрасниот пејзаж пред вас ви даде енергија која ќе ви помогне да уживате повеќе во животот.rnrn16. Навраќањето на старите добри времиња со пријателите. Нема поубаво чувство од навраќањето на убавите случки со луѓето со кои сте ги доживеале истите. Можеби не можете да го вратите времето, но сигурно можете да го вратите чувството.rnrn17. Смеење до солзи. Смеењето лечи сè. Животот е прекрасен во моментите кога се смеете толку силно, што ви се чини дека секој момент ќе се задушите затоа што не можете да земете воздух. Ваквите моменти ви го подобруваат расположението и ве прават весели и позитивни.rnrn18. Чувството после добар тренинг. Вежбањето е една од оние активности која ви создава одлично чувство после доброто потење и од која подоцна можете да го подобрите изгледот на вашето тело.rnrn19. Ситуација кога ќе изнудите насмевка на нечие лице. Забележувате дека вашиот колега се наоѓа под стрес поради големиот број работни обврски, па тајно преземате дел од нив. Кога тој ќе сфати што сте сториле за него, со насмевка ќе ви заблагодари, а вие ќе се чувствувате одлично поради направеното доброто дело.rnrn20. Релаксирање на сончев ден. Седнати на удобното меко столче на вашиот балкон, со книгата в рака која толку долго чекавте да ја започнете, уживате додека птиците пеат, а Сонцето ја милува вашата кожа. Совршенство!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ранго (Rango)

    Ранго (Rango)

    Анимирано вестерн доживување за работите за кои не ни размислуваме и ги прифаќаме „здраво за готово“, а реално од нив ни зависи животот… Како што е водата… rnrnРанго (Rango)Режија: Гор ВербинскиrnrnГласови: Џони Дeп, Исла Фишер, Алфред МолинаrnrnВреметраење: 107 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 март 2011rnrnЖанр: анимација, комедија, авантураrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnАко можеше да се направи опера за деца, тогаш нема ништо чудно во тоа што гледаме и цртан филм за возрасни. Не зборувам за анимирано парче кое можете да го гледате заедно со некој помлад член на семејството, туку филмче кое е резервирано за повозрасните. Во „Ранго“, хуморот може да го преработи само зрел неврон, јазикот не е за ушите на помладите и прикажана е една сериозна вестерн сторија која отскокнува од „нормалното“ само по тоа што актерите се компјутерски направени.rnrn Миксот на еден жанр кој е речиси заборавен како што е вестернот со надоградениот и модерен анимиран филм, дава една свежина и убавина во целиот пакет. Сепак, сведоци сме дека тие експериментални „да се обидеме нешто ново“ пристапи многу често завршуваат со вртоглав пад, па сепак успехот на „Ранго“ генерално е резултат на одличното сценарио, живите дијалози, одлично дизајнираните ликови и нормално, анимациски добро завршената работа.rn——————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Гуштерчето Ранго (Џони Дeп) е домашно милениче кое живее во терариум и фантазира за живот преполн со авантура каде што тој е главната ѕвезда… сè до моментот кога насилно е втурнат во вистинско доживување. Неговиот терариум паѓа сред пустина и Ранго е приморан да се снајде. Водата е неговиот најголем проблем. Во место каде и кактусите умираат од жед, а постојаните жители се колку-толку приспособени да опстојуваат со капка неделно, малиот гуштер навикнат на изобилство е осуден на сигурна смрт.rnrnВо целото тоа сивило, добрата вест е што налетува на гратче сред таа пустина, но лошата е што и тука резервите на вода се дојдени на минимум. Жителите изведуваат ритуали молејќи се за некоја капка, а за да не умрат од жед мора да го решат проблемот што е можно поскоро. Ранго е мистериозниот странец кој е предмет на интерес на секого, а тој го користи тоа комплетно за да се реизмисли себеси, од плашливо домашно милениче до опасен шериф со кој никој не сака да се зафркава. Наивните граѓани во потрага по чудо, во него гледаат спас и му доверуваат речиси сè. Од таму почнува авантурата за да се најде и врати животната течност проследена со толку вистинитата и толку точната и заборавена реченица: „Тој што ја контролира водата, контролира СÈ“.Ранго (Rango)„Ранго“ е извонредно интелигентна приказна која се одвива на повеќе нивоа. Покрај основната линија која јасно ни го прикажува нашиот расипнички однос кон она што ни е дадено (прскалките на зелените тревници се вртат 24-7, додека некој таму плаче за чаша питка вода) имаме и уште неколку убаво осмислени потприказни. Тука е сторијата дека секој може да се реоткрие себеси, да направи да стане подобар човек и тоа само ако сака и ако го има тоа во себе.rnrnОд друга страна, имаме и суптилни љубовни случки меѓу Ранго и борбената девојка Бинс (Исла Фишер), но тие воопшто не се потенцирани туку доаѓаат некако ненаметливо и пополека, и така си заминуваат, што е доволно. Ранго (Rango)Компјутерска визуелизација: Пустина, сива, голема и жештина пред која и камењата пукаат. Па дури и нејзините жители изгледа како да се претопиле во неа. Со испукана кожа, со сиви бои, во нив нема никаква егзотика. Но од целата толпа отскокнува само Ранго. Зелена боја, хавајка со силни бои… Странец во вистинска смисла на зборот. Ранго (Rango)Музика: Низ целото дејствие во филмот не следи миниоркестар на бувови кои наликуваат на маријачи и секоја случка ја надополнуваат со соодветна песна. Така што музичкиот дел е актер плус во „Ранго“. Саундракот е направен од Ханс Зимер (The Dark Night, Inception, Pirates of the Caribbean), како и оригинални песни од бендот Los Lobos. Ранго (Rango) Кога и како да го гледате: Па, директивите се јасни – иако е анимиран филм, не е за деца. И покрај тоа што јас го гледав дома, изгледа дека е многу подобро во кино. Ако ја имате таа можност, купете билетче. Ранго (Rango) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.