КАФЕ ПАУЗА

Tag: зборување

  • Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат

    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат

    Артистката Лиз Клајмо е популарна на социјалната мрежа Тамблр, чии комични илустрации добиваат по илјадници белешки на ден, од луѓето кои милуваат да ја споделуваат нејзината досетлива работа со светот. Преку ден, таа работи како аниматор за серијата Симпсонови, а навечер се претвора во една од најпопуларните артисти на Тамблр.rnrn

    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Пораѓањето на крај испадна дека не беше толку страшна работа. – Лесно ти е тебе да кажеш.

    rn

    Кога била прашана за тоа како нејзината дневна работа влијае врз изработката на нејзините вечерни комични илустрации, таа одговорила: „Всушност, добивам многу идеи за моите илустрации од мојата работа во ‘Симпсонови’, бидејќи работам со многу смешни и интересни луѓе и мојата интеракција со нив на дневна база, ми дава многу идеи. Исто така, израснав со оваа серија, така што хуморот, особено во почетните сезони, навистина ми помогна во оформувањето на мојата смисла за хумор и за сето она што го сметам за смешно.“

    rn

    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Кул! И јас сакам капа од балон! – Аа… – Хм…
    rnrnИлустрациите со животни на Лиз се состојат од диносауруси, птици, зајчиња и мечки кои зборуваат и секое од нив има саркастична смисла за хумор. Погледнете дел од нејзините најинтересни илустрации.rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Повторно изеде бонбона во форма на бастунче, нели? – Да.
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Те сакам човече. – Фала. – …толку многу. – Брат, што ти кажав во врска со гушкањето!
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Лифт! Скали!
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Што не е во ред? – Ќе врне, а јас немам чадор. – Не се грижи брат, јас ќе те заштитам.
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Ох, не! – Упс, мора да сум заспал додека сум ја јадел мојата салата.
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Сè што сакам за Божиќ, се моите два предни заба. – Тоа веќе го имаш. – Аха, епа во тој случај сакам ајпед.
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Како оди состанокот? – Мислам дека не ѝ се допаѓа.
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Денес е петок 13-ти. Исплашен си? – Нее, имам поголеми работи за грижење. Како на пример за овој кит.
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Мојот костум оваа година ќе биде одличен. – Ах брат, и мојот. – Мојот ќе биде стравотен. – Ти е*ам.
    rnrn
    Духовити и остроумни цртежи со животни кои зборуваат
    Не можам да дишам.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е корисно читањето класици?

    Зошто е корисно читањето класици?

    Денес, повеќето луѓе читаат бестселери, а класиците се некако подзаборавени, иако се дел од непроценливото интелектуално наследство на човештвото. Факт е дека читањето класици со себе носи многу придобивки и предности. Збогатување на вокабуларот, подобрената мозочна активност, безвременските теми, се само некои од нив.rnrnЗошто е корисно читањето класици?rn

    1. Збогатување на вокабуларот

    rnКога читате класици се среќавате со многу зборови што повеќе не се во употреба. Имањето побогат вокабулар е како да сте еден чекор пред останатите. Големиот арсенал зборови ја зголемува елоквентноста. Ќе бидете попрецизни во комуникацијата и ќе создадете впечаток на интелигентна личност, што пак многу ќе ви помогне во работните и друштвените ситуации.rn

    2. Подобро пишување

    rnЧитањето класици е најлесен начин за подобрување на пишувањето. Додека читате, потсвесно ја апсорбирате граматиката и стилот на авторот. Зошто да не се учи од најдобрите? Големите автори едноставно ви го обземаат умот, па така, по читањето, вашите мисли почнуваат да наликуваат на оние искажани од авторот во неговото дело. Ова влијание се пренесува врз пишувањето, и помага во формирањето на јасни и ритмични реченици.rn

    3. Подобро зборување

    rnПреку класиците, подобро размислувате, а со тоа станувате не само подобри во пишувањето, туку и во говорењето. Читањето на вакви дела ќе ви помогне да се изразувате со стил и прецизност. Ќе го усовршите јазикот на кој ги читате,  а со тоа ќе станете поубедливи, ќе звучите попаметно и ќе ја чувствувате предноста пред помалку вештите од вас.rnrnЗошто е корисно читањето класици?rn

    4. Добивање свежи идеи

    rnЗарем не е иронично што најдобрите идеи ги добиваме од автори кои се мртви со векови? Едни од најгенијалните идеи потекнуваат токму од класиците. Повеќето луѓе кои ги познавате најчесто читаат популарни блогови и бестселери, со што доаѓа до повторување на едни исти идеи, кои водат кон досада и монотонија. За тоа да не биде така, нека класиците бидат ваша инспирација. Така ќе ја зголемите креативноста и ќе се здобиете со нови, свежи идеи.rn

    5. Стекнување почит кон минатото

    rnАјнштајн еднаш рекол: „Оној кој чита само весници и книги од современи автори, мене ми делува како кратковида личност, која одбива да носи очила. Комплетно е зависен од предрасудите и трендовите на неговото време, затоа што никогаш ниту гледа, ниту слуша нешто друго. Сопствените размислувања на една личност, без да бидат стимулирани од размислувањата и искуствата на други луѓе, во најдобар случај се ниски и монотони. Во еден век, се раѓаат само неколку просветлени луѓе со луциден ум, стил и добар вкус. Она што е зачувано од нивната работа е бесценето за човештвото. Ништо не е повеќе потребно од тоа за надминување на снобизмот на модернистите.“rn

  • Замислете сите да зборувавме како мали деца

    Замислете сите да зборувавме како мали деца

    Сите знаеме дека додека растат, децата имаат свој свет и говорат јазик кој само тие го разбираат. Нас ни останува само да погодуваме, дали тоа што ни се причуло, се вистинските зборови кои се кажани.Замислете сите да зборувавме како мали децаЗамислете ситуација во која зборовите кои ги кажува двегодишно дете излегуваат од устата на возрасен и созреан маж. Метју Кларк започна да прави серија на видеа насловена како „Convos With My 2-Year-Old“ (Разговор со моето двегодишно дете), во која зборовите од неговата ќерка ги изговара возрасен маж. Погледнете за што станува збор.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мачки кои знаат да кажат „Хелоу“

    Мачки кои знаат да кажат „Хелоу“

    Веќе знаеме дека животните знаат да се однесуваат како луѓе. Ги видовме козите кои врискаат како луѓе, па затоа не е чудно што овие мачки знаат англиски. Не само што знаат да зборуваат, туку тие поздравуваат со зборот „Хелоу“, секоја со бојата на својот глас. :)rnrnМачки кои знаат да кажат „Хелоу“rnrnВеројатно им било лесно да го совладаат јазикот заради тоа што живеат во средина во која се зборува англискиот. Се прашуваме дали некој во Македонија го има научено своето маче да каже „Здраво“.

    rnrn


    rnrn



    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатко бебенце зборува на телефон како возрасна жена

    Слатко бебенце зборува на телефон како возрасна жена

    Доколку ви се допаѓаат видеа со бебиња, ова со сигурност ќе го обожавате. Малата Емилија, кога е снимано видеово имала само 16 месеци, но тоа не ја спречило да води сериозен муабет со нејзиниот татко преку телефон, се разбира на сопствен, бебешки јазик. Има чуден речник на зборови, а од англиските умее да каже само „мами“ и „бај бај“. :)rnrnrn

  • Во што е тајната на харизмата?

    Во што е тајната на харизмата?

    Некои личности едноставно се предодредени да бидат харизматични. Но, тоа не значи дека не можете да научите како да бидете најхаризматичната личност во друштвото. Според Оливија Фокс, автор на делото „Митот за харизмата: Како да ја усовршите уметноста на личната привлечност?“, харизмата е резултат на специфично невербално однесување. Затоа еве неколку совети кои ќе ви помогнат да станете похаризматични. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Бидете исправени

    rnСпречете го подгрбувањето на тој начин што ќе стоите или ќе седите исправено. Подгрбавените луѓе изгледаат мали и затворени. Наместо тоа, исправете се така што ќе ги зафрлите рамењата наназад. Истражувањата велат дека овој познат „суперхеројски став“ го намалува кортизолот (хормон на стресот), а го зголемува количеството на тестостеронот, хормон кој се поврзува со моќта и силата.rnrn

    Истакнете се

    rnЕве неколку практични совети кои ќе ја зголемат вашата харизма при конверзација. Намалете ја интонацијата на гласот на крајот од реченицата. Зборувајте полека, повремено кимнувајте со главата и почекајте две секунди пред да одговорите. Не заборавајте да се насмевнете додека зборувате затоа што така звучите пољубезно. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Слушајте

    rnВнимателно слушајте кога некој зборува. На тој начин покажувате дека сте навистина присутни и дека сте заинтересирани за она за што се зборува. За да ја подобрите вештината на внимателно слушање, секојдневно практикувајте медитација. Денес сè помалку луѓе знаат да слушаат внимателно, па затоа дури и минималниот труд може да направи голема разлика.rnrn

    Воспоставете контакт со очите

    rnКонтактот со очите е многу важна компонента на харизмата. Присутноста не се покажува само со внимателно слушање, туку и со воспоставување контакт со очите. Се препорачува контактот со очите да трае најмногу три секунди по завршувањето на разговорот. Но, бидете внимателни! Вашиот поглед не треба да биде студен и напнат, туку топол и опуштен. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Копирајте

    rnЛуѓето се чувствуваат најпријатно кога се во присуство на оние кои се слични на нив. Ваквата сличност се однесува и на изгледот, но и на однесувањето. Затоа имитирајте го туѓиот говор на телото. Тоа ќе предизвика чувство на доверба.rnrn

    Бидете ранливи

    rnДа се биде харизматичен не значи да се биде постојано силен и наметлив. Откривањето на некоја ваша слабост или споделувањето на некоја засрамувачка случка може да поттикне чувството на поврзаност помеѓу вас и другите. Сè на сè, луѓето сакаат тајни.rnrn

    Имајте визија

    rnАко се чувствувате нервозни во одредена ситуација, обидете се да си замислите дека прегрнувате некој кој многу го сакате. Истражувањата покажале дека фантазирањето за топла прегратка ослободува поголемо количество на окситоцин (невропептид кој го спречува стресот). rnrnВо што е тајната на харизмата?

  • 10 начини за справување со депресијата

    10 начини за справување со депресијата

    Депресијата е тешка психо-физичка состојба, а претставува големо пореметување на вашето расположение. Симптомите на депресија се: повлекување на болниот во себе, чувство на потиштеност, пад на нормалното енергетско ниво, несоница, губење на апетитот, опседнатост со црни мисли, забавен тек на размислување, безнадежност и беспомошност. Доколку сметате дека се чувствувате депресивно и особено ако имате биполарно растројство и големи промени во стилот на живеење, треба да посетите доктор, но доколку веќе одите на психијатар и консумирате медикаменти, постојат многу работи кои можете да ги направите за да си помогнете себеси да се чувствувате подобро, а нема да ве чинат ниту денар.rnrnЗабелешка: Ако сте моментално нерасположени или тажни, не значи дека боледувате од депресија. Повеќето депресивни епизоди траат подолго од две седмици и можат да траат со месеци, па дури и со години. Сезонските депресии, најчесто се јавуваат кај луѓето во текот на зимскиот период од годината, а состојбата се подобрува кога ќе настапи пролетта и летото.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    1. Не обвинувајте се себеси

    rnОва е наједноставниот, најважниот и најевтиниот начин да се борите со депресијата. Самата депресија, плус чувството на вина и неисполнетост во животот, можат да се излекуваат, но за да се случи тоа, потребен е практичен, научен пристап и трпение.rnrn„Морате да научите да ја прифатите реалноста дека депресијата е телесна болест, исто како болеста на срцето, дијабетесот и ракот“ – вели проф. д-р Ричард Раскин, клинички психолог во Њујорк и Личфилд, Конектикат. „Можете да ја надминете така што ќе се трудите повеќе да се борите и ќе го приспособувате вашето однесување. Потребно е да прифатите дека имате физичка болест на која е потребно да ѝ обрнете внимание и нема никаква смисла да се обвинувате себеси за тоа.“rn

    2. Зборувајте за тоа

    rnНема да биде лесно, но ако им зборувате на луѓето за вашата депресија е подобро, отколку да ја чувате во тајност. „Нема секој да ве сфати и да ви даде поддршка“ – вели Раскин. „Ако имате скршена коска на рамото, болки во грбот или главоболка, сите кои го искусиле тој проблем ќе ве сфатат бидејќи можат да се споредат со вас, но не и кога станува збор за ментална болест. Но, и покрај тоа што не ве разбираат сосема низ што поминувате, пријателите и семејството можат да ви пружат емоционална поддршка и да ви помогнат да ги истражите опциите за третирање на болеста. „Немојте да си дозволите да се изолирате од луѓето во вашиот живот. Комуницирајте со луѓето, до степен до кој можете да издржите “- додава Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    3. Редовно вежбајте

    rnМожеби вежбањето е последната работа која ви се прави кога се чувствувате депримирано, но џогирањето или вежбањето фитнес може многу да ви помогне да си ја подобрите психичката состојба. Енергичното спортување може да се бори со симптомите на вашата депресија, доколку вежбате редовно по 30 или повеќе минути. Во едно истражување, депресивните пациенти кои вежбале редовно на лента за трчање или на статичен велосипед во текот на 12 седмици, забележале намалување на симптомите на болеста за околу 50%. Вежбањето има и краткотрајни бенефиции. Друго истражување покажало дека вежбањето може да го подобри вашето расположение во наредните 12 часа.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    4. Одложете ги крупните одлуки

    rnДепресијата може да влијае на вашата перцепција и проценка, така што најпаметно е да ги одложите одлуките поврзани со вашите персонални врски и кариерата, до оној момент кога ќе се чувствувате подобро.rnrn„Еден од симптомите на депресијата е да имате негативен став околу повеќето работи кои се случуваат во вашиот живот“ – вели Раскин. „Тоа влијае на вашиот суд за речиси сè, а вие може да не сте ни свесни за тоа. Така што, одложувајте ги важните одлуки колку што можете повеќе“. Ако морате да донесете некоја одлука, немојте да бидете импулсивни. Пред да ја донесете одлуката, Раскин советува да се консултирате со луѓе кои ви се блиски и во кои верувате, како што се вашиот терапевт, членовите на вашето семејство, пријателите…rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    5. Грижете се за вашето здравје

    rnАко се чувствувате депресивно, предизвикувачки ви е да му дозволите на вашето здравје да се „лизне“. Но, ако си дозволите да изгубите желба да се грижите за вашето здравје, тоа може да ги направи симптомите на депресијата уште полоши. Поврзаноста помеѓу депресијата и здравствените состојби како дијабетес и срцеви болести е голема. Истражувањата покажуваат дека депресијата може да ги влоши овие состојби, но и обратно, луѓето болни од овие болести, стануваат депресивни. Така, луѓето кои искусуваат компликации поврзани со дијабетесот, е многу веројатно да станат депресивни, а постојат и некои докази дека стресот предизвикан од срцевите болести доведува до депресија, особено после срцев удар.rn

    6. Одржувајте секојдневна рутина

    rnДржењето колку што е можно повеќе до некоја секојдневна рутина, е многу важно за луѓе кои се борат со депресијата, според Раскин.rnrn„Без разлика за каква активност ќе се определите, обидете се да ја извршувате секој ден во истото време. Рутината, без разлика дали е џогирање, пазарење или миење садови, ви помага да го избегнете синдромот на седење дома по цел ден во пижами, кој само може да ги отежни работите. Рутината ви докажува на вас, а и на останатите, дека ако сте способни да го издржите денот, ќе успеете да ја победите и депресијата.“rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    7. Јадете здрава храна

    rnХраната која ја внесуваме не делува само на телото, туку и на мозокот, па така доколку се чувствувате депресивно, многу е важно да јадете здрава храна. Тоа може да биде зрнеста храна, протеинска храна, зеленчук или овошје.rnrnХраната не може директно да ја победи депресијата, но сепак различни видови храна можат да влијаат врз расположението. Како на пример, јаглехидратите и храната која содржи витамин Д, можат да го зголемат нивото на серотонин, невротрансмитер директно поврзан со расположението. Некои истражувања докажуваат дека омега-3 мастите, кои можат да се најдат во рибата и рибиното масло, можат да помогнат во борбата против депресијата.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    8. Избегнувајте лекарства и алкохол

    rnИако депресијата полека ве тера да се фатите за чашката, попаметно ви е да не го правите тоа. Луѓето кои патат од ваква состојба, често се решаваат за вакви мерки за да ги сокријат симптомите, но сето ова може да биде многу штетно во иднина.rnrnПиењето и употребата на разни апчиња влијаат врз мозокот и подоцна можат да направат проблем во односите со партнерот и пријателите, работата и сите други аспекти на животот. Особено е опасно доколку се помешаат заедно со антидепресиви. Иако чаша вино одвреме-навреме нема да наштети никому, сепак луѓето во ваква состојба треба максимално да избегнуваат внесување на алкохол и лекарства.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    9. Обидете се да спиете убаво

    rnОбично депресијата и недостатокот на сон одат рака под рака. Проблеми при спиењето се чест симптом на депресијата, што е во директна релација со расположението.rnrnИако ова не е генерално правило, сепак ваквата комбинација може да биде краткотрајна. Лишувањето од сон кај некои луѓе кои се наоѓаат во состојба на депресија, може дури и да го зголеми расположението. Исто така може да создаде и манија кај некои луѓе со биполарно растројство.rnrnМногу работи остануваат непознати за конекцијата на депресијата и сонот, бидејќи секој има различна потреба за спиење, но сепак експертите препорачуваат, луѓето кои се соочуваат со депресија да спијат доволно и да воспостават редовно и точно легнување и станување.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    10. Не преземајте премногу обврски

    rnДоколку се борите со депресија, многу е важно да не си го преполнувате распоредот и времето со повеќе работи отколку што можете да направите. Доколку имате комплицирани задачи на работа или дома, работете ги чекор по чекор.rnrnСетете се: „Во ред е да го намалите темпото. Можеби не сте свесни дека не можете да работите со полн капацитет. Можеби можете да дадете само 75% од себе. Сепак и тоа е успех. Но, доколку навистина не можете да функционирате, мора да бидете внимателни со себе. Земете слободен ден, сепак заслужувате пауза.“ – вели Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    Што да не му кажувате на некој кој е во депресија?

    rnНе му велете: „На многу луѓе им е моментално полошо отколку тебе.“ – Дури и ова да е вистина, лицето не се чувствуваа така во тие моменти и тоа воопшто нема да му помогне.rnrnНаместо тоа, речете: „Не си сам во ова.“rnrnНе велете му: „Никој никогаш не кажал дека животот е фер.“ – Ова значи дека сте безобѕирни за чувствата на вашиот пријател.rnrnНаместо тоа, речете: „Ти си ми важен.“rnrnНе велете му: „Не е твоја вина.“ – Нормално дека не е негова вина, никој не ја одбира депресијата.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе бидам цело време покрај тебе.“rnrnНе велете му: „Верувај ми, знам како се чувствуваш. Еднаш и јас бев во депресија неколку дена.“ – Депресијата е сосема различна состојба од онаа кога сте тажни.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе се обидам максимално да се ставам во твоја кожа.“rnrnНе велете му: „Престани да се самосожалуваш.“ – Вашиот пријател не може одеднаш да престане да биде депресивен. Депресијата е физичка болест, исто како дијабетесот и срцевите заболувања, и оние кои патат од неа не можат туку така да се ослободат од нејзе.rnrnНаместо тоа, речете: „Дозволи ми да ти помогнам.“

  • Како да научите нов јазик за 90 дена?

    Како да научите нов јазик за 90 дена?

    Најверојатно сите ви зборуваат дека јазик може да се научи само во училиште и доколку посетувате курс за странски јазици. Меѓутоа не е сè така црно-бело. Обидете се да се присетите како сте го научиле вашиот мајчин јазик кога сте биле деца. Тогаш ве интересирало значењето на секој нов збор што ќе го чуете од родителите и постепено низ годините, сте научиле сè што знаете денес.rnrn0-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку имате навистина голема страст добро да познавате некој јазик, не мислејќи дека годините ви се пречка, можете да го научите и тоа за само 90 дена. За да зборувате течно, секако дека се потребни неколку години, меѓутоа основата можете да ја стекнете за многу кратко, со напорна работа.rn

    Гледање

    rnПрвата работа која треба да ја направите кога ќе решите да учите нов јазик, е да почнете да гледате цртани, играни и сериски филмови со синхронизација на тој јазик. Доколку не сте имале претходно контакт со јазикот, првите денови најверојатно нема да разберете ни збор. Но, со тек на време, вашиот мозок ќе почне да го „лови“ значењето на некои едноставни работи, како што се „здраво“, „јаболко“, „чао“ и слично. Најдобар и најзабавен начин да стекнете некое основно познавање на јазикот, е со гледање цртани филмови, бидејќи во нив стилот е едноставен и сè е сликовито прикажано.rnrnCaucasian watching television on sofarn

    Слушање

    rnКога ќе почувствувате дека почнувате да ги разбирате детските емисии и цртани филмови, преминете на гледање покомлицирана категорија – ТВ серии. Почнете со некои полесно разбирливи, како „Пријатели“ (Friends) или „Неочекуван живот“ (Life Unexpected). Кога ќе почнете да ги разбирате поедноставните серии, преминете на некои покомлицирани за разбирање, како што се „Изгубени“ (Lost) или „Декстер“ (Dexter). Ако успеете да ја разберете барем суштината на секоја епизода, најверојатно ќе почнете да разбирате и радио емисии, интервјуа, па дури и аудио книги.rnrn2-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rnrnИмајте на ум дека учењето јазик може да биде многу интересно, сѐ додека ви е грижа за содржината на тоа што го консумирате. Немојте да се разочарувате ако не успеете да разберете некои делови. На почетокот, секако не е возможно да го разберете поголемиот дел од содржината. Наместо да се нервирате, релаксирајте се и оставете им на вашите уши да „уловат“ сѐ што можат. Не мачете се да размислувате што значи секој збор, туку обидете се да го сфатите контекстот. Тоа е одлично за почеток.rn

    Читање

    rnДоколку уживате во читањето книги, тогаш зацртајте си цел да прочитате барем 2 книги овој месец на јазикот кој сте решени да го научите. Започнете со некои детски книги кои имаат лесна содржина, проверувајте го значењето на непознатите зборови во речник, и запишувајте ги во тефтер. Користете онлајн речници за побрзо пронаоѓање на зборот. Доколку учите на курс, професорката најверојатно ќе ви кажува дека граматиката е најбитна, но во реалноста не е така. Многу е побитно секојдневно да го збогатувате вашиот речник со нови зборови и да знаете правилно да се изразите, отколку перфектно да владеете некое сложено време, кое ретко каде се користи во пракса.rnrn3-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Пишување

    rnКолку повеќе одвојувате време за пишување, толку побрзо и ќе научите да пишувате. Зборовите кои ви се потешки, напишете ги повеќе пати. Обидувајќи се да составувате реченици, структурата на јазикот и граматиката ќе ви стануваат сè поблиски. Како што ќе напредувате, можете да се вклучите во онлајн разговори со луѓе, чиј мајчин јазик е оној кои вие го изучувате. Постојат сајтови, специјално создадени за луѓе кои учат јазик, како што е Shared Talk.rnrn4-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Зборување

    rnПовеќето луѓе сакаат после кратко време поминато учејќи некој странски јазик, веднаш да почнат да зборуваат течно. Меѓутоа тоа најчесто е најтешката задача, па затоа извесен временски период фокусирајте се на гледање ТВ, слушање и читање, пред да почнете да зборувате. И секако, не заборавајте – секогаш наоѓајте забава во учењето. Слушајте музика на тој јазик, дружете се со луѓе кои знаат да го зборуваат, а секогаш кога имате прилика да зборувате со странец – направете го тоа.  Интернетот тоа го направи возможно.rnrnАко сакате да научите јазик за 90 дена или помалку, ќе треба комплетно да се посветите на таа работа. Тоа значи дека ќе треба да одвојувате многу часови од денот за читање, слушање, пишување. Постојат многу начини да бидете постојано во контакт со јазикот. На пример, ако користите Gmail, променете го интерфејсот на конкретниот јазик. Сменете го менито на вашиот мобилен телефон, компјутерските игри кои ги играте и сè што мислите дека ќе ви биде од корист.rnrnУчењето нов јазик е возможно, колку и да ви изгледа недостижно. Не е тешко, но бара истрајност и голема посветеност. Не заборавајте дека за да учите нов јазик, треба истиот да ви се допаѓа доволно, за да успеете да пронајдете забава во целиот процес.